Ако си имаш проблем обавезно да одиш кај матичниот, батали срам од крв и небричено, тоа мора да се погледне, многу време е поминато. @SevenHeaven конците се ресорбираат.
@Yowannty се присетив сега, кога дојдов тука да живеам првата недела баш среда излегов и не работеше ништо нели попладне дека.. и ја прашував свекрва ми празник да не е случајно некој па не работат баш се неработници , јас мислам се најмрзлив народ на светот Јас планирам да го земам мм внатре кога ќе се пораѓам баш кога ни ја покажаа клиниката внатре ја прашав сестрата дали може и он да е до мене тогаш , рече да ама сепак да го информираш докторот ќе седи внатре да види како ни е на нас жените
@Kitten @SevenHeaven @Septemvri во принцип сум мн срамежлива кога се работи за прегледи таму долу.. а пак недај Боже да сум несредена.. во земја ќе пропаднам.. може затоа и трпам болки бидејќи не можам да се избричам пошо пецка и боли.. гледам во огледало надвор се е ок, зараснато нема рана нема конци а при допир боли.. можда е и до психата... ама кога седнаувам седнувам полека и со офкање.. пред недела а дена бев кај општиот лекар кој трепаше да ми ја препише уште еднаш терапијата за анемичност, му споменав за раната ми рече да земам еден спреј и 3 пати на ден да прскам... го користам но не осеќам дека минува болката.. само моментално минува.. сепак напоменав дека немам надворешно ништо се е ок надвор но внатре.. е внатре кој знае што се дешава.. бај да веј еве го спрејот
I mene me bese mnogu strav da idam, baska deka zaboravena gaza pa uste tolku ispaniciv. Me precekaa so casa voda i nonstop mi zborea da mi odvlecat vnimanie za da ne im pripadnam ama veruvaj uopste ne osetiv bolka pri pregledot, se e do psihata. Pojdi si, ako ne drugo ke smiris dusa
Мешиња поздрав за сите Јас со една мака денес. Срамните уснички и делот околу отворот за мокрење ми е вцрвенет,а усните малку отечени. Не ме чеша,нема некој исцедок (од утрогестанот не можам ни да приметам), нема мирис,од време на време знае да ме пецне. Ја приметив мокрачата од вчера ми е пожолта. Дали е можно ова да е од бактерија во мокрача? Утре ќе одам да проверам крв и урина.
Јас немам такво искуство, спрејот содржи многу благ антибиотик и антисептик и мала доза кортико. Бетадине р-ор е само антисептик. Мене ми помогна тогаш, како ке решиш така.
Виоплексот е ист со оксикорт само нема кортико во него. А кортико то ја смирув болката. Можеби сепак треба некој да те види.
Исто вака ми е деновиве, со плус и чешање од време на време кај усните. Пред недела две испитував урина, чиста беше, па се мислам да не е пак кандидата. Не можам да ја откачам. На втори сум на контрола па ќе се проверам тогаш, не знам дали да одам порано. Кажи и ти што ќе направиш.
Нема миризба.. или јас не ја осеќам... само има болка и пецкање при движење и при мокрење.. ако не се измијам со жешка вода (најжешка колку можам да издржам) и на чиста и нова влошка ме пецка ... затоа при секое мокрење јас директно идам под туш. .. ќе почекам дур направиме 40 дена (ми рекоа дека на некои жени раните тогаш им заздравувале па можеби сум јас една од нив ) ако не после тоа ќе мора да идам кај гинекологот..
Здраво мешиња, Да одморам малку па да пишам. Овие два дена во движење и не седнав да ве прочитам. Инаку и јас имам такво чешање/печење на усните надворешно. Јас дека и исцедок имав и др. ми даде вагиналети Микорил 200мг. Арно ама "Гиле баксуз" нема среќа. Ставив 3 до сега и ме пече, дури мислам и повеќе, од нив. Докторката ми е на одмор, и сега попладне ќе се јавам на матичната дали да престанам да ги ставам (оти имам уште 3 од нив). Инаку, за печењето на усните докторката тогаш ми кажа промивки со камилица, благо да исфрлам од употреба и крема ми даде Антифунгал(прикачив слика понaзад од кремата). Инаку да ве прашам, пружав алишта и корпата за алишта, поцврста корпа, ми стоеше до мене и ќе ми паднеше и јас несвесно ја задржав со стомак и малку ме чукна по стомак погоре, странично, не многу силно. И сега одма шубе ми е да не е нешто, знам дека си се заштитени бебињата ама да не сум го повредила бебето. А го осетив после тоа мрдна 2-3 пати. Знам глупо прашање, ама сепак да си прашам
Фала ти. Го осетив 1 до 2 пати мрдна(по грешка сум пишала 2-3пати). Ама си викам ако е свртено некако горе со главче, да не сум направила проблем. Јас паничам малку повеќе од шо требаи одма си викам ете нешто биднало
Читајки ги породилните приказни, повеќето споделуваат мислење дека е подобро, поголемиот дел од болките да се истрпат дома, одколку да дремеме во болница. До кој временски интервал на контракции е најдобро да се седи дома? Дали може додека сме дома пред огледало да се види дали сме почнале да се отвараме без да тркнеме до болница, во случај нели ако е пукнат водењакот , а не ни започнале контракциите?
Јас мислев да не ми е од мокрача,сега стигнаа резултатите нема бактерии во мокрача, леукоцити уредни,освен што е безбојна и лесно заматена. Брисеви правев пред 1 месец уредни беа. Тебе не ти спомна за брис? И мојава матична е на одмор, во среда сум на контрола во Систина па ќе ја прашам докторката што да правам ако не се среди до тогаш. Инаку железото паднато на 4.2 Хемоглобинот е 11.2, долна граница е 11.5..пак ли терапија Кои таблети ги препорачувавте за ниско железо? Малце покачени и леукоцити и гранулоцити,што би значело тоа? Другото горе доле во ред е.
мене железото така ми дојде мн ниско од што не ми беше погодена терапијата, па чим ми ги заменија со Тотхема за две недели рипна одма така да пробај дали и тебе ќе ти одговораат но со 1000 ка витамин ц обавезно да ги пиеш и плус мешај го со портокал исцеден .
Јас пиев во 4ти месец Реферум со витамин ц од 500 мислам беше. Тогаш се среди,дури не ги допив Сега имам дома од нив не знам дали да ги почнам, мм ептен ме искара бебето ќе трпело,му викам ало бебето си зима,јас ја проверувам мојата крв...да да затоа ти е 4 ќе дојде до 0 и што ќе зима Татко ми пиеше сок од цвекло,портокал и лимон...не знам дали да пробам со тоа
Јас тој месец правев 2 пати проверка на урина плус уринокултура. Резултатите беа добри, немаше бактерија. Тогаш уште ставав Утрогестан и ми рече докторката да го прекинам утрогестанот и само со Дабростон да бидам оти можело и утрогестанот да даде таква реакција. Но не ми прекина и телефонски се чув, рече брисеви не мора(правев само во 12 недела и беа чисти) и рече може кандида е, често се појавува. И освен кремата, промивки, без благо ми рече и да носам поширока облека, памучен долен веш и да пијам увин чај или чај од брусница. Тогаш ми пројде, па после 10тина дена пак се појави ама имав и појачан исцедок и затоа почнав со вагиналети. Мислам дека можеш и ти да направиш промивки со камилица, исклучи благо - додека идеш на контрола, па ќе ти предложи докторката што треба. За железото-во првата бременост фармацевт и гинеколог ми препорачаа комбинација од Хеферол таблети + Витамин Б12 +Витамин Ц. Цела бременост и на пораѓај немав никаква мака со желозото/хемоглобинот. Консултирај се со гинекологот за оваа комбинација
Мене докторот ми рече доколку имам болки на 15минути да одам во болница, а може и на 10минути уште поубаво, да видиш дали си отворена не можеш на огледало бидејќи они со прсти проверуваат дали си и колку си отворена, доколку пукне воденикот нема чекање дома туку веднаш во болница, затоа што може да се случи да немаш никакви болки а воденикот да е пукнат па така бебе би останало без плодова вода нели, и друга работа за одење во болница ми посочи и на тоа доколку се случи да крварам како кога сум имала менструација 2-3ден (што значи обилно крварење),исто и доколку не го чувствуваш бебето подолго време да каснеш нешто благо и да почекаш дали ќе се размрда ако не мрда веднаш во болница.