Абе тоа фино звучи, ама нема шанси. Овде тоа е нормална работа. Ако не купи свекрвата, мајката сама ќе си купи. Маж ми можел да спомне за не не стаи двете во незгодна ситуација, ама не спомнал, за што мене највеќе и тој ми е крив. И со него имав дешавка. Нему му дозволив да стаи такво око против уроци на количка ама сигурно нема да се редиме со такви ствари само. Глупости. Свеки ниту за детергентите ме консултира што ги купи, ниту за чаршавчиња за креветче, ниту за пелени. Јас секако си земав еко пелени, ама за болница ќе си купев обични и знаев точно какви, ама таа си купила цело паковање веќе, плус купила некаква крема. Ние уште креветче немаме, оти во фаза на селење сме па не знам колку долго ќе бидеме без креветче, ама купила чаршафчиња. Јас си купив колекција Веледа, таа си купила креми некои прв пат ги гледам. Ај тоа на страна, туку и за мене купувала пижами, пешкири, дури и нови гаќи за во клиника, а таму такви обични не се дозволени. Јас ја разбирам, сака да ни помогне оти си закачивме и кредит на врат, сега и само маж работи, ама прашај прво, а и не сме толку финансиски лошо. Ме нервира се тоа, ама не и замерам. Еве кај нив сме месец дена и веројатно уште месец ќе останеме. Постелнина таа ми менува, таа чисти, пере, пегла, готви, една чаша не ме остава да измијам, гаќи ми пегла што мајка ми не ми пеглала. Ја само лежам и си ја прчам. Знам дека не ми праи ништо намерно, и уште месец дена највише и си одиме, па стварно не сакам да и пререкувам на секое.. а во суштина се ме нервира моментално.
Добро утро/добар ден, девојчиња. Само што се враќам од преглед и јас, па да побарам некое слично искуство. 26 недела сум и докторката денес ми вика, Мене ми личи дека ова бебе нема ни да се сврти надолу, некако многу високо му е главчето, како да си седи на столче. За матката знаев од старт дека има накосена, поспецифична форма па на тоа се должи веројатно, ама чисто ме интересира да не имала некоја слично искуство, да ви кажале нешто слично, а сепак да се сврти беба подоцна.
Мајки сите ве изначитав со приказниве за свекрвите ама ова со златниве брошеви мн ме изнасмеа инаку мислам дека има тема на форумов "свекрви и снаи" или нешто слично..... Абе зошто се замарате, дали за такви работи човек треба да си ги троши нервите, коооој што сака нека купува, како мислат така нека прават (моите и на сопругот родителите се мн разбрани па само ќе даваат пари што сакаме да си купуваме, така барем е до сега за се), мене само едно ми е важно да се родат ЗДРАВИ И ЖИВИ, друго ништоне ме интересира
Ах не сум јас уште за таа тема. Со свеки уште се сакаме. Ме нервира кога си купува ствари без консултација, ама па боље да купува него да не купува. Уствари којзнае како е боље, веројатно секако нервира. Шега на страна, мила ми е, и не сакам да се замерувам. Ме гушка и гледа ко мајка. Ама ако продолжи вака и откако ќе се роди бебе, сигурно нема да молчам, и ќе биде време за граници.
Малце превише се замешуваат откако ќе се роди бебе, да знаеш. Природно им доаѓа малце така како мајки да се понашаат спрема бебето, а не баби Ваљда нормална појава кај секоја свекрва Ама ќе си поставите граници ти и мт уште од старт за да нема проблеми. Сега купувањево не е никаков реален проблем, ич не се стресирај за тоа. Мојата исто малце почна мајка да се замислува откако се роди бебка, ама среќа мм е разбран човек, имавме разговарано претходно дека се' сами ќе правиме околу бебето, па си ја стави на место. Немаме никакви проблеми, ама тоа е затоа што кога ќе подзабега, тука е син и' да ја врати во колосек. Така функционираме, за неговата мајка тој ќе си се погрижи, за мојата јас. Само така ќе има разбирачка и нема да има после муабети од стилот свекрвата и снаата се замериле. Ме сфаќаш? Изиграј паметно и стави му до знаење на мт дека е негово да се разбере со неговите родители, како и твое со твоите Само така на мирен начин ќе ги решиш проблемите. Вака инаку, се замериш ли еднаш, готово, веќе нема да е исто.
Тогаш уживај и не се замарај! Хормоните си вријат, сите сме "шуби-дуби" на моменти. Абе и на нас снаите не ни се погодува, ако купи-зошто купи, а ако не купи-зошто не купи? Сепак на крај, ти како мајка ќе си направиш селекција што ќе користиш, а што не. Уживај, гали мешко, смешкај се, не терај правда и викај аха...
Мајки совет плс за првиов скрининг, треба да го правам наредна недела, се јавив во систина да закажам кај др.Димчев но за жал заминува на одмор, ептен се изнервирав, ќе ве молам мислење за овие доктори Дракуловски, Панчевски, Трајкова и Јованова исто во Систина......стварно незнам каде е најдобро да отидам
@Yowannty тоа е таа реалност со брошевите против уроци тука во Гр кога се роди првата ќерка колку ми изнакажаа стави око против уроци , на количка на алишта глупости. Па кога шетавме на улица старци плукаат буквално пупу да не го урочиме Среќа свекрва ми не ми збореше за брошеви, ама и ако збореше ќе ја ставев на игнор. Пред два дена гледам сите алиштенца од ќерка ми ги испрала , купила Продерм и перела и испеглала се. Јас сакав, ама сега кога се нафатила готово веќе. Ем боље да не дремам над пеглата на топлово ми ги даде јас само во фиока ги наредив
Јас сум кај Ивановски во систина првиот скриниг кај него задоволна исто вчера закажав за втор скрининг
Јас па заштита Божја сакам секаде да имам да ме чува,но не можам секаде да наредам и најубаво да ставам дискретно.Знаејки го лошиот македонски народ завиден би си ставила заштита да ми го чува бебуш и заштита од црква ќе си барам.Секој индивидуално
@bela.m така си е. Ма да ја морам прво да преминам преку нервоза, да ја извадам од системот, па после си свиркам и викам аха... @Sexybaby86 знам, мислам, сум изначитала се и сешто на форумов што се е можно да се деси откако доаѓа бебе и спремна сум. Иначе откако сум трудна му трубам секојдневно на маж дека јас и него сме во ова. Дека не сакам мешање за бебе за ништо, а ни помош ако сама не побарам. Ако тој не постави граници со мајка му, ја сигурно ќе поставам. Мака ми е што моравме кај нив да дојдеме и тука да сме со бебе на почеток, ама новиот стан не е готов, а нашиот е прежежок да се биде таму. Заради бебе вака е најдобро. Секако август крај се враќаме кај нас. Едвај чекам искрено. @koritsaki само што го видов брошот на тебе помислив. Тогаш сфатив за што збореше ти пред некое време. @Мариаа. И мене прошла недела бебе ми го измерија 2800. Не се секирај, мерките не се најточни, а и да се, што има врска и поситно да е, битно да е здраво. Ја денеска попладне на 3 цтг, да видиме што ново има за една недела.
Ќе се среди се'. Сега на почеток ќе бидете збунети и или ќе ви смета нивното присуство, или ќе се радувате што се тука Јас бев од првите, не сакав никој дома, па ни мајка ми Чудно е на почеток, сакаш сам, а се плашиш, а воедно и се поставуваш премногу заштитнички спрема бебето и не даваш да го пипнат... Нормални чувства. Во секој случај, добро е да имаш во секое време помош на располагање. Најбитно е да ти е јасно дека никој нема лоша намера околу тоа да ви помогне, ама ти може да го сфатиш тоа така заради хормоните, за жал. Ќе вријат на почеток, секој збор ќе го анализираш и ќе го сфаќаш можеби како навреда или мешање, ама ќе помине и полесно ќе стане со тек на време Сега сум бескрајно благодарна што ја имам свеки. Она ми ја чува бебка откако тргнав на работа и искрено, не знам што би правела без неа. Ја гледа и пази како капка на дланка, подобра со детето не можеше да биде Затоа само тактички, без избрзани реакции и замерки. На дистанца и се' преку маж нека оди
@Yowannty една безвезе идеја ми текна, да изсценираш дека ви е изгубено Нека го види 2-3 пати бебето со брош после извај го, ако примети така кажи и Инаку свекрва не е функција, туку дијагноза, кај некои потешка, кај некои полесна Не се замарајте и не им давајте на значање
Јас правев. Па ок,ништо посебно А за вториот исто во државна се разочарав,докторот доста популарен и фален,мене лош впечаток ми остави.
Јас исто првиот скрининг го правев на клиника докторот си го гледаше бебе и ништо не коментираше. Вториот на Чаир многу подолго траеше и докторката објаснуваше што гледа.