Добар ден и од мене на нас ни спие многу , времето само за спиење ,ама за жал на работа сме. Си викам уште некој ден и одам на породилно . Инаку сме супер парвев ЦТГ во вторник уште сме мирни, на клоцко убаво му е стомак, па ке правиме следно после НГ освен ако не реши да излегува порано .Поздрав од нас Сноу со лесно нека ти е да се гушкаш побрзо со бебуш.
Од Сноу денес чекаме вести Јас сум ептен возбудена, иако се трудам да не ја мислам за да си помине со лесно. Цела среќа и ја праќам и да има најубав пораѓај
Иако ме нема да пишам секојдневно ве читам и пратам тука во трудничкиве муабети(иако сум мама на големи дечки ) али сега кога читнав за сноу неможам а да не се јавам ептен се возбудив за неа со лесно мила сноу во скоро време ке се гушкаш со бебушко ај ај само со лесно Госпоѓо од предпородилна сала држи се храбро наскоро иде војничето мало
Вас ви праќа поздрави , а мене директен пренос во живо ми врши, ќе ја истепам. На секое нејзино офкање се ежам а мислев сум заборавила и наскоро пак ќе се нафатам на такво нешто, ама неееееее јооооокк
Затоа и мобилни треба да забранат во претпородилна сала. Ајде Сноу, концентрирај се на тоа што те чека таму, има кога да пишуваш овде. Со лесно!
во државна јас до во пред породилна бев со тел. си разговаравме со мм и само му реков дека седнувам на бокс ке го тргнам тел. никој не ми забрани на бокс сум била 3 саати кој мене би беа како 20 мин. мм дошол затоа што толку долго ме немало а можев и од бокс да си зборам ништо не ти забрануваат, ама јас си го тргнав и се концентрирав на тоа што ми следуваше
Со лесно Snow те чекаме со убави вести Јас денес бев кај матичниот, ми ја прекина фолната и ми даде да пијам магнезиум и некои мултивитамини. Е сега ми спомна и од време на време може да пијам и калциум, ама јас колку што знам нели калциумот се пие покасно во бременоста Ај поискусните нека ми пишат од кога почнаа да го пијат калциумот, поздравче
Зашто ти ја прекинал фолната? Фолна се пие до крај на бременоста, а за калциумот го пиев од кога дознав дека сум бремена до крајот , бебето зема од мајката калциум и тебе ќе ти треба аради ова забите многу лесно се расипуваат во бременоста, мој совет е да си ги земаш работите до крај и фолната, тоа се се витамини нема да штетат на бебето
Ние денеска бевме на контрола. Срцето на мама е тешко 1560 гр. Овој пат не си го криеше лицето, па успеавме да го видиме. Да ви кажам нешто најискрено? Вистински убавец е! Па и како нема да биде кога мм вели дека личи на мене, ако личи на мене мора да е убав. Си напредуваме како што треба, крвта е супер, резултатите од кумбсов тест исто така. Во понеделник треба да примам инекција како превентива од создавење антитела и дополнително ќе пијам таблетки за да го појачам железото. Малку се загрижив, но за тоа пишав во соодветната тема. Докторката на постелката забележа две лакуни со големина од 11 мм. Рече дека не е страшно, но ми даде упат за трансфузиологија да проверам Д-димери. Што се лакуни? Докторката проба да ми објасни, но јас навистина ништо не ја разбрав! Извадена сум од памет! До следната контрола ќе полудам, до сега се беше како што треба и одеднаш ова. Некој со слично искуство? Некој да ми даде некакво објаснување? Ве молам зошто умирам од грижи!
Само што се вратив од ГАК, ЦТГ вика има контракции, отворена сум 2прста,а јас денес ништо не осеќам ми рекоа дека ќе било бргу, ама ме вратија дома да чекам почести контракции или пукање водењак. Сега си чекаме