по мене нема , зошто цела бременост имам утоп долен веш, тоа е ем од утрогестанот ем од што си лачи секрети самата матка од бременоста... ќе се навикнеш да си подмочана 9 месеци, тек си на почетокот, ќе ти протекува и низ пижами не само долен веш
@flower30 а да не ти е од времето? Мене пред да заврне пред некој ден кичма и стомак ме болеа. Заврна и болката помина. Страшен метеопат сум, сега во бременост уште повеќе. Цело време ми е жешко ама ако сум разголена повеќе ми смета. Одма ме фаќа кичма и стомак. Цело лето чорапи не сум тргнала од нозе, а тие топли, топли како во фурна да се Без маица долен веш и на +40 не одам. Имам мака и морам така. Затопли се малце, легни, испиј едно чајче-две
Па можно е, бидејќи вчера малку се осетив ко да настинувам. Кивав малку, ладно ми беше и ме болеше јајникот малку. Сега да се наканам да го испијам чајов, оти страшни киселини имам од чаеви, па се надевам ќе помине. А инаку, јас цела недела сум со чорапи и џемперЛадно ми е, па и дека повеќе настојувам да лежам, се смрзнувам ако не сум облечена. Фала ти за советот, намалив паниката малку @lejlla за исцедокот и јас еве втора недела имам така ко круг на гаќите. Се јавив и ја прашав докторката(и плус читав на апликацијата за трудници) дека е нормално да се зголемува исцедокот како минат неделите. Е сега, ако нешто осетиш да смени боја, чешање или печење консултирај се со гинеколог.
Здраво Феминки! Пишав во друга тема ,но ќе пишам и тука некако е најактивна оваа Станувам денес,и оддеднаш почна да ме чеша и пече кога мокрам.Вероватно е кандида,а 8+6 сум бремена.Примам вагинално утрогестан.Искуство некоја?
Мене денес ме врти некако под ребра?? Бебите уште не се качени нагоре, 20+1 сме, рано ни е. Мешко "исцуцлен" во долниот дел, далеку од ова ребро што ме нервира. Може па си прават место, м? Веќе и стомакот под гради ми станува така поцврст. Мајка вчера кога ме виде ми вика: "Офф, почнале да притискаат веќе нагоре". Ама јас движењата им ги чувствувам долу околу папок. Абе мене стомакот отсекогаш на средина ми имал една вдлабнатина би рекла, нерамнина. Баш таму каде што хулахопките си ги натегнувам цел живот Може па последица од нив? Знаете за каква" вдлабнатина" зборувам нели? Кој друг има? Ќе се пополни ли во поголемите месеци? Леле сега сватив дека ја тупам за глупости
Да си провериш утре урина и уринокултура?! Мене докторката ми спомна и да правам промивки со чај од камилица и да пијам чај(увин или брусница). Е сега јас бев 17 недела кога ми го предложи тоа, ама мислам дека можеш и сега да пиеш такви чаеви. Мене ми даде и крема за надворешно да се мачкам, ама за тоа мораш да се консултираш со гинеколог. Еве, ако има уште некоја трудница со такво искуство да ти пише.
и комшивкава исто ми кажа,дури и ми препорача докторка која со сигурност може да ми се посвети,реков да се подраспрашам тука да соберам повеќе мислења. само нека се живи и здрави. нас секако се ќе ни смета. Ако не мрда многу ќе ни пречи ако ровари внатре пак ќе ни пречи ама тоа е. јас не знам што побрзо да направам. Обврски еден куп. А време малку. јас уште немам појдено на одделение ама следнава недела знам матичниот дека ќе ме прати. За тоа дека не се нафаќале служам од жени ама секако додека не појдам на преглед сеуште се надевам дека не е така. Ако се отворам и ако бебе е спуштено и има шанси не гледам причина зошто да одам на царски. Као демек да не пукнела матката. Па таа ширејќи се додека трае бременоста може да пукне ако е за така
Направи си уринокултура.Ама можно е и кандида да е.Мене така ми прави исто.И од Утрогестанот може да е.
Еве да ви кажам мое искуство.Диколку имате мака со уринарни инфекции многу помага прашок Неоцистин на прир база со брусница и д маноза од Виола.Секако во консултација со гинеколог и вода со пх 8 или 8.8.Бев извадена од памет со резултат од Уринокултура од Авицена.Некоја бактерија преку катетер што се добивала..Проверив и во Адриалаб и во Биотек ништо нема.Така да можеби вреди човек на две места да провери...не ги обвинувам ни Авицена кој работи тој греши.Сепак секакви грешки се случуваат.Но ете да споделам со вас...да не се вадите за се од памет.Сркогаш препроверете!
Е да, заборавив да пишам. Јас користев 4 месеци без престан Утрогестан и докторката ми рече може да е и од Утрогестанот. Ама ми го прекина утрогестанот, мачкав од кремата, направив неколку промивки од камилица и се смири.
Мешиња како сте денес? Јас станата од 10 и нешто,цел ден не можам да се освестам,очиве на пола копје дали дека е облачно или заради промена на време не знам. Овие денови кога ќе легнам осеќам позади болка во кичма,ама ептен ниско кај газето карлицата од позади мислам дека ме боли, па имам потешкотии при станување. Веќе би требало да тежи бебко над 1кг така да се надевам дека е од него болката. И јас имам исцедок од Утрогестанот. Не прекинато ги ставам 6 недели, а и претходно кога ги ставав имав исцедок. Одеднаш ќе ми шлапне вирче (топло) и одма фаќам правец вц да ѕирнам. Дури си мислев да не е плодова вода Вчера читав во тема Тироидна жлезда, и имаше еден коментар дека ние што пиеме терапија после 2 часа од испиена таблета смееме да доиме. Ме фати страв што ако баш тогаш огладне бебуш и да не можам да му дадам,па сабајлево си ја порачав електричната пумпа за одмолзување од Алиекспрес што беше пофалена овде. Па така ќе си имам одмолзено млекце во случај да му се јаде баш тогаш. Да се надеваме дека нема да се за џабе 1300 ден инаку кај нас електричните по 5-6 иљади се.
Секако утре ќе се јавам, инаку ќе се влоши.Кога не бев бремена еднаш на своја рака си купив вагиналети и никому ништо.Ама сега морам да се консултирам.Фала сепак
За исцедокот нема чаре женски, јас и вагиналети ставав Vagilact и ништо. Не се намалува туку се зголемува количински. Последниве неколку недели не смеам да помислам без влошка да излезам јер отидоа панталоните. Еднаш сум заборавила да ставам и со бел круг си дојдов дома, бруки живи. Затоа сеа ако сум повеќе време надвор без можност да мењавам влошка место секојдневна, циклусна ставам. Ако нема боја и некој специфичен лош мирис ич не се секирајте.
Женички, консултација, 6 недела сум, во вторник сум на гинеколог, но да прашам, имам миом на внатрешната страна од матката, дали мислите треба да се грижам?
Да да, обавезно консултирај ја докторката, па ако ти спомне и она не е на одмет една проверка на урина. @Sesil јас овие 2 недели се трудам да седам без влошка, ама не можам да постасам со перење гаќи. Ама дома сум. Инаку за надвор и јас не смеам да излезам без влошка. Тоа е, ќе си шетаме ко подмочани до пораѓај
Здраво на сите, Ме интересира за искуства после бременост со скратено грло на матка, дали и секоја наредна бременост ризкот да се случи истото е голем? Поздрав