Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    нокти јас си лакирам дома и си средувам а не одам по салони за гелни и не знам какви никогаш и не сум одела. За фарбање мене во првата бременост докторот ми рече не смее ама не препрашав зошто и еве до сега не знаев. А цело време мислев дека е бесмислено некој да рече не смеело фарбање во бременост. А најголем глупост што сум ја слушнала е дека не чинело коса да кратиш додека си бремена. (facepalm)
    не знам ама јас одвреме-навреме така го осеќам. Као да е веќе бебето влезено во канал дотолку ниско.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.478
    Допаѓања:
    183.711
    Пол:
    Женски
    Здраво труднички :)

    Денеска официјално отворам 9ти месец. (poolparty)
    Цело сабајале си приплачувам, што од возбуда, што од страв што ќе биде и како ќе биде... па пак од возбуда.. :wasntme:
    Толку ми е тесно во своја кожа, што ми е страв да не му скршам некое ковче на бебе додека се исправам од кревет или додека легнувам па го потстиснувам стомаков. :tmi: (facepalm)
    И јас чувствувам благи болки... не сум сигурна дали се јајници никогаш ме ме болеле, ама можно е да се. :tmi:

    Утре второ цтг па ќе наминам до клиника да видам што ќе треба за мене, за конечно да се спремам. :D
    Не знам ни дали да понесам и шише за бебе, или од таму ќе ми дадат... Утре со списоче ко школарче, и конечно да се спремиме за големиот пречек. 8)
     
    На Anomis11, Larahappy, Lostinparadise и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Нема да ти треба шише со сигурност, со шприц ги хранат во прво време, чувај си го шишето за дома.
     
    На Presrekna и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Мешиња едно инфо од мене за тие што ќе се пораѓаат на гак.. во врска со изводите за бебенцата.. доколку Ви речат да доставите документи за извид и дека ќе го добиете за 24 часа евентуално за ден два Ве лажат.. од искуство Ви кажувам.. моево бебе е родено на 20 јуни и на 21 јуни ми рекоа да се достават потребните документи за извод до 14 часот и дека ќе го земам за 24 часа.. мм докде ги донесе документите, среди се што требаше и еве до ден денес не го земавме изводот.. утрово мм отиде во службата за изводи која се наоѓа покрај кеј - стара комерцијална и таму му рекле дека не е готов, и кога тој се побунил дека еден месец е поминато а изводот уште не е готов, почнал да ги критикува и да кажува дека такво нешто никаде немало само во нашата ни државичка... вработениот таму му рекол да се смири и рекол дека ќе провери зошто е тоа така и што да види.. видел дека апликацијата им била доставена на 11 јули.. значи 20 дена (од 21 јуни до 11 јули) ја чувале во државна и кога им текнало и им било ќејф ја однеле.. среќа па тој вработениот се погодил добар и веднаш побркал работа да се изготви изводот за малото... за 5 мин го направиле.. затоа немој да погрешите како мене... веднаш по пораѓајот пратете ги своите директно во службата покрај кеј да аплицираат за извод бидејќи таму за брзо ќе го земат.. веројатно за неколку дена... се надевам помогнав .. секое добро и извинете за долгиобжв пост... со лесно мешињааа
     
    На Rose-tulip, Presrekna, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  5. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Ајде со лесно мајка, уште малку ќе се гушкате со бебуш...
    Па за во болница ќе ти требаат неколку работи..
    - за БЕБЕ : Памперс, влажни марамици, павловичева, ракавички (облека за бебе таму ти даваат, од дома не земај) и некое ќебенце за да го покриваш зошто има промаја од сите страни (за во гак зборам поточно)
    - за ТЕБЕ: влошки со мрежа (3-4 пакувања), гел за туширање, сапунче, паста, четка за заби, чешел, нешто козметика, 1 пешкир а може и 2, влечки, чорапи (за секој случај), евентуално пимпа за измолзување- може а и не мора, можеш и од нив да побараш ќе ти дадат нивна да користиш, и долен веш (гаќи) само ќе внимаваш визита кога ќе има да не ги носиш онака во текот на денот можеш ..
    Тоа се тие основни работи кои се најпотребни (мене тие ми беа потребни во гак)..
     
    На Presrekna, Martka и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Ајде сега ред на мене да се "исповедам" :lol: денес 36+2 до термин уште 31 ден. (Мислам краен термин, 18ти август ) ама се нешто осеќам дека малку порано ќе се породам :rofl: денес бев на преглед реков аупм и брис треба да ми земаат кога само така од нанога докторот без спекулум без ништо... Абе цел живот ќе му бидам благодарна. Аман не можам тоа да го поднесам. Исто ме прегледа со рака но за чудо за разлика од првата пременост се поднесуваше. Или па мене така ми се чини. За цтг следна недела тогаш 37+3 ќе бидам. Малку касно ми се гледа,очекував денес да го чујам срценцето... :( бебче беше 2кг и нешто.
     
    На Andonia, Presrekna, minneymouse82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    108.614
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене труднички :)
    Денес доста топло , што убаво ладничко си беше.. :|
    @Yowannty ајде срц уште малку па ќе се запознаете со бебка :inlove: и јас здравје од септември ќе се распрашам што како ќе ми треба за во клиниката :inlove:

    Се јавив денес на секретарката за железово да прашам што како , првото што го земав беше една ќесичка 695 мг а другово сега што го пијам секое шишенце 300мг. Пијам два пати на ден :)
    Значи првото содржеше повеќе железо него ли ова сега ова што го пијам.
    Ми рече супер ти се резултатите. И реков да го праша докторот што да правам заради нискиот хемоглобин, дали да ми зголеми доза или да земам од тоа порано што го земав , рече во сала е ќе ти се јава подоцна да ти кажам и ете од сабајле ги нема :(
    И сега јас што да правам.. се изнервирав да ви кажам.
     
    На Presrekna, Kaetana и Yowannty им се допаѓа ова.
  8. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    @koritsaki Мене за хемоглобинот ми помогна пиење вит.Ц 1000 заедно со препаратот за железо. Види пробај :)
     
    На Presrekna, mimi257 и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.478
    Допаѓања:
    183.711
    Пол:
    Женски
    @beba@meba фала ти мила на сугестии и совети. :)
    Повеќето ќе ги послушам од старт, за некои работи морам да се консултирам овде, оти не сум во МК.

    Баш се зачудив, пред околу 2 недели го пратив маж до аптека да праша за влошките со мрежа, и аптекарката му рекла као зашто да купувам такви, боље е да користам обични влошки на мои гаќи во болница. И сега сум на мисла дали е овде дозволено така, чим така му кажала... Како и да е, утре ќе знам точно инфо. :)

    Докторот мој од старт ми кажа дека хемоглобинот ќе почне да паѓа што е нормално, да не се секирам и дека веќе при крај ќе почне да се качува и навистина така беше. И последната кс не ми е најдобра, хемоглобинот е пак понизок, ама веќе повисок од минатите месеци.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Мила честитки за бебушка и сакам да те прашам што документи треба да однесам за бебуш кога ќе го пријавува мм.Ти благодарам на споделеното.Секое добро
     
  11. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Мајки каде ги правите скрининзите, на клиника или во приватни болници? До крајов на месецов треба да го направам првиот скрининг и баш се мислам, кај кој доктор, каде е најдобро, совет?
     
  12. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Јас и приска и прв и втор скрининг ги правев во Плодност
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Ма нема на што.. ова го сватив како задача дека мора да ги предупредам идните мамички да не аплицираат за извод во гак зашто ќе се изначекаат цел месец како мене... а потребно Ви е фотокопија од твоја и од на маж ти лична карта и фотокопие од изводот на книгата на венчаните.. некаде околу 200 ден плаќаш во пошта но доколку имаш картичка со неа можеш веднаш на шалтер да платиш... ем побргу ќе завршиш ем ќе ги избегнеш гужвите по шалтерите во банка или пошта.. позз мила
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Молам мила.. Па добро таму ваљда е подруго.. јас ваму од искуство споделив... а за обичните влошки мислам дска нема да можат да апсорбираат толку крв во првиот ден како што може влошката со мрежичка.. сепак прашај си таму во болница они најдобро ќе ти кажат.. ваму рекоа дека гаќи не смееме да носиме бидејќи ја стегаме раната и не и дозволуваме да "дише" за побргу да заздрави... но како и да е секаде има различни правила.. и на секое зошто има затоа... се најдобро... гушкај меше ова ти е најубавиот период.. и тука е и исчекувањето кога ќе бидеш со бебуш ...
     
    Последна измена: 17 јули 2019
    На Martka и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
    Првиот скрининг и приска на ГАК, вториот скрининг во Систина. Нема споредба.
    На ГАК скринингот траеше 5 минути, докторот (што не знам ни како се викаше) ни збор не прозбори. Буљаше у екранот, си праеше некои чаршиски муабет со сестрата, катастрофа.(n)
    Вториот скрининг го праев кај Дракулевски во Систина, човекот е злато.(y)
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    108.614
    Пол:
    Женски

    Јас овие ги користев , првите од сликата кога се породив уште првите часа додека крварев , малку при соблекување беа комплицирани :lol: , а другиве подоцна

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Софија 88 и Yowannty им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.478
    Допаѓања:
    183.711
    Пол:
    Женски
    @beba@meba :hug: :f:

    @koritsaki баш вчера ги гледав овие во супер маркет, ама вториве ми стоеја ко да немаат крилца, а се си мислам без крилца да не се улепам цела... :worried:

    И да прашам, ако се деси евентуално да завршам со царски, исто има обилно крварење, за кое ќе ми требаат специјални влошки?
     
    На beba@meba и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    108.614
    Пол:
    Женски
    Да , вторите не се за ако крвариш многу , тоа веќе кога ќе ти престанува ама можеш за мало крварење и влошки да си користиш , обични. А првите многу ми се најдоа зошто на почеток многу крварев , и се собираа , не се правев лом :lol: а за царски , не знам како е навистина , дали крварењето е исто како и при обичен пораѓај.. :?:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Исто е Јованти, обилно се крвари првите денови и со царски. Најмногу првите 2-3 дена (додека си во болница), после тоа се намалува. Ќе ти требаат влошки ако нема болницата, ама вие барем има кај да купите, така да ништо страшно :) Јас во болница ставав нивни, а дома кога дојдов си купив од Она обичните со памук и мрежичка. После една недела крварењето ептен се намали, помалку и од циклус беше, па терав со обична Always влошка.
     
    На Kaetana и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Ги спомна гледам лажните контракции, па да искористам да прашам... Јас сум 25 недела и по многу пати дневно неделава ми се случува некое затегање на стомакот. Цело време гуглам, прво мислев дека е бебето, дека турка надвор па осеќам газе или главче, ама според тоа што читам на интернет, повеќето викаат дека тоа се брекстон хиксови контракции и се стега стомакот на една страна па затоа се истакнува положбата на бебето како тоа да турка нанадвор. Не знам колку е нормално ова, се плашам да не е некој знак за предвремено породување зашто по многу пати дневно го осеќам? А на контрола сум дури за три недели, последен пат бев во 21 недела... Инаку пијам магнезиум по едно или две дневно и ставам утрогестан навечер. А немам болки никакви, само кога ќе се стегне стомакот како малку се задишувам.

    Чувствува ли некој друг вакво нешто и дали е нормално во 25 недела?