Вчера имав тапа болка, за време на лажните контракции. Затоа и испаничив малку. Ама вечерта бев на гинеколог, па се беше во ред. Вчера по прв пат цтг. Докторот рече многу нормално цтг за неделата во која сум, и тие малку повисоки контракции што ги покажа, беа во моменти кога бебето многу преташе, па докторот рече тоа значи дека матката реагира на движењето на бебето, се спрема, не се вистински контракции. Ми рече, од сеа па натака, веќе да не се замарам со исцедоци, контракции, чуда, со ништо, да пливам секој ден, да пешачам, и оти стапала потечени, кога ќе сум дома да ги чувам нозете пружени на кревет. Според цтг-то оваа недела се претпоставува дека ќе биде мирна. Наредна веќе влегувам во 9ти, па од тогаш натаму, бебе може да излага. И да не се плашам од контракции, оти веќе ќе влегувам во фаза кога подобро било да ги имам отколку да ги немам. Иначе ме гледаше и на ехо прво. И мене бебе ми е во стомаче 1 недела поназад, ама тоа сама гледам од извештај последниве контроли уназад, докторот ништо не ми спомнал, баш напротив, рече се е супер, бебе во супер позиција, со главче гледа надолу. И не се умарам искрено веќе со толкување на извештаи. Од мене толку, па со Бог напред, како решил така.
Со обично Нивеа млеко за тело, она плавото стандард за сува кожа. Јас и онака имам посува кожа, но еластична и немам воопшто склоност кон стрии. Исто сме бремени. Од денес 33 недела. И мојата бебушка е 10тина дена поназад во мешето. Последната контрола ме преплаши матичниот ми рече многу е мал плодот 1400гр го измери, а всушност на приватен преглед нареден ден беше 1800гр. Важно протоците и активноста да се добри. Ич да не се секираш Тоа редовно го слушам посебно кога е во акција. Синко ми вели мама примај калциум кога мрда сестра ми и крцкаат ковчињата хахаха. И јас те подржувам во ова. Аптеките продаваат она што им носи најголем приход. Мене ме убедуваше дека фероглобинот бил подобар од хемовит плус. А вториов има дупло повеќе железо. Еве сега заради хемоглобинот 90 и железо под 8 ми дадоа прашок сидерал фолик наутро и хемовит плус навечер . Инаку за 33 недела сум супер, подвижна, активна цел ден. Вчера наредив завеси, денес ќе ја досуредам собата со останати реквизити, корито, крошна. Креветчето за почеток во спална ќе биде. Транспортерот и количката се исчистени испрани... Се зедовме од синко. Нови се. Подобро ќе вложам во козметика за бебе и витамини за мене додека дојам од колку да складирам креветчиња, кошови, колички. Постелнината и алиштата уште да ги исперам и од наредната недела здравје си велам дека ќе здивнам. Одам да јадам нешто палчица моја се бунтува во стомак.
Здраво, Од денес 14 недела . Поминав скрининг ,брисеви, приска .. Се е ок . Нормално како што треба Бебето си расте , мајкава се дупна од јадење и така Сабајле не можам да функционирам ако не каснам нешто. Овошје не ме заситува, мислам дека уште толку ме разјадува. Правев скрининг во Систина кај Г.Петровска . Прв пак кај нејзе и се изненадив. Топло ја препорачувам, мнг народна женичка и нормална. Да не ти биде страв да прашаш нешто. Дури и се шалевме за некои бабини предвидувања за полот на бебето . Син ми изгледа дека ќе си добие сестричка И тоа ме радува премногу . За 100% да бидеме сигурни за полот ќе видиме нареден преглед. Толку ново од мене . Не пишувам редовно ама ве читам . Убав ден
Kај мојата докторка си била Најдобра е, не ја менувам за никој жив Мило ми е што се' e добро. Туку, првиот скрининг која недела се правеше? Сум заборавила 12+ требаше, така? Или нешто грешка сум?
@Yowannty ми се случуваше и наназад месеците некогаш тапа менструални болки да имам кои знаеа накај кичма да одат, баш ко за добивање , но сега ме плаши дека веке сум во последните недели па си викам дали е нормално така да осекам...
Здраво, @Sexybaby86 јас првиот скрининг го правев на 12+4. Мислам до крај на 12 недела треба да се направи. И брисеви тогаш. Бебе од сабајле си мрда на едно место во стомак, кај што му е газетои нозете. Ко да ми мава клоци. Ме боли кичма, си викам уште од сега ли Апетитот ми е на најјако пуштен, само јадам. Леле до крај, 100кг ќе се направам ако продолжам вака. Инаку навечер кога легнувам или спијам со јорган пред мене цел стуткан или со перница меѓу нозе. И насабајле или во сред ноќ се будам и се наоѓам скоро легната на стомак. И ме фаќа страв. Во првата бременост изгледа потсвесно ни еднаш не спиев на стомак. Валјда не му смета многу на бебуш. Не знам како да се наместам за да не легнувам на стомак
Одлична докторка. Баш онака прегледот беше опуштен , да ти е мерак да си поседиш со нејзе . Скринингот од 12 недела до 13+6.
Има ли некоја од вас што примала Цитерал во бременост?И која недела?Не знаат дали да ми дадат за бактерија во урина?
Нормално е. Се додека се издржува секоја болка е нормална. Мене цела бременост кичма ме боли, а некои ги фаќа на сам крај. Не се секирај. Чим е тапа болка, значи ако праиш нешто друго комотно можеш да ја игнорираш, немаш гајле.
Уживај. Многу било малку останало. Ти плус со две, нормално е да натежнуваат поише. Уште малце ќе се бодриме овде, после во другата тема ќе продолжиме.
Женски, вчера правев тест и ми се појави втора бледа цртка. Препорачајте ми добар гинеколог од Ремедика ве молам, зошто не знам кај кого да закажам.
Др. Елена Петрова од Ремедика е по мене најдобра, многу темелна, смирена ... честитки и добредојде во оваа убава тема, каде не има мн со убави слатки "маки"
Благодарам и Добро ве најдов Читав многу пофални зборови за Елена Петрова, Симонида и Стојковски, па не знаев точно кај кого да ја потврдам бременоста и кој да ми ја следи во иднина.
Женски ај совет пошто почнува паника да ме фаќа. Од сабајлево почна да ме боли стомак и во горниот и во долниот дел, и имам некои грчеви и мачнини. И кога одам и кога седам ме боли. Од што може да е? Прв пат ми се случува вака. Ако ме боли и утре, ке одам на гинеколог..
Мешковци јадете ли дропче? Јагнешко, свинско? Незнам од каде знам дека не се препорачува за трудници? Или грешка сум?