1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.305
    Допаѓања:
    132.026
    Здраво,
    Денес се јавив на докторката да ја прашам за исцедокот и дека пак малку чешање имам(ама надворешно, на усните), ми рече вагиналети Микрогил да ставам. На 5ти Август сум на преглед, за втор скрининг па се надевам дека до тогаш ќе е се добро, оти докторката оди на одмор па нема консултации:)

    Кажете ми, чистите по дома со некои средства?! Јас купатилото оставив мм да го чисти, ама ме нервира оти треба многу зборење па да земе да го исчисти. И сакам, колку можам де, да чистам јас. Треба и прозори да бришам, ама не се нафаќам, оти од еден ручек и со дете што сум па после пола ден ме боли стомак.
     
  2. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    24.029
    Пол:
    Женски
    На последниве брисеви пак ми покажа кандида:doh:
    Не знам колку вагиналетки имам изнаставано и пак ништо. Сега ставам нео пенотран форте. Ако пак не се излечи до пораѓај,пуштаат антибиотик така? Ваљда не е страшно.
    Фала богу па негативно покажа на стрептокока(y)
     
  3. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Јас користев до пред 2 недели утрогестон и пред да престанам ден два ми се појави чешање баш како што ти го опишуваш.
    Во меѓувреме правев брисеви искочија чисти .
    Мачкаше,ставаше нешто за да престане чешањето? Пукнав еј .. мнг ми е непријатно .
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Флауерке ај седи си мирна! И мојот треба устата пена да ми фати додека го наканам да риба ама ако. Ќе му "бамкам", нема друго. Доволно е што си мајка 24/7, троши си ја силата на малото. Моите прозори ехее, повалкани не си видела ама не се ни замарам. Не ми е вреден га*от сега и нека си се такви. Мајка кога иде чисти. Свеки кога ќе и речам. Јас само прашина си забришувам онака и некој тањир ако замијам. Толку. Е добро јас може дека сум со ивф и прва бременост па затоа вака правам.
    Како и да е, мој совет ти е да баталиш и прозори и тоалет. Задолжи некој друг место тебе. :*
     
    На Andonia, Kaetana, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    166.692
    Пол:
    Женски
    Значи исто е, и подобро да си се снабдам со овие специјалниве па како и да се пораѓам сигурно ќе ми се најдат повеќе од обичните. Фала Секси. :hug:

    Нормално е скроз. Ќе си пратиш на колку време се повторуваат само, тоа е најбитно. Ако доаѓаат во исти интервали, подолго време, ако на пример се повторуваат секои 20 минути, па потоа на 10 и траат исто и времето на повторување се намалува тогаш ќе се јавиш на гинеколог.
    Иначе се случуваат кога бебе е поактивно, и матката реагира на неговите движења.
     
    На koritsaki, Sexybaby86 и EvieBabe им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Јас користам абразивна паста Mill за во купатило,тоа коа добивам инспирација за чистење. Избегавам средства со распрскувачи јер колку и да пазиш ќе вдишиш секако додека прскаш. Јаки средства како доместос исто избегавам, ова некако прифатливо ми е. Во краен случај и сода бикарбона во оцет ќе ти затврши работа ако сакаш хемија да избегнеш. Стаи во распрскувач оцет и неколку лажички сода и ете ти средтво за чистење.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.305
    Допаѓања:
    132.026
    @VedaG10 и мене докторката ми рече дека може од Утрогестанот да ми е, брисеви, урина и уринокултура чисти беа. Ми даде крема, ми рече промивки со камилица, да пијам увин чај и чај од брусница, да не јадам благо, памучен долен веш и поширока облека. Ми рече од кремата 4-5дена да мачкам сабајле и вечер и тогаш ми помина.
    Еве ја кремата
    IMG_20190717_181641.jpg

    @Sesil @bela.m ама кај нас работава е турни ме да кинисам:DА јас нервозна и не можам да му објаснувам по 100 пати дека треба да е чисто дома. Поголем простор е и треба повеќе време.
    И прееска од нервоза земав и ја малку со таа Мил паста па зачистив. Чистев ко лисица со опашка:DОти не можам посилно да стругам, ме боли стомак. Па на крај ко ми се јави мм ми вика не се замарај, остај на мене. Ааа викам, ако оставам на тебе ќе зачистиш во септември:D:devil:
    Знам дека треба да не се замарам со тоа, ама ете таква жена сум-црвец:D ич не сакам расфрлано и не средено. А ако се најави некој, а не е чисто одма се нервирам до максимум:D
     
    На Andonia, VedaG10, bela.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.305
    Допаѓања:
    132.026
    @VedaG10 заборавив да пишам, мене тогаш Утрогестанот ми го прекина, продолжив само Дабростон да пијам.
    Консултирај ја докторкава твоја за кремава, и пробај
     
    На VedaG10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Абе многу убаво те разбирам, јас додека останам бремена, најголем дел од слободното време го минев во чистење на домот. Кај нас е мала кутивка од едвај 70 квадрати, за два саати си го правев спратот цакум-пакум. Никој не го средува како мене (јас така си мислам) и ме нервира кога друг ми се плетка. Ама сега немам избор. Коса ми се крева на моменти ама знам дека морам да издржам.
    Баш пред ивф си купив нова правосмукалка на Филипс со контињерче само (без кеса) и можиш да замислиш колку сакам да си чистам со неа? Мм ќе ми ја остаре мислам, не е доволно нежен со неа : D
    Сепак, колку сме "поумни" и понедомаќинки-толку поарно за бебињата.
     
    На Sofi.ja, Sesil и Septemvri им се допаѓа ова.
  10. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Добар ден нови труднички јас сум стара членка но за жал го сменив телефонот и ми се избриша стариот профил.сега имам нов и ќе се дружиме како порано иначе стариот профил ми беше saramila сега сум мајка на Мелек и она стана голема девојка веќе наполни 8месеца :inlove:
     
    На Baby^, marchi-cool, koritsaki и 8 други им се допаѓа ова.
  11. mimi257

    mimi257 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    238
    мене денес требаше да ми пратат порака со резултатите од последни брисеви ама пошто ги нема до сега се надевам се е ок прво испраќаат кај што има нешто за терапија :)
    мене ми земаа брис за стрептокока со она како бебиштапич ама и со спекулум ми земе уште 3 други се чудам зашто?
    инаку за упорна кандидијаза Донафил ми ги спомнала матичната на природна база се исконсултирај се со некој за нив :)
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Кога е бебуш во прашање ич не ми чуе,нека ми е и нечисто не ми е битно.Битен ми е само бебуш и неговото здравје.Мм кога може и колку може нека исчисти.Имам цел живот за чистење и диети,а бебуш ми е еднаш во стомакот и сакам да се развие и да напредне правилно и да му е пријатно во стомачето,а не да го трујам со разни препарати.Ве:hug:
     
    На bela.m, marchi-cool, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  13. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.305
    Допаѓања:
    132.026
    Хаха и јас тоа заклучив, јас најубаво си чистам:D Ама сега кога би била во можност би си викала жена на 1 до 2 недели да доаѓа и да одржава. Но, сега за сега само мм и свекрва (кога ептен е густо:)). Мајка ми е од друг град и не можам да ја рачунам. Ама сега барем ручек, садови, алишта јас си работам тоа.
    Кога се породив со малата ме пуштија петок, јас веќе во понеделник земав правосмукалката (facepalm)Ми вика свекрвата лежи до детето јас ќе средам. Не, викам ти гледај ја јас ќе чистам. И за 1-2 дена ми се отворила раната, ми паднал конец. Леле колку болки истрпев, околу 2 или 3 недели не можев да седам, ни детето саглам да го држам. И што е најжално, сега му викам на мм- здравје кога ќе се породам, да се вратам во нормала и ќе си направам генералка дома(facepalm):D:^) абе ненормална, не ми иде памет, да не ми избега чистењето:D
     
    На Andonia, Sexybaby86, bela.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    2.362
    Ти мајка за ќотек плачеш, и јас секој ден бришев прашина, секоја недела генералки, све под конец.... ама кога дознав дека сум бремена се оставив на сопругот, не ме интересира ништо, доволно е што можам и што одам на работа за останатото не е битно, игнор!!!
     
    На marchi-cool, flower30, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Девојки што да правам многуууу ми се јадеееее:headbang:.Благо,солено,кисело.....ми иде да го испразнам фрижидерот.Како да си помогнам?...Или нема чаре?:doh:35 г.н.
     
    На MilenaMilena, flower30 и bela.m им се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Не сум фан на чистење, ама сум голем фан на чист дом. Особено пак пред породување, ме фаќа некоја опсесивна компулсивна болештина да го светнам цел стан сосе фиоки, плакари, прозорци, сѐ... Дал ќе успеам.. не знам. Ќе видиме.

    Терам 30 недела, во сабота влегувам во 31. Периодов е хаотичен и комплетно напнат. Јас сум напната. Со работа да не правиме муабет - сѐ некои рокови и нервози. Смачено ми е ама не ни можам да ви опишам колку.

    Киселини ме убија. Ламја. Оган фрлам. И што е чудно - насабајле кога ќе јадам. Обично навечер ме мачат, ама периодов сабајлечки сум крш. Морам рупурут на работа да земам, инаку не се издржува. Може и од нервози плус на работа.

    Бебо се надевам е ок. Маваше во саботата и неделата многу силно.. и од понеделникот е во некое затишје. Ајде, ден два... Веќе денес се нервирам. Го осеќам ама искрено така помлитаво. Скоро сум сигурна дека е ок, ама во дадени моменти ме фаќа паника да одам на болница. Better safe then sorry. Што знам. Па после си велам дека претерувам. Не знам.

    Денес сабајле напад на паника. Хормони. Се изнаплакав 2-3 минути и ми помина. Некако смачено ми е. Периодов како сѐ да ми е мене оставено - маж на работа секој ден до 22. Јас и дете да средам, и машина да пуштам, и дома да средам, а башка и јас на работа имам хаоси, пример вчера до 7 заглавив. И така сме двајцата некако под стрес, а и ова ме нервира што не мрда како претходно, и некако најтешко ми е што се истурам на Мачорка а не ми е крива. Немам трпение со неа, затоа што кога ќе седнам сакам мир и тишина а таа сака да цртаме, да правиме работи.. а јас душа немам. Навечер не спијам убаво, кичма не боли, нозе ме болат, многу ми е мачно станато. И се осеќам како најлошата мајка на светот. Уште па трудна со второ. Јас на првово не можам да ги задоволам потребите. И навечер кога ја успивам знам дури и да ѝ се извинам дека немам толку трпение со неа. И криво ми е. Ама некако од внатре вријам. Се надевам дека е период и дека ќе помине.

    И јас сум на аспирини, ама и во првата бременост и сега ми кажаа до 32 недела (или 34.. не ми текнува). После се престанува терапијата.

    За нокти имам слушнато дека не смее да се лакирани и сл. Затоа што ако си под анестезија ноктите се важен показател за некоја состојба.
    Нозе депилирам со машинка дома, а интима маж средува со машинка за бричење. Престанав да се фарбам баш пред да дознаам дека сум бремена - не за друго, сакав да си ја вратам природната боја и да ја одморам малку косата.

    Туку за пумпи сте направиле муабет. Моја препорака е да не купувате пред да се породите. Во секој момент после може да купите ако ви притреба. Јас купив и употребив само неколку пати. И тоа џабе беше - малата не научи да пие од шише (калма имавме) така да џабе се молзев, а после кога се среди лактацијата не ни можев да измолзам затоа што немав "вишок" за молзење или пак потешко ми беше да измолзам отколку што малата цицаше. Сепак не с малце пари во прашање а може да имате секаква ситуација. Буквално до цицка ја лажев да фати шише. И не научи. На крај, можеби и подобро затоа што не го загрози доењето како чин. (не е правило, но големи се шансите да се противи после бебето на доењето - особено ако е помало).

    И да не останам покуса за влошките со мрежа - искрено во болница само со такви бев, и без гаќи, а и после дома продолжив такви да носам исто без гаќи. Чудно ама ми сметаа гаќи после породување, и сѐ додека имав пообилно крварење не носев. После кога се намали се вратив на обични улошки со гаќи. Ама со царски крварењето ми траеше околу 50 дена.
     
    На Baby^, Presrekna, Lorins и 3 други им се допаѓа ова.
  17. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    2.362
    Мајки ајде јас пак со прашања, дали вашите матични гинеколози ви водат некакви мајчики книшки или сега тоа е електронски, дали од првиот преглет ве метар кг, обем, исто така дали ви мерат притисок?? Дали ви кажуваат која недела сте точно и кога ви е термин?? Јас сум при крај на трет месец и од горе наведеното матичната апсолутно ништо нема направено, ниту кажано, ова јас ли треба да ја потсетувам што сум првородка или самиот доктор треба да ги следи овие рабори, или пак ништо од тоа горенаведеното не се прави?
     
  18. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Јас бременоста ја водам во Ремедика. Од тие причини, само еднаш отидов кај матичната и тоа во 15+ недела. Тогаш ми отвори мајчина книшка и мерев килограми. Од тогаш не сум била на преглед.
    Мислам дека треба таа да ти каже или сестрата. Од каде би знаела ти, нели?
    Секако ќе ти каже која недела си со ехото.
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    18.061
    Кај која докторка си? Ме потсеќа на мојата:D
    2-3 пати можда ме има прашано за тежина ,а исто толку и ни има мерено притисок. Мајчина книшка немам ниту пак ми спомнала.
    За недела ми кажа уште на почеток:)
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.305
    Допаѓања:
    132.026
    Знам, за тоа и пишав "шо створење сум"  :D:D:Dама ич не можам да гледам нечисто. Ок, првите месеци не ни можев да средувам, па мижев со едно око:)

    Инаку и мојата матична (ја прашав 2 пати) рече не ми требала мајчина книшка. Еднаш ми измерија килажа(во 12 недела), додуша не сум ни отишла кај неа. А на приватно кај што одам докторката не ми вика, јас заборавам да прашам и така:D
    А за јадење - термит не ми е рамен:Dмногу, ама премногу ми се јаде:( и јадам:D:)
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.