Da sabajle vecer magnezium.mene posle kontrolata pred tri nedeli pocnaa i najmnogu koga ke stanam od spienje i dodeka se razdvizam toa e strasno.
Горе на вториот кат во Космос, не во делот кај Зара и Сфера туку во другиот дел према Масутис маркетот има многу продавници за бебиња и тоа за новороденчиња. Prenetal... И Др не знам како се викаа.
Се разбудив со болка во колкови. нит магнезиум,нит перници,нит ништо више не помага. Само бебе да реши да искочи,ама по све изгледа му се свиѓа внатре Не можам да спијам,уствари најтешко ми е кога лежам,цело тело ме боли. Си викам да можам да спијам седната,топ Деветти месец има да ме шекне Нешто тивки сте. Затишје пред бура да не бидне работава Јули при крај,ние од Август сите една по една,без прескокнување на ред,да не се караме
Нема карање мила. Како ќе дојде така. Еве јас сум доброволец за прва да идам, ама да не се заречам да се заинати бебо и да останам последна. А Б од болка немам сеуште. Некој изрод сум станала. Гледам сите се жалате од кичма препони... Јас сеуште ништо. Инаку сите што ќе ме видат ми велат долу ти е спуштено мешето не туркаш долго. А и генетиката ми е таква за брзо раѓање. Здравје ќе видиме. И да прашам генерацио кај ве маваат бебињата? Моево скроз десно е заминато. Некое стапалче или коленце осеќам во висина под папок ама десно кај струкот под бубрег. Не знам што бара таму?! И долу под мочниот меур мава, копа мислам ќе се помочкам. А другиот дел од стомакот е празен. Не паметам за синко воопшто како беше, само знам бубалка беше спрема ова.
И јас така го осеќам,баш се зачудев пред некој ден што бара таму на страна кај спојлерите А вчера вечерта баш доле кај срамната коска удари и како меурчиња,реков готово детево излезе Ама претежно околу папок го осеќам,сега почна над папок да се качува и мрда како стомачен танц да играм Мене градбата на мешето ми е таква,да изгледа дека ми е доле стомакот,неколку доктори прашав дали ниско го носам ми рекоа не,во нормална позиција е. За болки,ме болеше карлица од позади,сега неколку дена по ред десниот колк кога ќе ми се здрви,станувањето ми е 10мин
Девојки како стоите со килажата? Јас 13кг сум поправена. Со 55 почнав сега сум 68. До крај сигурно уште 4кг ќе ставам. Многу ми се гледа А не јадам многу. Цела килажа до 20та недела ја ставив. Како ѕвер јадев За болки имам во грбот последната недела и препоните многу ме болат. Најстрашно ми беше 2 пати грч добив на ногата во спиење, леле колку боли, страшно.
И мене грчеви во нозете ме фаќаат ноќе. Ноќеска еден саат се борев со грч на лева нога и тоа надворешен мускул долу пред стапалото. Ужас... За кг не се секирај мила, секоја бременост различно. Јас до сега ближам 35 недела и сум скоро +9кг. Сега сум 68 а со 59 почнав. И тоа само во мешко. Вчера си пробав фармерки од пред бременоста, точни ми се, само не може да се закопчаат. А во синко ова време бев +16 на пораѓај со + 18 појдов. И во 3 месеци-20 кг дојдов без диета.
Браво за толку кратко време си ги симнала килограмите. Изгледа и до метаболизмот е. Мене ми требаа скоро 2 години да се вратам на старата килажа. Со диети, строг режим, успеав некако. Повеќе се имав поправено во првата бременост од сега. Битно се да помине во најдобар ред. Има време ќе слабееме.
Срц ти си ни најфит и блазеси ти. Ич не ти требаат овие болки. Иначе стомакот и мене ми е спуштен скроз и некогаш кога удира мислам мочниот меур партал ми го праи,ќе неможам до вц да стигнам некој ден
Кај мене е гужва пред гол, јас незнам што прават битно знам дека ќотек јадам секој ден те во спојлерите, те во бешика што ми дава чувство дека ќе се подмочкам, те од папок мислиш ќе излезат абе лудница е... спиење раат нема веќе се вртам на сите страни не иде стомакот боли од тежината и на две мин менувам страна... нервоза страшна ме јаде кога треба да се спие Од време на време одоздола, а и во јајници по некој бодеж имам претпоставувам нормално е ? И во последно време имам чувство деќа ке експлодирам, на еден дел од стомакот имам многу чешање, пецкање , нелагодност ко да ќе ми пукне мевот мислиш секој момент... можно е да имам такво чувство од стрии што ми излегуваат ? Мислам претпоставувам стрии се такви се црвени големи , модри линии
Епа мамички да ви кажам, ви ги исчитав муабетите од јуни, значи отприлика 80тина страни Ама многу убаво ми дојде да ве читам вас домашни, досега бев во труднички Фејсбук групи и една локална од ваму кај што живеам, и ептен се израдував што ве најдов. На пола пат сум јас, првиот скрининг ми помина фино, додуша од втора, на првиот обид беби си стоеше на глава внатре свртено со газето, па докторката ми рече да прошетам малку па да се вратам. Ми се погоди ептен добра, дури го викна и маж ми да види и ни објаснуваше што е што итн, што тука скоро никогаш не се случува ама сум имала среќа. Чекам втор скрининг, на 2ри август ми е закажан. Генерално сум опуштена ама како што читам секакви компликации, ме фаќа малку паника. Бременоста досега не ми е многу мачна, првите месеци и не повраќав само ми беше лошо две-три недели, ама се водам како висок ризик и на три недели одам на контрола, што и не ми пречи, ме мерат, си слушаме срценце и убаво ми е. После толку страни се осеќам како да ве знам, и ве замислувам сите прекрасни со здрави мешиња. А некои и со бепчиња покрај нив. Бидете ми поздравени, ќе си висам тука следниве неколку месеци.
Стрии се Софи. Пиј мнооооогу вода и мачкај нешто мрсно на стомак да ти е хидрирана кожата,зошто ужас се како печат. Јас ставам кокосово масло,почнав да се бањам у него
аууу , да ми кажувал некој дека од стрии кожата знае вака да пече, и боли немаше да му верував не очекував некако лабаво си ја сватив работата и сега преку ноќ ми се појавија еден куп на исто место, си викав до сега немав ништо од сега допрва нема шанси арно ама згрешив и ете а имаш ли понекогаш бодежи од доле, ко да те сече, па некогаш и во јајници ?
Па се случува да ме боли,ама се си мислам дека сега веќе и самите удари болат,тесно е. Посебно кај тебе, ептен тесно
Маче нема лоша трудница. Сите сме си убави со најмилите во мешко. Само здрави и живи. Фала ти. Гледам пред мене 2 недели си. Ќе кажуваш искуство ако не те претекнам Е сега да ги прашам тазе мајките или ние што ближиме на таму што мислење имате за широк повој? И што користите? Јас за синко земав Фани гаќички и беа многу попрактични од тетра пелени. Сега нив ги нема има други за замена. За почеток зедов еден пар, ама сакам да слушнам ваше мислење или искуство од Др.
@Presrekna Јас колку што сум информирана докторите веќе не препорачуваат широк повој кај сите бебиња како порано. Само доколку има потреба. Јас без препорака не би ставала...