Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.322
    Допаѓања:
    28.112
    Контрола денес, го видов бебе после 1 месец Бебе е понапред за 1 недела, расте убаво, чудно е наместен у меше со свиткани коленца.
    Мене крвта ми е крш, ми дадоа плус терапија за подобрување на железото, а ќе треба да правам и испитување на ддимери и скриен шеќер у следниве денови. Не знам како ќе го преживеам тоа испитување за скриен шеќер, јас гладна станувам од спиење, не па да чекам 2 саата за да јадам. :| Се надевам нема да ми се слоши.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Па и не мора да купуваат, знам како да им ја затнам "муцката" кога ќе преречат нешто за моите и работите кои му ги купиа на син ми... со душа го чекам тој момент.. кај се скржави па уште и да се перчат демек дедо и баба се.. твојата сакала да се направи добра па донела нешто а мојава ништо ама баш ништо не донесе... со празни раце си дојде кај бебе.. јас и мм си купивме се што ни требаше за почеток уште некои раб да докупиме и ќе биде се комплетно.. количката ја оставаме за моите.. штом решиле нека ја купат... мислам дека не треба да им придаваме важност на нив и да им дадеме до знаење дека не смеат да се китат со туѓи перја.(за свекорот и свекрвата зборам)....
     
  3. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Дали за испитување на уринокултура треба прва мокрача, и дали мора рано сабајле да се прави?
     
  4. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    Да треба прва мокрача, обично сабајле е првата :) потребно е претходно да направиш тоалета само со вода и го носиш вториот млаз, значи не првиот.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    IMG_20190723_210509.png
    :D Ја осеќам сликава:rofl:
     
    На Andonia, Mini90, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    и јас сум истата. Веќе притисокот прерасна во болка а чуството е чудно. Не болка во смисла на контракции такви ствари. Ама веќе време е нема што тука паника.
    700 денари. 30 апиња внатре. Ама во составот има витамин ц б6 фолна киселина б12 железо цинк и уште 2 нешта.
    мене најтврд ми е над папукот под гради немам ништо и фала богу се дише ама сеќавам долу ми "копа" а првото... Значи толку високо што низ уста ќе го родев наместо од кај што треба :rofl: и буквално ни дишење ни ништо.
    јас од 20та недела кога почнав интензивно да го осеќам до ден денес не осетив да застане. Си викам де бе спие ли ова некогаш? Последниве неколку дена навечер мирува па можам и јас да дремнам инаку... Нема шанси! Ден ноќ... Па навечер таман си се наместил тоа со креветот почнало да се бори (facepalm)
    и јас сакам да одам во џамбо,од таму да земам креветче и нешто облека ситници ова она ама тоа ова она ќе биде пола џамбо затоа подобро седи си кај што си.... А ефтино таму. За првото од таму земав плус и фамилија моја доста работо од таму ми изназеде.
    за пумпа и претходно имам пишувано,не брзајте не му треба на секого. Јас со првото не ни знаев што е тоа пумпа кога појдов на породување мораа да ми набават. И во одделението само јас бев со пумпа никој друг зашто немаа потреба.
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    и јас знам дека влакната можат да предизвикаат болести ама па никогаш не сум чула да се десило такво нешто.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас како што знам правила околу купувањето нема,се тоа си оди со договор.
    зашто свекрвите а и мажињата со плитки умови се за тоа створени. Хаха шала на страна да не сњ вреѓаме ама кога чоечки можеш да се договориш зошто да се создаваат непотребно проблеми?
    и јас ова сакав да го кажам. Ситници ќе се изнасобере еден куп и брзо ќе ги одрасне немаш потреба. Од поголеми ствари ти требаат количка креветче транспортер (мада и тоа не е најнеопходно се може и без него ) или ете релаксаторче. Епа сега има за секој по нешто да земе ако изрази желба а не да се фаќаат ко пијан з стап ( простете на изразот ) само за креветчето.
    јас сум љубител на купувањр бебешки производи и знам дека и за внуци и за кога ќе станам баба исто ќе биде. До човекот е мислам и не сакам да ми замеруваат. А мене некој да ми купи дотолку баш и нема да ми биде пријатно некој дотолку да се троши,што знам....
    истото беше со првото дете. Свекор мо дали 500 или 1000 ден ни даде. Жена му имаше некоја ситница од облека купено додека пак мајка ми ... Таа секогаш и за се е терсене и мора да се замеша така да ми рече ти гледам ништо не си спремна и купила ќебе купила алишта демек за од болница коритце таа купи и така некои повеќе ствари сега се запна да купела креветче исто како што сме имале за првото дете. Тоа стрина ми и стрико ми ми го испратија од нив. Ама искрено не се замарам кој што ќе купи и колку,колку сака и колку може,ни замерувам ни па имам потреба да мора тие тоа да го купат.
    и јас не сакам злато,не знам зошто ама нит носам нит па сакам дома да го имам.
     
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    да ме пукнеш ме изнасмеа со сликава :rofl: не сум ни јас нешто подобра,да ме видиш нњ знаеш дали одам или се тркалам.
     
    На Andonia и Мариаа. им се допаѓа ова.
  10. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    6.518
    Пол:
    Женски
    Жени што сте на почеток на бременост, мачкајте се редовно. Јас не бев редовна ич. Ме мрзеше многу... И од денес официјално имам стрии на градите. Ми се плаче;(;(;( Многу се грди...
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Јас кога како се мачкам... Ме мрзи многу... А се плашам од нив.. Немој да се секираш, тоа е се поради најголемата љубов..:inlove::*
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеавте со свекрвите. Значи сите одат во екстреми. Или се купува без мерка и прашање, или никаде ги нема. Мојава и на мене рандом ствари ми купува (и за дома не само облека), и некоја од вас рече ок купиле комплетче ако не ти се свиѓа не му го облакаш, ама оваа по некое време прашува, Зошто ниеднаш не си ја носела ташната што ти ја купив, итн... Абе!

    Исто, јас станувам и осеќам дека веќе сум прегладнета, највеќе ги мразам тие земања крв на гладно, а па од испитување скриен шеќер уште од сега глава ме боли.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
    Кај мене и мајка ми и свекрва ми си купуваат по некое парталче за бебче. И ако, нека си купуваат знам дека им е мерак, поготово на мајка ми дека прво внуче.
    А за покрупните работи (креветче, количка, коритце, транспортер и сл тракатанци) се договоривме ние да си одбереме се, они ке платат по пола. Поарно амин! :)
    И да, за оние кои се во фаза на купување, има многу избор во Charli Baby во Тетово. Цените се доста поволни.
     
    На marchi-cool, tina2018, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Здравје Боже, рано ни е уште за купување ама кога ќе дојде ред не планирам тие убави моменти да ги минам во тензија и нервоза.
    Правило е дека правила нема. Се е ствар на договор. Ситнурии и дрангулии нека купуваат колку им е ќејф, а крупните работи по наш избор, кој колку може ќе ни помогне.
    Чекани бебиња со години, не сакам и на нив да им кратам задоволство. Со мајка секако се договараме, а среќа и свеки разбрана се погоди и цело време потенцира како сакаат мајката и таткото-така. Ќе ја видиме во пракса :D
    Инаку, вчера бев на преглед кај матичната. Си ги видов моите палавковци. Машала, билдаат на тежина. Мажиња пргави. Втор преглед кај матичната, а 21+ сум. Во Ремедика прегледот ми е на 05.08. дури, срце не може да издржи :D
     
    Последна измена: 24 јули 2019
    На kitty.m, Presrekna, Mia Fuentes и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.545
    Допаѓања:
    184.442
    Пол:
    Женски
    Добро утро труднички :)

    И моите се разбрани, ама свеки некогаш праи работи кои не ми се свиѓаат и без да се консултира со мене. Не и замерам оти знам дека не ми праи ништо намерно.
    Мајка е далеку. Таа ќе праи мекици ќе ми донесе партали и рече оти сака нешто поголемо од неа да биде па ќе дае некое париче, па дал количката дал креветчето ќе биде од неа.
    Свеки ќе дае пари и таа. Од друга страна, специјално отиде до Атина кај сестра и, и ми донесе еден куп алишта од внуците. Немам проблем да облечам на моето носени алиштенца плус нели колку брзо ги растат, и ја така пораснав, се подававме по цела фамилија, ама навистина не ми требаа сега. Ем имам изнакупено како за 5 деца, ем мајка ми ќе собере од мекици нови и тоа. Ама радост и беше на свеки внуката да имала многу. А оти е внука уште повеќе оти се машки се во фамилија. Ај донесе што донесе и навистина донесе еден куп, си реков ќе си одберам што ми се свиѓа и ќе исперам. И имаше 2-3 ромпери нови со етикета на нив и 2 пара пижамчиња кои се гледаше дека беа скоро нови и многу убав материјал. Арно ама, таа си купила прашаци и омекшивачи и си испрала се. Ми се дигна притисок на почеток, после си реков што ќе се нервирам, пак ќе си земам само она што ми се свиѓа. И стварно си тргнав на страна околу 5 работичиња, ако се лути што да и праам, другото е се излитено од перење и не зависам од тоа.

    И пред некој ден доаѓа дома од златара и купила некакви златни ко брошеви, се ставало на алишта против уроци. 3 дена се нервирав за тоа. (facepalm) Ај кај што давала пари златни да се, можела да купи некои привезочиња веќе, крсте, срце, алкиче некое, шоидае.. таа за уроци. А јас сум многу против такви ствари од 16ти век. :@
    Е ќе очекува да ја види беба накитена со тоа, ама нема. Знам дека сака се најдобро, ама не помислува дека ја може некои работи не ги сакам.
     
    На Presrekna, koritsaki, Sesil и 5 други им се допаѓа ова.
  16. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool да во право си.. не мораат да купат ништо... но и не мора да префрлаат зашто тоа го купиле моите а не креветче со комода, ова она.. ко демек се разбираат многу за тие ствари.. ако толку знаат да зборат зашто они не го купат... исто ми префрлаа за свадбата .. зошто моите не ја купиле спалната него купувале "глупости" кои не ми биле потребдни.. јас тие "глупости" ги користам и неопходни ми се ама ете само да ме нервираат тоа го прават.. ми иде некогаш да им кажам па спалната требаше Вие да ја купите а не само да префрлате... и со празни раце да доаѓате кај мене за да честитате... но си преќутувам ради мм.. истото и сега ќе го направам, ќе молчам и за бебуш.. а ако ми стапнат на нерв веројатно ќе експлодирам :@ и сé ќе им изнакажам.. до тогаш сум мирна како бубалка :bug: ...
    На моите секоја им чест, за сé ме прашуваат.. што ми треба за бебе, што немаме купено и ред др работи.. не дека се мои ама супер се :inlove: :l: плус и бебушов им е прво внуче и мн нормално дека сакаат да ни купат тоа што ни е потребно ...
     
    На Presrekna и Sesil им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.322
    Допаѓања:
    28.112
    Место да се нервирате зошто купиле и што кој да купи од родителите, бидете среќни дека имате кој да купи/се радува на внуци. Зошто некои не се толку среќни и немаат живи родители (од двете страни) што прво ќе се радуваат за внуче, второ ќе помогнат финансиски со сите трошоци. Па да видите колку е потешко кога вие сами ќе купите нешто и радоста нема со кој да ка споделите.
     
    На Rose-tulip, Girl-Rabbit, Magic13 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Околу златните работи против уроци, абе на фин начин кажи и дека не си тој тип и дека не веруваш во такви работи. Нека ги смени и готово, нема шанси да и направат проблем во златарата од кај ги земала. Непријатен е муабетот знам, ете жената си мисли дека арно прави, ама поубаво е искрено да и кажеш отколку никогаш да не го виде купеното на бебе. Сепак не се работи за ефтин подарок. Нема да се налути, уз кафица истерај го муабетот :D
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Абе баталете свекрви од сабајле:D:D
    На западу ништа ново. Само што се враќам од цтг,добро е беба. Контракции јок.
    Арно ама тежи 2700(37+2) не е малку некако? се насекирав:(
    А јадам протеинска храна колку можам,и со сила бутам некогаш.
    Изгледа ситничко ќе биде,или ја филм си праам:wasntme:
     
    На Presrekna и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Kакво ситно, таман си е. Мојата ми ја мереа 2.850 во 39 недела, а се роди 3.600 во 40 недела :) Мерките на ехо не се најмеродавни, особено пред крај кога бебе е големо и тешко е да се измери. Не се секирај :)
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.