Не се препорачува широк повој повеќе. Ако има потреба од нешто, за редуцирање аномалии, ќе каже ортопед. А аномалии, се решаваат на друг начин, не со широк повој. Јас не би. Сепак, твој избор. Не знам какви пелени ќе употребуваш, но повеќето, ако не и сите, се прилично добри за правилна положба на ноџињата. Имам две деца и за ни едно не употребував широк повој.
@The Unicorn , @Septemvri , @Lianna Anna ви благодарам на одговорот. Јас за синко пред 14 год задолжително беше широк повој, а сега гледам многу бебиња под 6 месеци само пелена носат, што е правилно. За мене тоа е мачење на бебето ако нема проблем. Па затоа прашав. А овие што ги зедов ќе се најдат за нешто, како газа лесни се. И во боја. Фала девојки уште еднаш јас досадува ама стара сум заборавам и не сум во мода Арно мм ми вели стара баба ќе раѓа. Но не се давам. Со моите 36 во октомври 37 год како 26-27 се чувствувам.
Порано така било. Повеќе за секој случај. И јас сум била со широк повој. Вистината е дека имало индикации за истото. Имало некој проблем, не знам што точно, па сум носела некои специјални гаќички. Какви се тие, не знам. И во денешно време, има некои патронажни што препорачуваат широк повој за секој случај. По мене, такво нешто не треба да има. Или има проблем бебе или нема. Ќе каже ортопед. Дали широк повој, апаратче или друга алтернатива. Но само ако е индикативно. Далеку си ти од стара баба иначе. Со 36 уште си у младите. На крајот, стварно е побитно како у душата се осеќаш.
јас со првото така. До крај си бев трудна дури и ден плус не мора да значи. прееска го чистев шпоретот и се сетив на темата чистење од тука. Ама мене пустото многу убаво ми мирисаат сретствата за чистење... или јас нешто не сум во ред. Се сеќавам на почетокот првите 3 месеци садови не можев да измијам од што ми се гадеше а средствата... Ауу убавина. Па сирота сите сјаеви ги искупив еднаш ги употребив о ги фрлив,спас ми беше само спин.
ауу и јас ноќеска едно време осетив болка во колкови која прилично подолго траеше. После си реков ајде до креветот е и вечерва ќе спијам во друг кревет па ќе видам дали е до тоа. јас мислев 9ти месец ќе пројде ко една недела ама пустото не било така. И ноќи и денови како недели врват. Што е работата не знам. А досега 8 месеци како ветер летнаа. мене ми е над папук и што лепо налево и надесно накај бубрег тегне си ги исправува нозете јас не знам која положба да ја фатам. кај мене освен стомакот кој ми е огромен дека малку ниска ништо плус немам накачено да ми се познава. А во килажа 8 кг. до сега. 36+5 сум јас па сакав да прашам дали е нормално грчеви во нога и од што ли се јавуваат. Јас во спиење некогаш при вртење сакам да се истегнам како секогаш ама сега грчеви ме фаќаат а никогаш сум немала. Ништо ич! Никаков широк повој скраја да е. Од искуство ти кажувам и стручен совет. Се пракрикуваат вежби и контроли на секои 3 месеци. Широк повој исклучиво ако навистина ортопед рече дека треба. Јас со првото ќе си направев многу голема грешка ако не си ја следев литературата. Никој да не ви рече СТАВАЈ ШИРОК ПОВОЈ ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ. Доколку нема потреба а ставате да знаете дека подоцна ќе имате потешкотии со проодувањето на детето.
Девојки молам за итен одговор. 5 недела сум и сега пред малку при мокрење прокрварив. Докторот ми е на одмор и не можам да го добијам. Ве молам за совет и дали е нешто страшно?
Ти си пак малку пред мене со терминот јас почнав со 51 кг а сега сум 60,4 А 27+5 сум. Што ќе биде до крај не знам. Веќе не се замарам толку да ти кажам , здравје ќе ги изгубиме по пораѓањето
Ај едно глупаво прашање до веќе еднаш или повеќе пати породени Дали кога отидовте во болница маженцата чекаат таму или не? Со оглед на тоа што не се знае што ќе биде и колку ќе трае Сеа со мм се затепавме за муабетов
Хаха мојот не мрдна од пред врата се додека не му кажаа дека се породив. Царски бев ме однесоа на хируршко една сестра ми даде тел му се јавив, се слушнавме, го пуштиле да го види бебе и отиде дома. Сабајле уште пред да ме однесат во соба пак беше тука. @Presrekna мене ортопед на прво ехо ми рече повој не мора само може ради превентива но јас не ставив, кога го носев сега ништо не рече се е ок. @RAK91 одма на лекар, не чекај
Се јавив во Ремедика на дежурен, бидејќи сум во Охрид моментално, ми кажа дежурната да земам дабростон и да мирувам... Има некоја слично искуство?
Има, затоа и ти пишавме да одиш на лекар. Да, ти ќе земеш дабростон но како ќе бидеш мирна без да те видат на ехо? Инаку моето искуство заврши со прекинување на бременоста и не сакам да те плашам ама сепак ти си знаеш за тебе.
Јас изгледа во водство сум тука Има време, ќе мислиме на диети . Да сме здрави и живи, сега ако не се најадиме без грижа на совест тогаш кога?!
Луѓенца, сеа приметив на улошката имав како кафена крв како кончиња неколку и на бришење имав малце ама ептен малце, е сеа можно ли е да е чепот или што е?
Прокрваре обилно или како, имам искуство со мали крварења и советот бил да испијам Дабростон и толку, освен да кренеш нешто многу тешко во оваа недела не можеш да наштетиш на бременоста, многу е мала. Сепак припази се. Ако не е обилно крварење и нема болки не мора ехо, барем мене не ми правеле секогаш
Zasto stara jas rodiv na 34 prv pat I ne se osekam stara inace za sirok povoj nema sansi na mene mi bese preporacano od ortoped ama ne stavav i fala bogu so bebeto sega zasega see ok
Добро утро девојки, Не сум пишала ништо одамна, а ве читам па да ве поздравам. Јас влегов во 25та и генерално сум ок, со повремена болка во крстот и грчеви во нозе во сред ноќ. Правев крвна слика и имам покачени леукоцити, па да видиме што ќе каже докторот во понеделник. Домашниот доктор вика дека не е страшно, се јавувало покачени леукоцити за време на бременост. Вчера купив прв пат и неколку работи за синко и ептен мерак ми се направи И така. Летна времево до сега, ама иде потешкото Ааа и ова да споделам. Има УНИЦЕФ направено цела веб страна roditelstvo.mk и има многу прирачници за родители. Има еден за родители од 0 до 3 години и таму е опишано што да се очекува од бебето, од докторот, од патронажна сестра. Ѕирнете. Убава недела на сите.
Со прво дете подобро прати го дома, процесот трае подолго. Јас не ни размислував, одма му реков: чао, оди си Инаку ќе требаше да чека 8 саати. И тоа е просек за прворотка, може да трае и подолго. Со второто чекаше, ама само еден саат
Добро утро мешиња и од мене како сте? Јас на работа сум , си пијам кафенце. Нема нешто многу луѓе моментално, или спијат или сите отишле на плажа На работа сум до среда - истиот ден ќе дојде брат ми кај нас на гости па здравје во недела одиме за Мк , ќе се изнаседиме јас и ќерка ми до почеток на септември и мм ќе дојде ама ќе седи 5-6 дена. Мора да се одморам , почнав ептен да се заморувам што од стомакот (почна да ми тежи ) што од топлово , бетер се заморувам Денес сум 27+5. Беба е супер, и jас како членките погоре , кога ќе легнам на страна било да е лево или десно клоца на страна до бубрегот баш од страна над колкот и си викам да не ја притискам ама па ако не спијам така тогаш како?? На грб кога ќе легнам мешто како топче излегува ноџе ли е , свиткано раче ли е а така па не можам да спијам , се гушам.. Во петок сум на преглед - ќе ми мери цервикс страв ми е да ви кажам малку, не од друго , од прегледот тоа ќе биде преглед за август потоа здравје кога ќе се вратам во септември , сигурно ќе почнеме со цтг Ве поздравувам женски , имајте убав ден