Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила, хормоните лудуваат, но ниту еден физички симптом не ми е тешкотија, се додека психички сум посилна. Физичките болки се издржуваат и забораваат. Фала Богу што има кај да се искажеш барем на форумов
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Нормално е да отекуваат. Мене од 29та почнаа и тоа зима, а не па сега на жешкото.
    Помалце сол, т.е ич ако можеш.
    И ако осеќаш болка (јас не можев да свиткам прсти) облоги смееш малце ацидиборици.
     
    На Autumn_ и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  3. Fani80

    Fani80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски

    Еве ја целата емисија на д-р Бојаџиев од Систина
     
    На marchi-cool, Girl-Rabbit, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Мореее овој локумче бил. :D
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Сигурно имаш на резултатот вредности од-до.
    Само за хемоглобинот ќе ти кажам дека ти е на долна граница, 115. Мене ми е 114, 19+ сум. Ако дојде под 100, треба терапија. Која недела си?
     
    На Presrekna и Софија 88 им се допаѓа ова.
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Да прашам нешто ако сака да ми одговори некој :) 24 недела сум и почна многу често бебава да се склопчува како тврдо топче внатре, се познава од горе на стомакот како неправилна испакната форма. Цело време е на лева страна, ваљда таму си лежи и кога ќе се стегне така целата, осеќам како благ грч и ја осеќам под дланка, дали и е главче тоа или газе не знам. Дали е нормално ова, дали ви се случува и вас?
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    По кажувањево јас мислам дека се брекстон хиксовите контракции, и да нормално е и на сите се случува, подготвителни контракции на матката пред вистинските :D
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.418
    Допаѓања:
    18.659
    Денес бевме во Тетово специјално за Чарли бејби... што да кажам уште на прв поглед-ужас. Според она што го постираат на фб очекував дека ќе видам некој голем бебе центар,средено фино се.
    Кога отидовме таму,реалното со виртуелното врска нема. Прво и основно паркинг нема,едвај мм застана на улица за да разгледа.
    Креветчињата воопшто не се убаво изработени,квалитет никаков фушерајски. Креветчето со комода што го даваат за 10 000 не му се спушта предната страна,комодата прилично мала.
    Креветчињата од 7500 исто така не им се спушта предната страна.
    Тие што се со лулање,спуштена предна страна со постелнина и душек се 10 000.
    Кадичка со држач и пластиката внатре што се става е 2500. Епа во Сити мол во Енци менци е 2400.

    Количките вкупно на број 3 модела, едните по кои бевме тргнати- Гала премиум,не постојат вика сега види пишува Чарли така ги нарачуваме со наше име. Не ми остави баш убав впечаток,околу 10 000 беа. Друга на Чико имаше околу 22 000 и трета Софие нешто околу 12 000.
    На фб триста релаксатори и играчки во продавница 2 изложени,со згмечени кутии. Јас мислам на пластичарска да појдете поубава глетка ќе начекате. Тотална утка и разочарување,џабе патот до Тетоо и назад. Барем сега знам да не се надевам од таму дека ќе купам.

    На враќање застанавме во Ѓорче во Локо Кроко, има креветчиња со лулање,спуштање предна страна,душек,постелнина+ подарок(када со постоље или подлога за играње) за 13 000.
    Истиве во Либерта бебе центар без подарокот се 10 980.

    Не знам дали ќе се решиме да фатиме за Либерта,видов и во Велес имаат продавница,дали сте биле бидејќи слушнав дека таа е мала и нема многу избор? Да знам директно Кавадарци, Неготино да фатам ако решам од таму нешто да купам.

    Во Енци Менци ни се допадна едно креветче околу 9000 ама мислам таа цена е само кревет. Да не знаете колку се доплаќа за душек и постелнина со оградичка?

    Во Бебе хоме ни се допадна Киддо јазз количката,на попуст им беше 15 000,заради лејт најт шопинг во Сити мол. Да се надеваме дека пак ќе има попуст,редовна цена околу 20 000 и беше(facepalm)

    Не знам веќе во кои други продавници да гледам ниту кој бренд за количка со нормална цена е добар? Баш прееска му викам на мм добро пред да се отвори Сити мол,од каде купувале луѓево опрема за бебе?:?:

    Важно од Локо Кроко си купив боди и пантолончиња за бебко:inlove:
    Имаше интересни кутии по 450,550,850 во првите видов бенкица,долни тренерчиња,капа,лигавче,ракавички. Бањарки за бањање по 350,450. Боди од 180,230...итн
     
    На mommy's love, kitty.m, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Во Енци менци имаше три вида душеци најскапиот беше околу 3100 отприлика, постелнина исто тука некаде ако не се лажам... за Либерта главното им е во Неготино таму имаат највеќе избор, останатите мн помалку така да не застанувај во Велес и Кавадарци директно оди таму, кај нив нема шанси да видиш такво разочарување како во Чарли,.. го имаш и Бебе центар -Еуроалба во Лептокарија но немаат премногу избор на колички, останатото се наога убаво... во принцип тие се сите продавници.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.904
    Допаѓања:
    142.422
    Пишав и претходно, ние од Локо Кроко земавме повеќе работи задоволна сум. Некако најефтино ни се виде тогаш. Креветче како претходно некој што стави слика, што се спушта страна, со механизам за нишање, со 4 фиоки беше околу 10.000. Цената беше само за креветче. Душек порачавме од Тетово, имало некоја фирма-1200ден беше. Количка земавме на Cangoroo со транспортер, торба, рачката се вртеше и спрема надвор и внатре(го немаат тоа сите колички) и беше околу 13.000. Задоволна сум, само да ја исперам сега и ко нова е.
    Коритце земавме од БебеСупермаркет и беше 1700ден(без сталак) ама тврда пластика, со долниот дел каде има едно за да седне детето и да не се излизга. И го користевме до скоро(а малата е 3,5год.). И сега пак ќе го користиме. Постелнини (со страници) земав од Стружанка, розева боја е и перена милион пати и ни боја избледела ни ништо. Боди и шпикозни од Тритекс(ги има во Стружанка и во Сити Мол - многу задоволна).
    Од Локо Кроко земавме и монтажно креветче со додаток за пресоблакање и со душек фати некаде околу 4.500 или 5000д. Го земаат родители во замена за дрвено, ама ние го земавме за во дневна и искрено малку го користевме.
     
    На duffi, Sesil, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    неможам да едитирам помина времето, ми текна на уште две места , но не се во Скопје...Baby & kids Dado ова во Струга, и Bebe centar Alf kids ова во Прилеп ...

    ова чисто како плус предлог, али по мене имаш мн избор во Скопје, и во Либерта во Неготино.
     
    На Sesil, Yowannty, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.785
    Пол:
    Женски
    Абе вие сте супер МК е мала палиш кола тераш, се се наоѓа. Овде кај мене ништо нема. Се морам да нарачувам од интернет и да се молам да се погоди. :doh: Колку сум среќна што кога бев 5ти месец, во мое село изнакупив партали од Тритекс, ама купував ко да ќе нема утре. И мали и малку поголемки. Овде и онака е прескапо, па си доземав само некои работи плус и тоа чисто од мерак. Коритце нарачано од интернет, количка исто. Креветче исто ќе нарачувавме, ама се одложи селењето, па ќе почекаме 2-3 месеци. :sweat: На почеток ќе мора бебе да спие или со мене на кревет или во корпа некое време.. не знам што е подобро...
    Не се секирајте, ќе си купите се. :)

    Од денеска 35 недела почнувам. Последната недела од 8ми. (poolparty) Леле леле... ме пукаат мали паники. :tmi:
    Вечер сум на гинеколог, за стрес тест... 8)

    Ај поискусните нека кажат, како да разликувам вистински од лажни контракции? :wasntme:
     
    На kitty.m, Andonia, Sofi.ja и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Дали само мене не ми е лепотан? :D У живо ништо посебно не е.
    Лик може има убав ама нема ни "Х" од харизма. :^)
    Ивановски е мн постар ама похаризматичен 1000 пати.
     
    На Andonia, Bonnie Top и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Лажните се нерегуларни. Ќе те фатат, пуштат и може толку да биде, може пак да те фатат за 5 мин, па после за пола саат, па тек вечерта пак... А може и само една да имаш и толку, нема правила. И не се болни, повеќе се како стегање на стомакот. Јас искрено дали два три пати имав, и тоа отпосле сфатив што биле, мислев бебе се тегне внатре :D :tmi:

    Редовните контракции, од друга страна, се баш тоа - редовни. На секои 20 мин, па на секои 10, па на секои 5... На точно определени временски интервали, и не прекинуваат, туку со тек на време се засилуваат и стануваат поредовни. Ги искусив на пораѓај и дефинитивно кога ќе ги осетиш, ќе знаеш дека се вистинските. Како се намалува временскиот интервал меѓу контракциите, се поболни стануваат, и боли цел појас, кичмата и долниот дел на стомакот најмногу (стега како силна болка за голема нужда пута 1000 во јачина :sweat:). Вакви нема да осетиш се' до пораѓај, не се плаши. Рано ти е уште :)
     
    На Septemvri, Presrekna, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Мене последниве два дена почна мнооогу да ми се згрчува стомакот и тоа скоро цел ден. Ама нема никаква болка,само малце језивко ми е:D ми се прави како топче и се испакнува стомак,мислев дека е бебе,се тегне ама сега знам дека е тоа,тоа.
    Од поискусниве научив дека нема шанси да ги утнам вистинските,само паники да не ме фатат:drunk::D
    Ја па уште се трипам дека како на филм ќе се породам по скали или у кола:rofl:
     
    На Septemvri, Presrekna, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.785
    Пол:
    Женски
    Па и ја затоа прашав, еве и утрово неколку пати ми се згрчи едно по друго. :tmi: Сеа ок сум, ама последно време ми се дешава така неколку пати по ред многу брзо едно по друго да се случи, па пробувам да дишам и да не паничам.
    И најголемиот страв на секоја трудница за прв пат, да не се породам дома или во кола. :rofl:
     
    На Sexybaby86, Presrekna, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    да и мене ми е така овој период многу често ако не и пола ден ми е така... и се мислам дали е напупено газе, главче или здрвување на стомакот од тие лажните контракции ..ако легнам на едната страна чим се свртам се натаму се отидени и цел стомак деформиран и треба време дур се врати во нормала... али кога се превртуваат и маваат мислиш големи деца внатре :rofl::lol:

    инаку ја си викам што ако не фати гужва низ градот како што знае да е ужасс редица колони кои стојат у место, а ја дур се средам дома за тргање, време ке помине, едно три саати сигурно ќе ми требаат, ... ко до Охрид да ќе одам ...ќе биде "интересно", се надевам на време ќе стигнам :doh:
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На Sexybaby86, Yowannty и Мариаа. им се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.418
    Допаѓања:
    18.659
    ^ Докторов вчера кажа на тв дека на првородка и се потребни 8 до 10 часа за да се породи. Така да жени,без паники:D
     
    На Andonia, Starlič и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  19. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    јас баш го слушав и се зачудив кога го рече тоа, да сигурно има жени што со саати трпат дур се породат.. но познавам мн пријателки кои се породиле за мак 3,4 саати, а прворотки се.. така да тоа е индивидуално мн, зависи еластичност, скратено грло или не и мн др фактори.
     
    На Presrekna и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.785
    Пол:
    Женски
    Еве нешто оптимистичко :D
     
    На Sexybaby86, Presrekna и Sofi.ja им се допаѓа ова.