@Sexybaby86 ова ми го кажа докторката кај која одам приватно. Во глобала на неа и верувам многу повеќе отколку на матичната. За фарбањето, ми рече така и ја послушав. Прееска фризерката ме убедуваше дека може и со појак хидроген, ама ете ми беше шубе да не ја послушам докторката, а и не ми направи некоја драстична промена во боја. За депилација и мене ми рече-ако можеш да издржиш и не осеќаш многу болка оди. Само обавезно со восок за една употреба, нели заради инфекции. Јас за греота, 4 месеци од кога останав трудна не одев на депилација од стравИ се средував донекаде, ама не е тоа како ко ќе си одиш на депилација. Сега се смеам со мм, не можам ни да се видам од стомакот, па не се потресувамама ќе продолжам да одам на депилација. А искрено ете, сите доктори различно кажуваат, ама па колку помалку хемија и болки толку подобро. Ама па и ни треба средување. Мене посебно, многу ми влијае на расположение, посебно периодов што се осеќам за никаде.... Само Господ да не чува нас и бебенцата, ќе тераме како ќе кажат докторите
Поентата е НЕ за депилација во прво тромесечие,заради болката шо можиш да ја предизвикаш,а не дека има хемикалии. Мене гинекологот ми рече " Раце,лице,подколена шо сакаш прави.Ама стомак,препони и надколена НЕ ЧЕПКАЈ! Логично е од самата болка се стегаме и се прават контракции. Јас се депилирам надколена и покрај забраната,со депилатор и тоа често за да не дојде да пораснат многу па да боли.На препони само со брич.
Моето патешествие денес Имав упат за во Синлаб за скриен шеќер. Уште кога го земав им пишав на фб дали може да одам во Аеродром бидејќи на упатот стои Кисела Вода. Ми пишаа може во било која лабораторија. Одам денес накај 11 во Аеродром. Дечкото ми вика ова само во Кисела вода и Тафталиџе испитуваат. Се упатувам во Кисела Вода. Се врткам 30мин паркинг нема. Фати скоро 12. Доаѓам на ред вработената ми вика ааа касно ти е за скриен шеќер тоа од сабајле се прави. И викам па мене ми е сабајле пред 1 час станав,повеќе од 12 часа немам јадено. Она пак ама не не,ние додека те боцнеме,едно па друго 2 саат ќе фати што ќе ти правиме ако ти се слошиo ок,дај ваму книшката! Со плачење излегов му вртам на мм, му викам сега ќе се упатам во Авицена ако и од таму ме вратат си одам дома и не испитувам скриен шеќер! Доаѓам во Авицена без проблем ме примија,ме боцнаа пред 50тина мин, пред 10мин ја испив течноста. Ми ставија мало саатче пред мене што одбројува време,второ боцкање за 46 мин. Потоа ќе имало трето после 1 час од второто. Нема мрдање од лабораторијава,нема движење,не смее ни стрес затоа што се влијае на резултатот (а не да се изнервирав претходно) Дали се сите боцкања од вена? За фарбањето,се фарбам од 2 месец,еднаш месечно само корен за да покријам бели влакна,со фарба без амонијак,дозволено ми беше од гинекологот,а која фризерка и да ја прашам вика врска нема фарбање со бременост не штети. За депилација,во првите недели ми беше страв од се додека не поминаа 12те недели. После додека се решавав денес,утре ми кажаа скратен цервикс и контракции и се откажав од намерата,можда пред пораѓај би отишла
Јас цело време од почеток на бременоста се депилирам со топол восок. Не можам да се откажам и исто ме боли како и претходно. Сега последниот пат малку повеќе ми беа пораснати и ме болеше повеќе па и козметичарката ми нагласи да одам точно на 4 недели. За фарбање не се фарбам воопшто, а нокти не правам од што ми е шубе да не е штетен гелот.
Имењачке, Добро ти рекле во Синлаб, скриен шеќер се испитува само рано сабајле, а ти си го прошетала цел град дур им отидеш си има таму зошто треба одма чим станеш, а и исто по прво боцкање не смееш да се движиш... инаку мене сите три боцкања ми беа од прст... инаку за ова со упатот можеби нешто немале таму што е потребно за да се испита шекерот затоа те вратиле ... ако пишува к вода тој важи за сите нивни лаборатории јас во три различни нивни со таков упат се имам боцкано..
Имењачке јас во 10:30 станав мене рано сабајле ми беше тоа ама такви дрски,нехумани и некултурни не сум знаела дека постојат.. Еве чекам 3то боцкање за 40тина мин,сите 3 од вена се. Малку ми доаѓа лошење од течноста,ама ај ќе преживеам па ќе си се оптегнам дома во кревет
леле блазе тебе не памтам што беше тоа спиење до 11, некаде периодот кога искачав до 5 сабајле во диско ајде уште малку и ќе надохнадиш со храна после
За фарбање и за депилација е муабетот.. па вака јас и се бланширав па истиот ден и се фарбав (така секоја втора трета недела) , се депилирав често до некаде почеток 7 месец.. со депилатор.. од глава до пети се средував со се интима.. но после 7 месец почна мешко да ми смета да не гледам долу и продолжив само со бикче на интимата... па еве се роди синко жив и здрав .. секој доктор различно кажува.. мојот ништо не ми кажа ниту ми забрани, сепак тоа си е мој избор, па ваљда нема да шетаме несредени, расчупавени нефарбани во главите и "ураснати" како орангутанчиња некои.. сепак девојки сме и ни треба нега и хигиена ... убав ден мешиња..
Денес проверував д димери. Вредноста е 1429, а горна граница 1700, некаде читам до 1500. За еден месец двојно ми се зголемиле и ме фаќа паника. Од терапија аспирин пијам цело време. На контрола сум наредна недела. Има некој искуство? 29+2 сум. Кога ќе дојди тој фамозен 9ти месец??? Ќе барам уште во 36та недела да ме породат, овие паники да завршат.
Мајки ние сега се вративме од втор скрининг. Моите машкуданчиња растат со брзина на светлината Бевме сведоци на боксерски меч меѓу браќата, ќотек мајко мила Ќе ја расцепеа преградата меѓу двете постелки додека ова мрзливкото мудро си се повлечи... Се стопив... Добри се и тоа е најважно. Цервикс одличен. Се надевам така до крај. Само здрави и живи да ги донесам на свет, само тоа. И јас, и вие... Сите ние! Радост голема, секој да осети.
мила не се плаши јас со 2600 димери сум цело време веќе 4 месеци , 1400 се супер бројка, покриена си со терапија без грижи, ако и на ехото ти е се во ред да си уживаш и да не се нервираш ама ич, тие ќе растат цели време да не се плашиш !
Баш ми е мило, дај боже до крај на бременоста се ваќа убави вести да ти кажуваат. И секогаш ваква радост да си осеќаш
Добро вечер мешиња што правите Од денес 7ми месец , 27ма недела Сега бев да ги земам резултатите од крвта Испитувањето за скриен шеќер - сите вредности се во нормала , тоа ми беше најважно. Е сега па во урината ми нашле оксалатни кристали и хемоглобинот ми е малку низок , тука до граница.. За кристаливе прашав во лабораторијата и ми рече дека може сум била настината - ама не е ништо да не обврнувам внимание на тоа , плус имаше само еден плус така да ок. Ги оставив резултатите кај сестрата и ми рече ако има нешто докторот ќе ми се јави , чекав чекав и ништо . А со сигурност треба да ми покачи доза на железово , ми дојде мене сумљиво уште кога ми го смени минатиот месец - првото што го пиев што ми беше грозно има повеќе мг железо од колку ова сега што го пијам. Ќе видам дали утре ќе се јави , ако не се мислам дали да му отидам на лице место Добра ноќ женски
Ти благодарам. Ќе видам како ќе поминам на ехо наредна недела. Се плашам бидејќи имам генска мутација и еден спонтан во 20та недела, ама тогаш не бев под никаква терапија. Ти примаш некаква терапија? И со близнаци си бремена, нели?
Не се многу покачени. Мене околу 26та недела ми беа 1700, не примав никаква терапија. Денес бев да ги проверам пак во 36та мене ми се 900. Ептен се зачудив. Следи мерки на ехо и не им се замарај многу.
@Мариаа. Не знаев и дека без терапија можат да се намалат, браво. Дај Боже се да биде во ред на ехо, од памет сум веќе извадена. @koritsaki тие кристали во мокрачата мислам се јавуваат од недоволно внесување на течности. Ама не е страшно.
Кратко ме нема и сте се здружиле на муабет, ве изначитав. @Мариаа. Зеде брисеви 36 недела? И што друго се испитува тогаш? Јас уште нецели две недели влегувам во сигурна зона. @koritsaki исто и јас мислам повеќе течности да земаш, а за железото обавезно појаки лекови. Јас сега земам сидерал фолик наутро и хемовит плус навечер. И железото и хемоглобинот ми се долу. @Magic13 зошто испитуваше димери? Јас кога бев некни кај Др. Марија во Битола и тоа заради паника на матичниот дека бебо не растеше ми рече нема потреба од димери?!?
@Presrekna Да,ми земаа брисеви. Тоа е последно,и после цтг на една недела. Јас сега бев,па наредната недела сум пак. Тоа е тоа. И чекаме