ауууууу Докторов за мерак кај и да е царски ќе ме пораѓаат некако се посташно ми изгледа како ми се ближи денот
Помагајте жени, јас нервно оболев од хормониве, ми се плаче ми се рика и ме фаќа плачење и нервоза и на работа не можам да се трпам, а на почетокот сум, 5та недела. Се плашам пошо сум преемотивна да не му се деси нешто на бебето од што сум толку напната. Постојано во вц проверувам да не прокрварам
Опушти се,и пиј си б6. Јас на почеток плачев 24/7, без везе онака, само се лигавев а богами еве и при крај пак почнувам исто Хормони лупаат од земја. Едноставно поплачи кога ти се плаче и после како ништо да не е. Не му е ништо на бебе,ќе помине наскоро
Некој да се разбира во толкување крвна слика. Во четврток сум на контрола , до тогаш да не му ја мислам
Eте сум и јас исто, страв ми е во цв да отидам и да се избришам, буквално секое одење ми е со страв.....
Охоо,па така кажи. Плус иста дијагноза имаме. Сега те разбирам потполно Тироиднава во комбинација со бременост е лудило и е доста потешко. Ама се ќе де издржи,само позитивно!
Имаш лоша историја па се плашиш да не прокрвариш или? Раздразливост и нервоза е нормално ама да поминува, ако ти е така поголем дел од денот а не ти помага ни б6, ќе се најде друго решение, еве тука може некој ќе ти пружи поддршка, дома, па и психолог. Ај чекор по чекор, сподели уште нешто ако сакаш
Немам лошо искуство немам никакво, прва бременост е, па се плашам мојата емотивност да не ми наштети. Ми поминува со б6, баш нешо на работа се изнервирав, па ме смири.. Кај психолог си одам редовно...
Знам дека на оваа болест гледаат како да не е ништо битно,и не веруваат колку уствари ремети организам и човек,а посебно во бременост кога се случуваат и многу други промени. Кога и да имаш потреба,пиши Пиј си терапија,и само напред
Јас последно плачев на видео каде на детенце му подаруваат кученце. Тоа плаче, јас плачам. Хормони...
Туку на некој му отекуваат ли дланките? Насабајле кога станувам не можам да ги свиткам, посебно десната. Преку ден осеќам трнење скоро цело време. Додека имав мака со отекување на нозете (исто посебно на десната), сега па дланките. Можно е да е нешто сериозно? Д димери испитани, во 34та се 600, хемостаза имам упат за 10тина дена.
Немаш лошо искуство а другото си го држиш под контрола, јас мислам да не си ставаш притисок на себе дека ќе поплачеш или си нервозна, ама не си ги билдај стравовите и тагите, Нека поминат и после терај се да мислиш на убави нешта. Да имаш најлесна бременост ти посакувам
Мене и ми отекуваат и ми трнат. Особено навечер. И тоа во исто време и раце и нозе. Како топка се праам. Глуждови немам веќе Ако е во ред притисокот и нема протеини во урина,не е ништо страшно. Намали внес на сол,и пиј повеќе вода.