Со добра мисла и божја волја ќе биде мила. Знам дека лежиш цели време. А зошто церклаж не ти направија? До кога може? Има многу трудници кои со минимален цервикс истуекале до термин. Мисли позитивно. Гали го мешко, се најдобро ти посакувам.
Која цена е на медела? Рачна или електрична? Случајно најдов слика на фб страната на Baby blu електрична пумпа Lorelli за 1990ден @newyear2015 ајде мила позитивно,можеш ти Разгледувај си облека,опрема за бебе не мисли на болките и цервиксот ќе биде се во ред еве јас сега почнувам да барам идеи за украсување на ѕидот кај што ќе стои креветчето на бебо
Se trudam pozitivno da milsam, cerklas ne mi napravija bidejki na ctg pokazuva deka imam kontraksii i plus sum 24ta nedela a cerviksot mi e 2.5cm ...so kontraksii mozeme samo dopolnitelno problemi da pravime...daj boze da izdrzam uste malku ....fala mila za podrskata
Тоа е она што сакам да го кажам, ако пие од шише веројатноста е поголема дека ќе игра со цицката. Шишето е полесно и полесно најадува. Но, за тебе е полесно да цица отколку шише да даваш. Затоа велам дека е ризик. Јас така видов голема мака со шишето . Лесно си пие и не сака да се мачи со цицката . Па тука се мастит, затнати канали, намалување на лактација итн. се предизвикано од неправилно цицање. Се случува кај многу прворотки и скоро сите трагична го сфаќаат. Јас бев во депресија заради тоа доење. Со второ шише не давам. Освен ако нешто апла морам. Ако е само насабајле апчето ич не се плаши, на почеток ќе биде потешко, после ќе фатите ред да е најадено во тоа време што е потребно да помине дејството на лекот.
Не се за џабе фрлени пари... ќе бидеш презадоволна од неа.. во болница ми помогна таа пумпа да не добијам маститис а бебето ми беше навикнато на прихрана со шприц бидејќи 3 дена не ми дозволуваа да бидам со него со изговор немало место на одделение да ме сместам мене и него.. после одкога ми го дадоа тоа не знаеше да цица од цицка.. абе маки изнамачив да го научам да цица, 7 дена бевме во болница.. да не беше пумпата на медела кој знае шо ќе беше со моите гради.. и кога не пуштиа дома веднаш од аптека си ја земав истата пумпа.. скапичка е ама добра е ..
@beba@meba која е таа на медела? Таа мини електричната? Таа кај мене овде 80 евра ја најдов ама и јас ја порачав како таа што ја зема Со.фија. Е сега ако се погоди ок ако не ќе земам или Медела или Лансинох
и јас ја земав на медела електричната, прво зашто ќе бидам царски дека со близнаци којзнае кога ќе ми дојде млеко а и дека две да имам постојано спремно..... инаку има на медела и такви шишенца што не течат туку треба бебе силно да влече како од града така да нема да му е лесно ни од шише и нема да има проблем хранењето без разлика дали е града или шише medela calma така се вика
еј мила супер што ја спомна ја баш деновиве ја разгледувам неа ... во болница која ти ја даваа медела симфони ? И ме интересира за дома која медела ја имаш Swing max, или само Swing ? Исто ме интересира ако употребуваш шишиња на медела кои ги користиш Калма ? Едит. пиша ти веќе додека те прашам јас , само за цуцливе кажи ми ако можеш и брадавици нивни дали користиш.
душо зошто не одиш на второ мислење? Инаку за цервикс да ти е скратен е малку меѓутоа познавам случаи каде со 16 мм истерале од 6 до 9 месец, нормално со строго лежење... така да јас би фатила патот кај друг да слушнам втор доктор , па после мирна да бидам, зошто трпиш ништо не правиш така, убаво е тука подршка наша имаш се, но оди ништо не губиш и не се плаши се ќе биде супер ќе видиш
Јас оваа ја видов во клиниката каде што ќе се пораѓам , ама мислам дека за таму нема да ми е потребна пумпа, јас искрено 1 во денот би ја користела пред да одам на работа (а и на работа седам по 4-5 часа) затоа и не сакав доста пари да давам за пумпа , повеќе ќе си цица од мене , здравје. Ама ако не ми се погоди таа од Алиекспрес ќе земам некоја подобра. @Sofi.ja здравје, за таа пумпа што си ја порачала и ти , ќе ги користиш тие шишиња кога би се измолзувала? дали други би одговарале на таа пумпа се мислам? ако дознаеш некоја инфо кажи ми баш , зошто барем две планирам да купам @Yowannty најдобри другарки ќе бидете веќе имам една ќерка и навистина така се чувствувам, а верувам и со второто исто ќе биде. Јас уште од сега кога сум сама дома и зборувам , кога ќе почне да мрда стомакот и правам муабет
Јас планирав едно шишенце да си купам,после одмолзување да се префрли во него млекото,па од него да пие. Уште се мислам дали стаклено или пластично, а го меркав од Авент.
Само свинг ја користам а за брадавици на нук мислам беа... не се на медела.. мм ми ги зема наредниот ден откако ја земав пумпицата... мислев дека нема да ми бидат потребни брадавиците но се излажав.. ги користев неколку дена и после тоа бебуш си цицаше без силиконските.. ми се оформиа убаво моите брадавки.. веројатно од што се измолзував со пумпицата.. а цуцлите на медела не ги користам зошто претходно имам купено на чико и сега за сега се добри за во иднина ќе видиме ..
Здраво Феминки 13та ипол недела сум некни се прештрекав со куче и вечерта дури имав кафено накај розево валјда од стрес.. денес ми влегла мачка дома се извадив од памет кога се стрча.. веќе дерман немам со животинчињава ептен се плашам посилно е од мене.. како се справувате со стрес, страв вака нешо сл искуство..
Оваа ти е за двете гради истовремено да ги измолзуваш... ми ја нудеа во болница и оваа но јас имав проблем само со едната града бебе нејќеше да цица од другата града па барав др пумпа и ми ја дадоа таа на медела.. за секој случај земи си ја и за во болница бидејќи не се знае што ќе се издешава таму.. јас воопшто немав земено пумпа но со сплет на мн околности се испостави дека ми е потребна пумпа... дај Боже да не ти треба во болница но за секој случај земи си ја со себе...
Кога сме кај шишиња јас земав стаклено на Авент,ама сум купила од поголемите 240мл што се. Си викам што сум мислела тогаш,зошто не сум земала помало. Ама ќе видам како ќе биде и со ова
мила кажи ми переше ли навлаките на транспортерот, седиштата, ташната или ? Незнам дали е ова потребно или може да се помине и без него, од една страна си викам нови се, да не претерувам уште од старт со такви паники леле ова чисто е ова нечисто, од друга па уште кај не се макнати по фабрики и никако не сум..
Феминки , почната 10та недела ,сега гледам малку бледа розеникава крв при бришење.Почнав да паничам .Искуство ???