Си се пожалив веќе ама и тука ќе си пишам. Погадно нешто од стомачен вирус за време на бременост - нема! Не смееш ништо да се напиеш. Ништо. Чај и парацетамол за болките. Ете тоа ми кажаа докторите. Земав Линекс, прашав - ми кажаа дека тоа смее, електролити, чепчиња против повраќање, пробиотици, ама џабе. Вчера пукнав од болки во стомакот, температура, пролив и повраќање. И искрено - стомачен вирус и хемороиди не оди во пакет. Ниту пак чепчиња плус во комбинација. Си се изнарикав. Едно време и се изгубив - попладнето не знам ни кај бев ни што се случува. Маж на низок старт за во болница на инфузија. Ама среќа се смири повраќањето па можев да внесувам течности. Е желудникот крш од киселини. Ама тоа е. Денес сум нешто подобра, ама уште не сум ок. Ми се лоши, и ме боли стомакот ама далеку од она што беше вчера. Бебо прета, мава, тоа е добро. Не е многу добро со стомачниов и со цревата, ама што му е работа. Барем знам дека е ок. Се мерам сабајле: -2.5 кг. Не е чудно. Вчера скоро ништо не каснав, што каснав повратив, а и што не каснав исто така. Се надевам дека бебо си зема што му треба, па заради тоа сум плус омалаксана. Нека помине и денес и ајде веќе да сум добра...
Пак на крај ќе испадне дека кај секого е индивидуално,ама како што сме паничарки и го анализираме секој симптом и секое бришење во вц сигурно нема да чекаме 5 до 12
Софи и јас уште зјапам во тоалетна после wc. Ќе бидам ваква до крај мислам. Сношти некоја болка тапа во стомак, па кичма малку ме фати... Можеш да замислиш колку пати бев да анализирам тоалетна?? Всушност на грб никако не можам да лежам, тогаш ми се јавува болки, а како да го ставам Утрогестанот поинаку? И додека чекам едно два саати за да се растопи убаво и да се свртам на страна, сум се укочила целата...
Еее ама се ижаливте од Чарли бејби ама никој не пиша дека за 10.000ден негде може да купи креветче, душек, постелнина и оградица(вк. 8парчиња), тул завеса и комодиче со 3фиоки,дупка и горе е за пресоблекување. Единствена мана што ја прочитав е дека креветчето не се пушта надоле од напред. Па за квалитет не ми треба нешто што ќе оди 10години, сите знаеме колку се користи креветчето за бебе Ова мое мислење.
Еве јас познавам деца што до 6 години спијат во бебешко креветче. Кога купувам мебел и те како внимавам на квалитетот. Немам намера да те убедувам само ќе кажам оди и види ги какви се. И материјалот на постелнините со боите бледи како од втора употреба. Вака на слика со филтри со се совршено изгледа. Комодата е околу 2500-3000. За тие пари и мајстор може да ја направи а има една со фиоки во Икеа што најверојатно ќе ја купиме,поголема и повисока. Приметете и на сликите што ги стваат кај што треба да лежи бебето за пресоблекување имаат ставено здиплена постелнина. Подолога за тоа немаат,а оние подлоги за пресоблекување де дупло поголеми и пошироки и не ги собира. Има креветчиња и за 5000-6000 (Дени мебел, Бебе супермаркет),постелнина околу 2000, и пак до 10 000 ќе има и за шкафче
мила , а зошто два саати лежиш на грб и чекаш да се растопи кој ти кажа така да правиш ? Сврти си се како ти одговара, воопшто не е битна страната и доволно ти е пола саат еве и саат нека е па стани си слободно..
Јас затоа го заменив со криноне гел кои се користи до 24 недела(ако не грешам),затоа што е практичен за ставање,не истекува,а утрогестанот имав чувство дека секаде ми влегува освен во матка.Но така е кај мене.Поздравче
Девојки како ќе се средувате доле пред пороѓај?Јас сакав на козметичар,но матичната ми забрани.Е сега сакам да го замолам мм да проба,но не знам како ќе изгледа тоа.Не сакам на клиника да ме касапат.Има ли искуство некоја феминка за успешна завршена работа од својот маж.Ако не со брич,дајте ми идеа како да ме среди.Ви благодарам
леле јас па ич не го сакав кринонот , среќа брзо ми го заменија зошто цело време гледав дека дел останува од тоа во цевчето, уште што не пробував да не останува џабе беше, а вака бутни таблетата раат сум
Детално и сликовито. Си легнувам на пешкир на земја, тој си зема машинка за бричење (што ја користиме само за оваа намена) и си тера работа. Е не добиваш како од депилација мазноќа, но доволно си среден за породување. Како 2-3 ден после бричење.
Исто и јас,3 пати до сега така се средувам,е од следен пат ќе го ангажирам мм пошо веќе од мешето не се гледа доле ни со огледалце
Здраво, 26 недела сум, ми се јавија болки во долниот дел на стомакот, како притисок и посилни кога го осеќам како мрда. Денес сум на преглед но дали имал некој искуство вакво? Не се сеќавам на нешто вакво од првата бременост
Бела и јас до пред 2 недели ставав Утрогестан, ама јас не лежев така. Ставав и легнував на страна. Не станував околу 2 саати, ама после трчев за во вцМорав. Инаку, знам блиску сме со неделите и јас имам некои болки во кичма и стомак. Мене па неме боли и од лева и десна страна (над половината) и вчера правев проверка на урина, страв ми е бубрезите да не се. Резултатите се добри, па дали е од што седам на тераса, а има како промаја таму, не знам. А за одењето во вц и анализа на тоалетната- 5,5 месеци сум и уште го правам тоа
Таман работа да ме убедуваш, си кажав мислење јас. 2500се нивните орманчиња. Следам креветчиња и јас, дрвените (ама без фиоки како кај Чарли) се од 5.800нагоре. Душече не оди со креветчињата тоа го немаш ставено во пресметката, тоа ќе си купиш накнадно над 1500ден се најевтините. Викаш постелнина и оградици 2000, ама јас под 2800немам видено негде од тие како нивните со месечинка перниче што се. Само ова е 10.000вкупно, со тоа што го немаш тулот и орманчето и треба да си докупиш. А орманче такво по другиве дуќани ги гледам баајги се скапички е сега тоа од икеа нз колку е што го гледаш. Гледам често имаат акција и плус играчка од тие што сеѓ ставаат над креветчњто даваат, ама тоа ако начекаш.
Ах бре жени, ами никој не ми рекол да лежам така на грб, ами нели јас се си знам Имам чувство дека така се спушта надоле, настрана мислам дека ми истекува. Инаку флауерче и јас два часа е максимумот што можам да издржам да не мокрам. Ставам и јас во wc 100 пати во ноќта. Кринон ставав до 12 недела ама го сменивме со Утрогестан. Ми правеше проблем. Како и да е, сите сме со исти ум
Zdravo devojki, da prasam ima li nekoja sto pie femibion 1 i feroglobin? Maticnata mi prepisa drug suplement za zelezoto no jas ne go zemav bidejki farmacevtot mi kaza deka imalo macnini od nego pa mi preporaca feroglobin...e sega mene me maci da ne e premnogu folnata kiselina bidejki i vo dvata suplementa ja ima?
А зошто не следиш препораки од докторот кој воедно ти ја следи бременоста, а слушаш фармацевт? Башка што ако на некого предизвикуваат мачнини, не значи дека и со тебе ќе биде иста ситуацијата, а ако веќе ти предизвикува мачнини и тебе, секогаш можеш да ги смениш, секако во разговор и консултации со твојот доктор.