Консултирај се за секој случај, да не испадне дека се ставаме во улога на доктор, ама сигурна сум дека ќе ти ја зголеми дозата.
И јас ги земам истите 2х1. Од 250 мг се.Задоволна сум. Ама грчеви во мускулите на нозете имам последните вечери. Можеби треба да прашам за поголема доза
За грчевите и трпките на мајчина школа ни кажуваа секој ден превентивно онаква вежба како залепена на ѕидот и лизгање надолу, исто и истегнување на прстите од стапалата кон телото со помош на каиш (нели сега ни смета мешко неможиме да стигнеме до стапалата ) еве и сликичка колку што можев да најдам.
Задоволна сум и јас. Јас овие денови наутро кога ставам имам грчеви на листовите на нозете. Брзо ми поминуваат. Засега мислам ок ми е дозата.
23 недела сум,имав бактерија во мокрача.Ја исчистив во Авицена имам на уринокултура ретка бактерија,во Адриалаб немам бактерија.Чекам резултати од Биотек.Дали и вие имате вакво искуство ко моето со лабараторииве?И дали иако немате бактерија некоја имала печење при мокрење?И мала болка и во препони и тој дел цел??Се надевам дека се е нормално,ова сега имам немам бактерија ме измести ид колосек.
Здраво друштво. Денес денов ми беше патешествие. Прво од сабајле кај матичната за последен преглед,брисеви и упат за цтг. Се изнервирав зошто немаше термин за кај Илиевски во Чаир,па во нашава држава знаете како идат работите,мора одма врски,колење,молење или дедо ти да е владика нејсе,средив да ме прими Илиевски,да ми направи прво цтг и да се договориме за пораѓај. Он оди на одмор од понеделник па се враќа дури за 2 недели. Тогаш ќе сум 38ма,се надевам дека синко ќе издржи до тогаш кај мама во стомак. Преморена сум. Чекав таму 3 саати точно за работа што се завршува за 15мин. И секој нареден преглед ќе е исто до пораѓај,хаос се. Ама тоа е Ви се изнаприкажав убаво јас Само да е се како што треба.
Девојки како ае справувате со низок хемоглобин во Мај ми беше 90 а железо 9 пиев хемовит денес проверив хемоглобин 77 а железо 14 22 недела сум
Со претходната бременост имав стрептокока ауреус, во Авицена не покажа дека ја имам на уринокултура, а во институт за јавно здравје излезе дека ја имам еден милион во мл.значи огромна концентрација. Незнам на што се должи оваа разлика но еве и мене ми се има случено иста ситуација.
Мене некоја ретка бактерија што се фаќала преку катетер,во болнички услови.Во Адриалаб ја нема,сега во Биотек да видам што ќе излезе.А обична мокрача супер.Има ли некој искуство со овие лабаратории.Најдобри биле демек.
Видете со гинекологот,за друг препарат.И јас ги пијам Хемовитот.Баш ќе видам на следна контрола како ќе биде железото.
Некоја членка имаше споделено искуство овде дека хемоглобинот и’ се покачил со Сидерал прашак, побарај ќе ти излезе, имаше прикачено и слика од прашакот, сепак консултирај се и со доктор.
Ми кажа една комшика семе од коприва и мед да измешам и секое сабајле по една лажица. Ете така се справувам
Еве девојки и јас денес ја поминав долго очекуваната контрола Испитувања на клиника за тироидна, па потоа Систина. Др ме гледаше детално се е ве ред со плодот, си одговара развојот на гестациските недели 20 + 4 и се е во ред. Цервиксот си стои со иста должина 33мм и не добив никаква терапија во врска со тоа, освен препораки за мирување. Крвната слика добра, намалени тромбицити. Докторот не спомна ништо во врска со ова се надевам дека не е ништо сериозно...? И среќна од таму дека се е во ред бевме до бебе хоме каде што одбравме креветче и плакарче за собата на малата девојка Следна контрола во пократок временски интервал Поздрав убави мешиња
јас мислам дека ќе цркнам толку време слушајќи какви се болките. и кај мене е исто. 35та недела сум. Се тегне леле мајко си викам прво што ќе го учам кога ќе се роди е дека нозете се пуштаат колку што ти е долга чергата јас пијам 1900мг така пишува на апчињата кои докторот ми ги даде. кај нас во македонија бидејќи сме заостанати незнам да има таква опција ама од што сум слушала во странство подобра опција за пораѓај нема.
Мила каде се наоѓа ова место,првпат ќе одам поради мирување,но по сигурен царски испадна дека ќе се пораѓам природно(здравје),па сакав да слушнам што како за да си олеснам.Е сега отворена сум 13мм и не знам дали можам да одам,а баш сакам да научам нешто.Дали знаеш да има видео на нивен сајт или да ми препорачаш сајт да вежбам од дома.Ти благпдарам мила и секое добро.