Мила царски заради миомот на цервикс,но бебуш се свртел со главчето надоле,се спрема,ама го поминал миомот и не ми го чепка и сум можела природно.Ајде ќе видиме утре.Можда згрешив во премерот да не сум отворена1,3мм(леле не ме бива со меркиве).
Не може бебуш да е толку високо, ти си негде 14-15 недела? Јас сум 26та и од минатата недела некаде го осетив над папокот, мислам дека накај 8ми месец одат нагоре кога и растат повеќе. Второротка кажа ми се чини од 2 до 5 часа. Види во видеото има. Јас од Алкалоид од 400мг со Б комплекс. Заради дијагнозата пијам 2 кесички дневно. Инаку има 20 кесички и чинат 200 ден.
Според она што го имам слушано од други, мислам дека е индивидуално, нема врска кое е по ред. Има многу жени кои второто или третето ги намачило повеќе од првото.
Мене и двете ме изнамачија. Второто помалку од првото. Со првото се пораѓав 17 саати, а со второто 10 саати. Со второто немав јаки болки, ама со првото стапот го јадев.
Здраво девојки. Во врска со пороѓај јас прворотка со синко веднаш се породив. Во 18:00 местев завеси дома со повремени менструални болки. Во 20:00 часот заминав на преглед. Со 10 прсти отворена во 21:30 ми го пукнаа водењакот, во 22:25 синко пристигна. Сега ќе видиме. Инаку вие во 33 недела како ги чувствувате бебушите. Јас има периоди во денот кога има турбуленции во стомак, дури и болни удари од страна, а има мирни моменти како сега дури на допир не чувствувам ништо. А понекогаш фаќам газе, коленце...
а колку ти беа јаки тие меструални болки, зошто јас два дена имам некоја тапа болка ко за циклус која некогаш и кон кичмата е.. ? а за удари кај мене е од крајност во крајност, или буквално цел ден не престануваат, или еве ко овие денови кога ретко ги чувствувам, средина нема.
Искрено не сум репер за болка, бидејќи имам висок праг на издржливост. Болките беа менструални, знам ќе застанев подвиткана и ќе поминеа. Но почнаа зачестено. Затоа закажав преглед тогаш. И знам пред тргнување прокрварев малку. А и претходната ноќ имав болки во половината, мислев напад на бубрег имам. 36+5 бев. Чекај рано ни е нас. Барем до 36-37 да изгураме.
Ајде мамички уште еднаш да си прашам со што ги мачкате мешковците, некоја крема, масло?? препорачајте нешто убаво мешето мое уште од втор месец почна да расте
И јас сум во истиот клуб. 19 саати откако ми пукна водењак, 40 саати откако почнаа јаки менструални болки. Секоја следна болка поголема од претходната. Ни сила, ни живци немав на крај. Страв ми беше да си го пишам примерот во породилни приказни, да не ги плашам идните мајки, зошто јас бев екстремен пример. Ама еве штом и ти пиша, да се "пофалам" и јас. Како и да е, сѐ поминува. Важно нашите среќички растат и не радуваат.
Со поголемиот од старт бев со јаки болки. Мислев дека ќе пукнам. Па уште кога ми шибнаа провокации, тешко мене беше. Ужас. Едвај чекав да се олеснам. Со помалото поподносливи беа болките.
Иста приказна со болките. И јас се надевам со второво ќе биде полесно, или барем поподносливо, зошто сега имам искуство, а и не помина многу време, 2 години без 2 месеци ќе бидат разлика.
Добар ден труднички , како сте ? Јас дома сум си , барем порано завршувам со работа и потоа цел ден е пред мене. Ајде уште утре ќе станам во 5и30 па од недела натаму барем ако не за друго околу 8 ќе станувам.. воопшто не ми се допаѓа вака што си губам од сон ама што да правам.. Времево залади доста и барем нас трудниците ни е супер Неделава ја терам 26тата недела , како се наближувам до денот Д толку страв повеќе ме фаќа. За болки и пораѓај гледам сте зборувале , јас со првото поминав прилично лесно со пукнат водењак и за 5 часа се породив (со провокации). Сега одбрав да пробам со епидурална , се надевам се ќе е во ред.. на работа запознав денес една жена што во август и е терминот и оди кај истиов гинеколог каде што одам и јас , ми рече ќе се пораѓа во вода. Кога ја посетив клиниката пред 2 недели видов еден базен и се чудев зошто им е има ли некоја на форумов вака што се пораѓала? јас во никој случај ова не би го одбрала А и нешто друго да ве прашам , иако пијам магнезиум од 300мг пак ме фаќаат грчеви навечер и многу имам болки во зглобовите на нозете. Дали 300мг е малку или? Се мислам дали да пијам два пати дневно @lejlla Јас ги користам путерите за тело во тврда состојба на Lush и убаво мирисаат, само што ќе ги допреш за кожата се топат и траат долго
Jas mackam Rilastil, italijanska top kozmetika.. e sega 1600 mkd e 200ml krema, ama vtora tuba mi e i ke tera do kraj, znaci so dve kremi cela bremenost ja pominav. Nemam voopsto strii izlezeno.
Добар ден и од мене сакам да прашам дали некоја од вас има проблеми кога јаде благо. Јас кога јадам по еден саат имам страшно гадење повраќам 2-3 пати ненормално многу и потоа нормално сум целата изнемоштена и неможам да функционирам.
Малку ти е 300 мг мила, пиј си по 2х1, само корист има од магнезиумот; некои пијат дури и по 750-800 мг на ден, ама мислам дека 2х1 од 300 ти е доволно, а има и од 250 мг на Прима витал таблети.
@koritsaki јас пијам магнезиум 3 пати на ден, по 400мг едно. Па пак имам грчеви во нозете. Најчесто навечер или наутро. Пред некој ден, ме стегна грч во двете нозе исто време, врескав во перница колку ме здоболе и пак сите ги разбудив и испопрефркнав. Исто, редовно имам лажни контракции, па си велам, ако не ми ги смирува лажните, сигурно магнезиумот нема шанси да ми ги смири вистинските кога ќе дојдат. Ама јави се на гинеколог. Ја на своја рака не би сменила ништо. За пораѓај сте збореле. Јас што да кажам што во живот сум немала менструални болки? Сум имала само некои тапи болки кои воопшто не ми сметале и комотно сум можела да ги игнорирам и да функционирам нормално. Апсолутно немам престава што да очекувам и колку навистина ќе боли, и која болка ќе се смета за стварно јака.
Коритсаки јас магнезиум пијам 2х250мг на Jamieson. Исто и јас би ти рекла да се потврдиш со твојот доктор ако сакаш да ја зголемиш дозата