Првиот скрининг го правев во државна, мислам дека докторот се викаше Јосиф, презиме не запамтив. Ич не сум задоволна, прегледот траеше прекратко, ни а ни б, си се ѕвереше у монитор, и на крај ајде стани толку. Ка та стро фа.
@Sexybaby86 страв не страв најмака ми е, ептен ептен ми е мака што од почеток нема да сме сами макар ич не се мешале во ништо. Колку си сакав само да сме сами и редот сами да и го фатиме, ама животот друго планирал. Ја па све сакам сама, таква сум, и мајка ми да беше ќе ми сметаше, и на неа па и кажав да не ми доаѓа одма, оти знам дека се ќе ми смета. Ама тоа е што е. Искрено, немам проблем да остаам бебе на чување кај свеки, знам дека ќе праи како ќе кажам, барем сакам да верувам во тоа и се надевам тоа нема да се смени оти стварно би сакала да останеме во добри односи. Ама сега.. што биде биде.. @Sesil и ја ко Софија мислам ќе ми купи ново. Ама нема врска, чим на алишта се носи, ќе си го чувам во нејзино шкафче кај што ќе седат алиштенцата, па нека чува од уроци од таму, ама не би неа да ја китам. Доста ќе е што на количка ќе има око, на тоа ќе гледам ко привезок, оти си имав и ја таква алка, не ја купив специјално против уроци, туку си ја земав од сувенирница како летна тракатаница за на рака меѓу другите, оти ми одговараше со 2-3 фустанчиња.
Ее ја ваква свекрва да имав ептен ќе си ја сакав, ама оваа мојава (пошто сме уште у заедница) кога си ја чистам мојата соба ми доаѓа и ми вика и нивната соба и ходник да ги поминам со правосмукалка, дури и крева све од под на кревет јер да не се мачам нели , ама никогаш нема да и чистам по наредба така да си се праам на три ипол
А тек сега вас кога ве читам капирам дека тие златни парички се против уроци Муабетот ми го почна свекрва ми дека со мајка и нашле постелинка од неа кога била бебе ( што рачно и ја правила баба и) и кога ќе се родило бебе ќе и ја дадат, а бабата на капчето ќе дошила златна паричка...? Јас цела бев во прашалници зошто прв пат слушам таква работа, но сега ми е јасно. Чудо што се може да измислат Во врска со скрининзите јас и двата ги правев кај Ивановски во Систина и сум презадоволна, многу е темелен и детален се објаснува. Всушност мене таму секој преглед ми е како скрининг...
Најверојатно прашањево не е за овде, но се надевам ќе добијам најбрзо одговор, доколку некој има искуство. 16 недела полна сум, неколку дена чувствувам болка најдолу на стомакот, како да ми притиска бебе и да ме болат мускули. Кога ќе лежам ок е, ама при станување, одвај станувам, а мн малку ми е пораснат стомакот. И во легната положба, се познава дека бебе е скроз долу, како топче поцврсто. Нормално ли е? Втора бременост ми е, но со првата не ми било вака. Искрено се загрижив. Во секој случај утре сум на преглед. Инаку денови врват. Овој месец роденден на мм, па почеток на август чупето мое ќе се сели во поголема група во градинка. Потоа ќе и славиме роденден. Мн дешавки само за убаво да е. Ве поздравувам сите
Здраво и од мене. Се изначитав и изнасмеав со свекрвиве. Јас не можам да се пожалам. Го поминавме оној период, па нели сум стара невеста веќе 15 год брак и сме си многу слободни и опуштени. Се можам да и речам, прифаќа и обратно. Инаку од контрола идам. Беба порасната 500 гр за 3 недели. Веќе тежиме 2300. Од денес 35 недела а бебе одговара за 34+4. Вака се е супер. Џабе си се мамев дека прва ќе раѓам, пред 15 август немало шанса. Плодова вода бистра и колку што треба, постелка сеуште зрела од 2 степен. Бебе идеално поставено, иако долу го носам не е спуштено во канал. Е сега железото 8, хемоглобинот 100. Да продолжам да земам железо. Притисокот 85/45. Отоци немам. И тоа што сум +9 кг ми рече се е во бебе и меше. Од болница ми вели како пред бременоста ќе си дојдеш. Само здравје. Тоа е мојот рапорт, сега малку опуштени , конечно да уживам во бременоста. И ми рече слободно пешачење, ,а не сум седната. Тоа било и причина за добра поставеност на бебе и малку кг на мене. Па поздрав девојки и поопуштено малку со свекрвици, за некоја година колку банално ќе ви изгледа ова. А плус тоа понекогаш си велам за 10 год можам и јас на тоа место да бидам како свекрва.
И јас второротка, после повеќе год, исто од кај 20 недела многу долу го чувствував бебето, и многу брзо со главчето надолу се сврте. Цела бременост еве веќе 35 недела ниско го носам, мислев ќе делува на ран пораѓај, но грешка. Денес бев на кон, погоре пишав рано е за излегување. Повеќе одмарај и утре те чекаме со рапорт.
Мешки сакам да ве прашам колку мг дневно внесувате магнезиум? Јас 2х250мг, оние на Jamieson ги пијам. Малку да не ми е веќе? Се двоумам дали да почнам на своја рака по три на ден или да чекам до преглед докторот да ми потврди? Инаку вчера и матичната ми рече да ја зголемам дозата. Од магнезиумот нема штета нели?
Сите прегледи ми се кај Г. Петровска сега е на одмор па ми рече ако имаш каква потреба додека сум на одмор барај го Бобан Сарџовски
Како на одмор јас денес имам закажано кај неа преглед??? Јас како што знам од понеделник е на одмор,а до кога не знам.
И јас имам денес, тука е, не се паничи Од наредна недела е на одмор, ми напомена минатиот пат да закажам баш за неделава. Ми се јавија пред малку да ми го потврдат терминот, така да тука е сигурно.
во првата бременост се мачкав и последните 2 недели испукав на стомак а на гради дури после породување кога ми надојде млекото и тоа е неизбежна појава. Сега ептен ретко се мачкам ако имам време или ми текне,37 недела сум никаде немам стрија нити сум испукала. и кај мене тој начин е прифатен. Алишта сум давала и ми давале,цел живот. Нели се менуваат сезони а јас сум против фрлање на облека освен секако се искине или не е за употреба поради дамки. За облека за деца секако бебево ќе си носи од поголемово дете а мене за првото чичко ми од внукот се ми праќаше што му беше смалено. е да тоа е веќе многу претерано,и ајде сега како да не им одговориш. Се молчи додека се може и на што се може ама не можеш секогаш да впиваш и да стискаш во себе. Ако не сакаш нејзе да и преречеш кажи го своето мислење на мт ем нема да ти лежи на душа ем може тој разумно ќе реагира кај нив. мене просто не ми е воопшто јасно каква е поврзаноста на златото и уроците па баш златно против уроци. ајде жено бе... Колку пати е коментирано тука дека мерките на тежина речиси и не се точни. А и плус има уште околу 3 недели ќе си прикачи тежина.
И јас пијам 2х250мг по препорака на доктор, и пак имам грчеви, ама не би земала повеќе без да ми даде доктор. Во странство максимум даваат 350мг магнезиум, повеќе магнезиум предизвикува дијареа.
Од магнезиум пијам оние бело сини магнезиум цитрат мислам 300мг беа и се подобри и поконцентрирани, немораш поголема доза да земаш.
епа женичке блазесити јас пијам magcitra еднаш на ден од 1900 мг. По препорака на лекар. На своја рака немој.
Добар ден од мене. Ве зачиткав пијам кафе сега ред е да се исповедам. Денес 37+2 дојдов од работа денес последен ден,утре и задутре зедов одмор. Не можам веќе сакам малку да се наспијам повеќе (доколку е можно) и да подсредам дома. Утре сум на контрола,првото цтг ќе го имам едвај чекам да си го слушнам моето второ срценце до термин уште 24 дена.
И јас си дојдов од цтг. Доктор вели се е супер. И дека бебе е во супер положба и излеа како да си ужива внатре и не и се излага надвор. Таа нека ужива, ја ќе се препотувам. Тоа ми е работа. Во тежина само 100 грама стаила за една недела... Е сеа била за некоја недела поголема во главче. Главучка мајкина. Валда на крај пропорционална ќе излезе. Утре брисеви, задутре крв и урина.. и после веќе ќе броиме денови.