се сложувам,а рачунај на сето тоа да имаш уште едно дете кое одкако ќе дојдеш од работа гледаш дека домот ти го направило како ѓупска куќа и јас би основното да го стаботам прашина ова она може и без хемикалии да се исчисти.
Јас првиот пат се породив царски во ремедика, сестрите ми ставаа само улошка и таа си стоеше. Дури и одев таа си стоеше. Без гаки. Имаше и гаки со мрежа, ама не знам зошто не ми дадоа тогаш . Ке дојдеа др. само ми ја тргаа улошката гледаа колку крварев и толку . Многу непријатно , а во исто време колку е нормално да си на изволте гола за секој преглед . Многу малку крварев не тече крв на сите страни
Здраво мамички и мешковци. Ме нема еден ден и се изначитав. Ама убаво ми е да ве читам расположени некои нови бремени, па среќни после скрининзи. Фала за советите од трета смена сигурно меше се шири па некој истегнат лигамент беше, а и прехлада. Затоа ме болеше стомакот. Си ставив чорапи и топла вода во шише и вчера утрото како нова бев. Во 5 заминавме Солун до полноќ вечерта супер поминав. Се изнапазарив, се изнашетав. Си се чудам на силата скоро 9 месец, мм и синко паднаа а јас како девојче. Овие 3 дена го осеќам мешко нагло пораснат а и 500 Гр имам ставено а и бебка е поголема. Веќе нема место за движење и само мава и турка. Само голема мака со запекот повторно имам. Трет ден ништо. Што можам сега 34 недела да земам? Многу тешко ми е денес се осеќам подуено пред пукање. Матичната ми рече алкалакс чај може ама некаконе знам. Па генерацио гледам на големо спремни сме за big day. Тие со кандида од искуство повеќе внимание на храната. Фрлајте благо, бел леб шеќер... повеќе овошје и зеленчук и јогурт. Ве сите
@Presrekna драга, ако ти е за утеха, од запек денеска 9ти ден. Конечно се олеснив ради кафето што го испив. А ич не ми оди кафе и не пијам, ама само тоа ми помага. Па вака кога ќе ми се деси праам кафе да се олеснам. Здраво труднички и од мене Ја разочарана. Докторот ми рече најверојатно цел месец ќе терам трудна. Ај важи. Сите трудни 8-9 месеци, ја 2 години, ко слончица се осеќам. Бебе 2880 гр, со +-400 гр од мерката, стои во извештај. Докторот вели сите останати мерки се добри и одговараат на неделата. Малава битно решила да ме клоца од внатре подолго од што јас планирав.
Фала што ме помисли срцка, денес чекам резултати вчера однесов сабајле. Се слушнав со мојот доктор, претпоставува дека е некој песок во бешика, и додека да дојдат резултатите два дена пијам по 1,5л чај од брусница. Инаку ми се смири болката веднаш следниот ден. Инаку никогаш до сега не сум имала таков проблем, но докторот рече дека се случувало во бременост заради тежината од плодот и недоволното празнење на бешиката. Вие како сте ми цури ?
@Yowannty фала за утехата мила ќе чекаме ние од сега, бебушите да дојдат кога сакаат, дури и изметот ќе си го чекаме Ама мајки сме , мораме. Инаку не се секирај ќе бараш да е бебе во меше. Што се однесува до чистење на домот јас користам едни органски природни средства, заради хемикалии, а инаку не се штедам од чистење. Цел ден гимнастика. Така бев и со синко. Овојпат заради годините мислев повеќе ќе се чувам, а и од Др мислев ќе имам забрана, ама не. Можеби дека природно забременив не знам. @lejlla мене матичниот ми води мајчина од првиот преглед со сите податоци во неа. И сите резултати од крв и мокрача ги запишува и до сега денар ми нема земено. А тоа што си одам паралелно во Плодност приватно, не ја засега само ги гледа извештаите од таму. Инаку имаат огромна соработка. @Septemvri те мислев како си, ама си пишала веќе. Ајде уште малку ќе издржиме па после кај мамичките ќе се жалиме Морам да одам да каснам нешто, палчица моја чука ли чука. Сите бебиња се активни кога мама јаде, ова моето кога сме гладни
Кога сме кај изметот до пред 1 месец и јас мака мачев по 1 недела неможев да отидам ,но сега еве 2-3 недели е многу течно но одам на на 2-3 дена и е течно и онака во муабет со матичната општа докторка и кажувам таа вели толку време да имаш течна столица не било нормално да земам пробиотик да попијам.Што мислите вие за ова дали си се чистам или да си попијам пробиотик. Инаку за мајчината книшка кога беба доби срценце докторката ми издаде книшка ме мереше обем ,килограми,притисок и др работи пишеше и речиси преку едно одење ме мере и запишува ,иако одам во Систина таа ги почитува извештаите од таму и се воде според нив,само не се сложуваше со тоа што ми го прекинаа во Систина кардиопиринот па пак ми го уклучи да го пијам. Имајте убав ден .
Мешиња на боледување, се обратив и во конкретната тема за боледување во бременост ама дека овде поактивни сте па затоа се повторувам. Ви се случило ли од Фондот да ви бараат отпусно писмо од болница, т.е. доказ дека сте биле хоспитализирани?? Мене ми го продолжија боледувањето до 07.08.2019г. и тогаш треба да приложам ново конзилијарно и отпусно писмо?? Свеки го сретнала тој претседателот на комисијата и и рекол: "Ааа па дека она со ивф само три месеци и следуваат, мора да си полеже во болница, значи има нешто штом не треба да оди на работа". Се изнервирав искрено. Какво лежење-какви глупости. На секој извештај од Ремедика и на конзилијарното прво пишува високоризична бременост, близначка бременост... Бла, бла... Дај кажете ако сте се соочиле со ваква ситуација?
Здраво девојки. Вчера бев кај матичниот на преглед, добро поминав 1440 грама, веќе сум 30та недала. Денес правев крвна слика, чекам резултати. Го купив и првиот фустан за куклата моја Памучен комплет е во кутија со повеќе додатоци, планирам за од болница да ја дотераме во него. На враќање од одмор зедов доста работи од Солун и од мерак само ги разгледувам @Presrekna и вие бевте до Солун? Многу попуст имаше, ми се оди уште еднаш мене. Многу гужва имаше дека викенд и така набрзина земав. Сакам раат да испазарам уште нешто. @Septemvri мило ми е што си подобра.
Што ви се случи?Јас имам нег.уринокултури.Пред тоа ешерикија имав.На моменти имам притисок на бешика и мокрење често придружено со мало пецкање.Вака еден ден,и ќе се смири.Инаку и бубрези и бешика ми се ок.Пијам брусница капсули со д.маноза.За превентива.Мојот гинеколог вика дека се ова е нормално.Ама јас се плашам од тие бактерии.Утре одиме во Охрид на една недела и многу ми е страв нешто да не мј се искомплицира.Ма да докторкава ми рече дека ништо страшно не може да ми се случи.24недела сум.
Здраво, поназад имам пишано одеднаш ми се јави силна болка во бубрег и бешика само од една страна. И покрај негативните резултати др.ме советуваше некое време да пијам чај од брусница што повеќе во денот. Претпоставува дека се работи за песок што се размрдал. Имам подобрување дали од чајот незнам, но болката ја снема. Се надевам дека и кај тебе ке биде ок, течности и само течности, друго нема. Поздрав
Mene mi e vtora bremenost i sum so dvete celo vreme na boleduvanje nikogas ne mi pobarale otpusno pismo neznam zosto ti baraat
Имате некоја табела за цервикс со мерки според гестациска недела? На пример колку треба да е долго во 28ма недела?
Абе договоривме веќе да ми завршат работа, ќе ми дадат од болница како да сум била 3-4 дена хоспитализирана ама крајно безобразно е. Срамота е вака да малтретираат трудници. Со кое право? Во критериумите на Комисијата стои дека може да побараат Конзилијарно мислење И/ИЛИ Отпусно писмо. Потенцирам И/ИЛИ! Мене ми ги бараат двете! Само кај да се жалам?? Ќе си најдам отпусно и толку.
Мешиња со лесно на сите.ние сме 31ва недела со бебка ама многу ме болат препоните а за една недела сум на преглед неможам да издржам да прашам тогаш викам дали е нормално знае ли некоја да ми каже?
Јас сум 30та и мене почнаа многу да ме болат. До претходна недела немав мака, наеднаш почнаа да ме болат посебно во спиење. Магнезиум земаш?