Не мора да значи, не е правило секогаш, затоа понатаму се прават зачестени контроли за да се спречи секој ризик ако го има.
@Sofi.ja за болката таму кај карлицата и позади ич не збори - толку што ме боли некогаш ми доаѓа да плачам - а најчесто ми се случува кога многу ќе се заморам.. за да не осетам болка се вртам на лева или десна страна и полека станувам. Сега бебињата ќе бидат се потешки и потешки , па повеќе ќе не боли телото , исто така се плашам да не почнат и нозете да отекуваат А инаку и јас пумпава ја порачав уште во четвртокот - поточно овој модел под бр. 8 , се надевам за едно месец дена да стигне https://www.aliexpress.com/item/32775419890.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.73b44c4d7FzRXp
И јас поради еутироксот си купив електрична на медела уште од сега. Си викам кај ќе темпирам секој пат,вака најубаво измолзено и раат да сме. Уште сега ми е тешко додека истемпирам едни апчиња со други,па не јади толку време,онолку уште со бебе... хаос Ама добро,сме се опремиле
Јас таа под број 2 ја порачав. Па ќе видиме што ќе стигне ја фалеа и на фб. Со кичмава како баба стара, мајка ми ми вика е сеа си како трудницине по филмовите кога стануваат ваљда ќе помине, или ќе се навикнеме Со новороденче не се знае кога е ден кога ноќ,а не па уште со апчето да се темпира Ја гледам внука ми кога ќе вресне наеднаш ако не и даде мајка и да цица нема смирување. Вака спремно шишето и ајт
А колку пати дневно се пијат еутироксот? Не е само насабајле едно апче тоа? Внука ми е успешно доена до 2 и пол години од мајка која прима еутирокс цел живот. Не фаќаше шише, не знам дали тогаш не го знаеле ова, за период пред 6 години зборувам. Дај боже да имате сите и за спремно шише и за цицање. Тој што не поминал едно доење досега мисли дека е едноставно, ама ич не е. За доволно млеко и рачна пумпа врши работа, макар да мојата рачна е поскапа од оваа електрична што ја кажувате. Шишето и цицката обично не се трпат. Или цицка или шише. Освен ако немаш млеко премногу па да мораш да го доцедуваш.
Добро утро труднички Денес бебе е посебно мирно. Толку многу е активно и мрда, што веќе чудно ми паѓа кога е мирна. Реков дека е мирна? Еве ја, ме исчука неколку пати за 2 секунди. Дај искусни објаснете што се случува со бебе во 9ти месец? Дали задолжително е подобро да стои внатре до крај, или не мора да значи? Мислам знам многу што се породиле на почеток на 9ти па се е супер, ама има ли врска некаква ако е подолго внатре? Торбици спремивте ли? Сите ме прашуваат тоа, ама јас уште не. Чекам среда, официјално во 9ти да влезам, па да спремам. Веќе почнав да се осеќам ко да сум 2 години трудна. 8 цели месеци... кога ги видов 2те цртки, кога помина времево?! Леле колку сакам да ја гушнам во раце. Ми се плаче од среќа. Хормониве ме мрднаа. 35+5 денеска. Во четврток 2ро цтг.
Во 9-ти ништо драстично не се случува во однос на значителен раст и развој на бебето. Генерално веќе не качува во килажа (или качува нешто ситно) и пораѓајот се смета за комплетно безбеден од првиот ден кога ќе влезе трудница во 9-ти. Развиени се веќе и бели дробови и се' и само прашање на време е колку им се чека да излезат Плус, постелката најмногу созрева во 9-ти, па пораѓајот зависи и од тоа. Ако е презреана, не смее бебето долго да седи внатре, и обратно. Кај мене беше презреана и се породив со малата точно на денот на терминот, со закажано примање во болница, за да ми дадат провокација, зошто не можеше да се чека веќе. Ако не е презреана, обично се остава некој ден плус да се надноси за да тргне процесот спонтано, без провокации. Кај некои пак созрева порано од терминот и започнува процесот на пораѓај нешто порано - ништо страшно. Штом си влезена во 9-ти, немаш гајле. Како и да е, ти си во безбедна зона, уште малку ти остана. Ја знам добро нетрпеливоста на крај веќе, кога едвај чекаш да си ја гушнеш бебка и кога ти се чини дека 3507 години си трудна Јас како 5 месеци да сум те 5-та недела, па сега еве 6-та, аман Пак ќе бидам 100 години трудна
Од денес официјално 9ти месец Ме фаќа паникааа,ама одвај чекам да го видам и гушнам синко Веќе ми дојде преку глава од испитувања,доктори,болници.. Цело време фуфки од предвемено породување ама фала богу истеравме како што треба до крај само да не се заборави синко до 40та,како за инат За една недела сум на второ цтг,торбици спремни,дома спремно се уште јас психички да се спремам за пораѓај и таман сме Да си ги поздравам другарките околу мој термин што се,да не ве тагнувам посебно. Да издржиме сите до крај се со убаво,па по други теми да продолжиме дружба наскоро
Друштво да ве поздравам. Успеав да ве прочитам 10 страни наназад, ама со малку прескокнување Вчера се вративме од одмор. Првиот дел од одморот максимално уживав, се изнапливав. Но во среда не зафати и невремето на Халкидики. Хорор, имаме среќа што сме здрави и живи и колата остана неоштетена. Успеавме навреме да се скриеме. Толку во животот се немам уплашено. Почнав да купувам по нешто за бебуш. Толку слатки работи има, ми доаѓа се да купам.
Женски, тие што користите криноне гел, до која недела го користевте? И дали сте имале исцедок во текот на денот? Јас треба до 13та недела но постојано сум ко подмочана
Малце ме стаи на мисла, мислам дека последно бебе пред 3 недели тежеше 2200.. ич не памтам колку беше минатата недела, а не ми даде извештај од ехото, само од цтг то. Знам дека мерките не се многу меродавни, валда ќе биде во ред со тежината. Постелка и плацента исто е? Баш ќе видам сега во четврток што ќе ми каже и за тоа.. Леле колку брзо ќе ти помине времево. Ко вчера да беше кога велев ехееее уште колку имам.. Тебе тек сеа ти почнува возбудата, претнало, икнало, па зошто не претнало последни 3 минути хахаха жени. Ќе се смееме сите на крај.
Еутирокс се пие еднаш наутро. После апчето 2 саати бебето не смее да цица. Прворотка сум не знам како ќе биде со доење ама мора да се мисли на се. Баш од таа причина ја порачав пумпава,да има време да стигне па ако не се погоди ако треба од тука да купам од тие од 6 иљадарки Помеѓу електрична и рачна позитивни искуства имаше за електрична. Инаку имам бебе во близина кое што и цица од мајка и цица од шише мајчино млеко без проблем. Дури со шише подобро се најадува,со цицето знае да се заигра и да заспие. @Мариаа. И @Yowannty ајде сега веќе ситно броите,би сакала да сум на ваше место Јас од утре 7ми месец
Ич не се секирај за тежината. И кај мене бебка во 8-ми месец беше околу 2 кг, и потоа во 9-ти докторката еднаш ја измери само. Тогаш беше неполни 3 кг, а недела дена пред пораѓај бев. Не се меродавни мерките на ехо, на крај особено, така да не ги земај здраво за готово. Мојава се роди 3.600, а јас се секирав дали и 3 ќе има, значи цели 600 гр имаше утка Инаку мене и за првото споро ми одеше времето, особено последното тромесечие Мислам дека и сега исто ќе биде, еве време не ми проаѓа Постелка и плацента е исто иначе, да
Zdravo zdravo, pomagajte drugovi ne znam na sho sum. 36+3 sum, dva dena me boli intimata, na sekoj sat imam kako menstrualni bolki, grb me boli me trga, mesheto mi padna skroz dolu, ama skroz. Da cekam za pregled do v sreda ili da odam deneska?
Здраво и од мене мешиња како сте? Јас со мм моментално на кафе. Бев сабајлето да испитувам к.слика плус пиев од тоа гликозата на почетокот зошто бев жедна почнав да пијам и потоа стигнав до пола па одвај ја испив. Имаше вкус на портокал по саат време мислев готово ќе повратам зошто плус ми се јадеше многу.. ајде помина , сега утре резултатите. И јас како тебе @Sofi.ja , 7ми месец. Дури не ми се верува колку брзо ми помина како што рече @Yowannty кога беше кога видовме позитивни тестови ти женска уште малку имаш , 9ти мислам ми беше многу тешко , цело време во тоалет трчав и бев многу отечена и ако беше зима. Среќа , една недела од кога влегов во 9ти , се породив
Да си одиш денес, па и да те вратат уште подобро, ке го поносиш уште. Без паники, како и да е во безбедна зона си
Абе не ми се верува, јас стигнав да кажам некому, нема ни да сетиш кога ќе ти помине времето. Мене толку бавно ми поминуваше времето на почеток што овде коментари сведочат дека велев бременоста треба да трае 5 месеци место 9. Ти бар имаш една кукла дома да се занимаваш. Ќе ти летне време нема да сетиш. Мене сега деновиве ми летаат, и тоа е така оти колку и да се праам цврста, во себе ме пукаат паники и ужасно ми е страв како се ќе помине. Истовремено сакам да го гушнам бебево и не можам да поверувам колку го сакам уште неродено. @koritsaki и ја сум отечена во нозе. И прстиве на рацеве, ама тие секое лето ми отекуваат од жешко, па може и тоа да е... @Sofi.ja 7ми месец веќе со Корицаки раситнувате броење. Ќе се пречекаме во другата тема.
Хормоните исто не имаат удрено во глава. Едвај чекам да се породам, да ја гушнам бебушка. Па макар 1 ден од 9 месец. Во синко се породив 36+5 супер жилаво бебе со оцена 9/10. @Septemvri ми вели кај брзаш ама сакам малку лето да фатиме со синко и беба дома дури не е почнат на школо Инаку мене Др ми рече 9 месец најмногу растел плодот, а килажата на мама најмалку. Баш ме вагаше +8 кг бев пред 33 недела и ми рече +9-10 максимум ќе бидам на пораѓај. Ми препорача многу протеини. Изварка , јајца, к.млеко риба и пилешко месо. @Мариаа. Поздрав мила и од мене. Се држиме некако И јас спремна со се. Торбица не спремам во Плодност ќе се пораѓам, само алиштата за земање ќе ги спремам после ЦТГ. Кога почнавте на ЦТГ да одите? Мене ми рече Др од 36 недела. Значи за 2 недели. @Magic13 не знаев дека Халкидики бевте. Страшно беше, на видео гледав. Важно сте добри. @Sofi.ja I @koritsaki веќе 7 терате. Веднаш ќе помине времето. Инаку среда сакам до Солун да одиме мм има работа, да доземам ситници и да искористам превоз. Па поздрав девојки чувајте се.
@Sofi.ja доколку таа пумпа не ти се погоди топло ти ја препорачувам на медела... таа е најдобра и ја пробав .. додека бев во болница со бебуш побарав од една докторка пумпа и неколку дена се измолзував со неа .. кога си дојдовме дома со бебуш јас си ја купив истата пумпа и верувај предобра е ..
Jas ovie dva dena sum povtorno so bolki i bas se plasam...veruvajte deka celo vreme lezam i pod terapija sum no sekoj den imam bolki. Ne znam povekje sto da pravam....psihicki sum lom i samo se molam da stignam bar do 28ma nedela