Јас и се бланширав па никому ништо, а стврднувањето на стомакот е нормално, се подготвува матката за пораѓајот
Флауерке, јас се фарбав баш вчера, 6+5 сум. Се фарбав без проблем и во првата бременост, секој месец (плавуша сум, платинесто плава). Не е докажано дека фарбите влијаат негативно на плодот, немало таков случај во светот. Не се препорачува најмногу заради јакиот мирис на фарбите, може да предизвика мачнини.
Јас сум 19та недела, рано ми е за пораѓај Ми вика и фризеркава сега, се фарбаат трудници, се шатираат ама дека ми спомна докторката, а јас Миле Паника сумпа страв ми е Ај уште малку, па после пораѓај ќе се направам скроз плавуша @Sexybaby86 не знам зошто ми кажа така докторката, вика она се фарбав и ја цела бременост ама со 6% хидрогенИ не знам, така некој страв си имам цело време па викам ај да терам како што вика она
Матичната мене првата бременост ми забрани и да се депилирам, многу било штетно за плодот и за мене За фарбање па никако, ми викаше ќе си одиш подрасната со корен и ќе си свиркаш Мислам, претеруваат некогаш, што нема да чуеш Среќа Гордана кај што одам во Систина е современа и не ми збори такви работи
Леле зар доктор вакви работи забранува? . Ц ц ц глупости . Тоа е веке нега и хигиена на жена. И првата бременост и сега се правам. И нокти, и се фарбам и се депилирам. Нормално ако не ми е пријатно депилирањето нема да одам, таков период имав во првата бременост. Гелни нокти пред порагај ги извадив мада немаше врска . Може и со нив. После бременоста имав уште една операција, па отидов со гелни нокти ама френч. Никој ништо не искоментира ниту ми забрани . Некогаш ние мајките си ствараме сами паники .
Абе глупости, затоа не одам кај неа. Ми служи само за упати за крвна слика и недај боже боловање ако треба Инаку нокти правев и јас првата бременост некаде до кај 7-ми месец, после ги извадив. Сега исто си ги правам редовно, правев баш пред некој ден, и планирам да терам додека можам, до пред пораѓај. На депилација си одев и првиот пат и сега нонстоп, освен еден период кога имав многу болки во кичмата, па се средував дома сама со крема. Не мислам дека овие работи влијаат врз бременоста на лош начин, ама ете, има доктори што мислат дека депилацијата е штетна
Да бидам искрена за депилирање и мене мојот матичен а и докторот во Ремедика ми забранија, само со брич. А баш сакав н крајот една депилација и раат да бидам, баш ми направија шубе.
Знам, и мене ми беше шубе кога ми кажа. Искрено, мое мислење е дека од фарбање, нокти и не знам што, депилација е најмало зло. Не гледам како би можело тоа негативно да влијае на плодот, ниту навлегува во кожата, ниту е хемикалија некаква силна (како фарба на пример, или гел за нокти). 90% од жените го прават сево ова и раѓаат здрави прави деца. Да беше до толку штетно, секое второ дете ќе се раѓаше со некаква маана. Пак ќе речам, ова е мое мислење, не тврдам дека е исправно, туку дека мене ми е најлогично
Ќе споделам мислење што ми го даде моја блиска, а е Др и има работено како гинеколог во Санте и со Чадиковски на проект за новороденчиња. За депилација ми рече ако издржуваш нема штета на бебе само што и тоа чувствува болка. А за нокти и фарба строго ми рече НЕ бидејќи имало штетни хемикалии на кои можело бебето да е алергично и доведувало до промени во растот, како и подоцнежни алергии на храна или респираторни органи. А можело и воопшто да не реагира. А морам да нагласам дека е модерна млада Др секогаш средена со напредни сфакања.Кога ми рече така шубе ме фати и коса фарбам со к'на бидејќи ми е темна, а и многу ми се зацврсти дали од кната или витамини, а ноктите ги држам кратки, инцидентно ставам лак за прилика
Малце стручно, но ќе се обидам поедноставно да објаснам, од 36 до 38ма недела е последната фаза од развитокот, се развиваат алвеолите. Обично до 37ма недела се развиени, но е индивидуално. Тоа се најситните структури, изгледаат како гроздови од балончиња во кои се прима воздухот. Но и да се роди бебето на почеток од 9ти месец тие ќе се доразвијат и надвор, но ете подобро е да се доразвијат додека е внатре и заштитено, да се избегнат инфекции откако ќе се роди и да нема потреба да прима кислород. За депилацијата, докториве мислат на интимна депилација бидејќи повеќето козметички салони само го процедуваат восокот па може да биде извор за фаќање инфекции. Ако депилирате интима, исклучиво со чист восок за една употреба.
Докторот и мене ми препорача првите 3 месеци да избегнувам фарба и лак за нокти. А потоа ми рече фарба да не е од корен и лак за нокти без некоја состојка внатре и ацитон без ацитон.. Не се депилирам, се средувам со бикче. Правев бајалаж во 5ти месец ама не од корен, ноктите ги чувам кратки ама одвреме навреме си ставам лакче. На пример вчера стаив едно неон розе кое сигурна сум од месечина можат да ме забележат навечер. Туку денеска имам чудна болка во стомак лево. Не е толку ниско за да мислам дека е јајникот.. и ја чувствувам само кога случајно ќе го потстиснам местото кога се исправувам или пробувам да се навалам. Бебе нормално мрда... Не знам што да мислам...
Леле жени стомаков доле ми отиде скроз. Го осеќам како притиска ептен најдоле. По скали кога идам мислам дека ќе ми искочи секој момент. Вака треба да биде или? Аааа,паники
Јас ништо не го прашав гинекологот за разубавување Се немам фарбано од јануари , не од страв некој туку некако мојава боја ми се допаѓа , па и чекам да ми падне црново , може некоја промена да направам Туку секој месец ставам гел лак на моите нокти , ме интересира дали до крај на бременоста можам да ставам или?
Сестра ми 1 ден пред да се породи и беше скроз спуштен стомакот, вечерта веќе ја фатиле болки. Другарка пак цела бременост и беше спуштено долу мислеше пред време ќе се породи, ама истера до термин.
Па од матичниот добив неколку причини зошто не за депилација, од болката некои жени добивале зачестени контракции, од топлината на восокот можело грлото да се размекне, зголемен ризик од инфекции и сраснати влакна. Тоа се нејзини аргументи,а за млада млада е и многу е средена.
Јас пак со паники ,18+2 сум почнав да осеќам како пеперутки во стомак како да ме лазе нешто нели тоа се движењата целата радости кога ке осетев така.Но вчера имав малкку стресна ситуација што се потресив тешко дишев,со б6 се смирив и фала на бога и целата ситуација заврши добро се . е сега прашањето мие дали нормално некои денови да го осеќам тоа како да ме лазе почесто а некои денови да е понамалено и се плашам од вчерашната ситуација да не влијае на него.
За фарбање и мене ми беше шубе првите 3 месеци, плус од миризбата ми се лошеше. Ама сега веќе морам, скоро 7 ми месец, да се средам, па после здравје ко ќе се породам. Да бев плава можда немаше да чекам толку, шо знам. За депилирањето и претходно, а и сега само со депилатор се средувам, па сум немала некој проблем. Сум слушнала дека заради болката матката се стега и предизвикувала контракции, ама колку е точно не знам. Мене само првите 2 мин ме боли после немам гајле. Абе па и не се фарбаме или депилираме секој ден па да се мислиме дали било штетно. Не ќе шетаме сега 9 месеци несредени. Море и појќе, после заради млекото не чинело, па не знам шо. Уживајте таму.
Мене за синко дента пред пораѓај ми се спушти до вечерта се породив. Сега со момава цело време ми е подолу спуштено, дури дома ми викаат денес ептен се забележува. Од желудникот до под папок празно е мешето. Негде први знаци од телото на бебе( газе, стапалче) напупувам под папок. А и од вчера пишав удари осеќам ептен долу кај вагината. Дури и страмните усни ми се потечени. Но чекаме да видиме како ќе се одвива. Болки немам. А беба денес од синоќа наплаќа со мавање и за вчера што беше мирна. @Yowannty болката сигурно од ударите е. Некој нерв наоѓаат бебињата и таму копаат. Мене синоќа болка до лошење имав десно од мавање и тегнење. Не се секирај штом мрда добро е. Во кондиција е.
Друшке не се секирај, нормално е некој ден повеќе да ги чувствуваш движењата, а некој ден помалку. И јас исто се секирам кога ги нема подолго време ама сега веќе им го фатив редот, преку ден се многу помалку активни ама затоа па навечер после 23, урнебес е внатре Немај гајле, добра е беба. Самоконтрола поголема мора во бременост, и јас некогаш се нервирам ама се трудам да елиминирам било каков стрес и да реагирам понормално. Јасно ми е дека животот тече, не може да знаеме што ни носи денот, ама сега мора поприбрано да реагираме за што и да е. Уживај и гали мешко, ич не се секирај