Рано е срцка да ти рече некој дека нема да се сврти бебе. Моево од 24 беше со глава надолу, па 26-27 пак се пресврти со ноџињата надолу, па кога бев 30-31 недела пак имаше салто направено, и еве ја сеуште 35 недела со главче долу. Имам Др блиска ми има кажано дека на ехо пред пораѓај го гледаат бебо со нозе или карлица долуз додека ја отвараат со царски рез се свртило со главче надолу. Рано ти е многу, уживај и не се секирај. И јас пијам од истите 2х1 и ми рече Др денес доволно е. Нема потреба од плус.
^Фала ви многу мешки, мене од старт Петановски ми рече 2х250 и еве така терам. Вчера матичната ми спомна за поголема доза па затоа сакав да се консултирам со вас. Одлучив да си прашам на следниот преглед кај него здравје. И така без негова виза "ми тртка" било што да правам. Фала на одговорите уште еднаш
Можеш и на прва мокрача и на било која.Само пред тоа обавезно тоалета и средниот млаз од урината како примерок остави го.Јас правам често уринокултура.Од искуство ти кажувам.
Мајки јас закажав едвај за скрининг кај др.Димчев во Систина за утре, 11 та недела +2,3 сум, сестрата пред да ме запише ме праша која недела сум, а сега си викам рано да не е а дали ќе ми земат крв за приска или само ехо прави докторов, не ми е баш јасно
Таман си,не е рано. Приската е по твој избор,ако сакаш плус да ја направиш.Димчев не обрнува многу внимание на приска,не и дава значење. Битно он да ти каже дека се е во ред,доволно е
Здраво мешковци, сите Вие кои имате проблем со КАНДИДА... само не знам колку е точно ова но сепак ќе го споделам со Вас.. прочитајте и прашајте ги своите гинеколози дали можете да го примените... https://nmd.mk/gabichna-infektsija-...redi-nitu-pet-pari-ama-mi-go-reshi-problemot/
Да ве поздравам па да си легнам. Ако успеам да заспијам. Не можам да си најдам положба и само се вртам. Ама и то вртењето 10 мин. Шо ќе прам до октомври? Официјално трето тромесечие, ама веќе тешко ми станува. Стомаков цело време ко затегнат го осеќам, ме боли од страните ко да имам трчано. Па и повремено бебе ќе се здрви во една поза и не мрда. Важни петок ќе си се видиме. Туку резултатите од крвта катастрофа. Еритроцити намалени, хемоглобин на долна граница, сѐ беше со црвено. Жими железото шо беше 15. И пак нитрити во урина, па да не е то малце плус леукоцити. Едвај чекам петок да видам шо ќе кажи. Епа то, се испожалив. Ќе пробам сега да се наместам, маж замина трета смена па имам цела спална само за мене да се испружам. Добра ноќ мешковци.
Жени, трета смена кој дежура, никако не се спие од жешкото, шо од мешко утре сум на преглед изгледа прво ЦТГ ќе ми прават ама сега ми текна да прашам, смее да се јади пред цтг?
Женски, да прашам едно, можеби наивно прашање. 39-та недела сум и последниве 3 дена бебушов толку многу се размрда, многу невообичаено и нормално, физички напорно... Дали некоја имала искуство вака со зголемено движење непосредно пред термин и дали знае што значи тоа (дали е индикација за тоа дека пораѓањето следи за скоро или е поради нешто негативно вознемирено бебето)?
Јас денес со убави вести Цервикс рипнал на 34мм, за оваа недела (28ма) долна граница е 25мм. Грло тврдо, нормално за овој период. Го ѕирна прво бебко,се свртел надоле со главчето,пораснал скоро 400 грама,сега е 1330 грама, постелка во ред,вода во ред. Дека се жалев на пецкање-чешање ме виде вагинално,исцедок нема, ми препиша Октенисепт спреј кој што требало од старт да се става со утрогестанот заради одржување нормална флора (950 ден малце скапичок, ами шо да прајме). Мм праша за движење,рече може да се движи ама да не се качува на Водно Контрола за 4 недели,тогаш ќе бидам 32ра и мислам дека после нема да има потреба од контрола. Дур се мислевме на шалтер на која дата да закажеме,кога рече таа за наплата 4700 Читам ставка ехо 2500,ставка ваг. Преглед 2200. За тој однос и третман па и не ги жалам. Барем ме виде одма се што прашав се ми кажа,срцка е докторката Купивме и душекче од Симпо,модел Јуниор за 1680ден. Сега уште дезен за постелнина да си одберам. Поздрав мами,ви посакувам мирна ноќ
Девојки како сте? Јас малерот да си ја кажам маката. Вчера во 31ва недела решив да проверам скриен шеќер. Малку доцна, бидејќи матичниот ме убеди дека нема потреба, во првата бременост немав, а и обичниот ми е нормален. Ама тогаш имав 26 години, а не 32 како сега. Испадна доста висок. Последното мерење е дозволено до 8.5, кај мене е 11. Ми препорачаа да одам на специјалист во Скопје, во меѓувреме строга диета. Многу сум исплашена. Читав на нет за можните компликации и не можам да се смирам. Има некоја слично искуство?
Нема мн да ти помогнам, немам мн искуство, но ај ќе го пишам мојот случај. Во првата бременост имав скриен шеќер, потоа испитав уште еднаш во друга лабараторија, таму пак резултатите излегоја во ред. И плус правев некое др испитување за шеќер, за жал не можам да се сетам како се викаше и тоа беше ок. Тоа би требало да се сети и по бебето, нели подебели бебињата се...моето беше ситно. Јас после тоа малку направив рестрикција на храна богата со шеќери.
Браво, убави вести. Барем сега, штом имаш дозвола за шетање ќе можеш да си шеташ слободно да си купиш што треба за бебче. Ете, јас првпат слушам за спреј паралелно со Утрогестанот, а сум ставала многу ваг. Утрогестан. Ама барем добро е, ќе се смири чешањето. Добро утро, Пијам кафе на тераса. Бебе почна повеќе да мрда. Едвај го чекам вториот скрининг, да видам дали е се во ред. И дај боже да е, оти се шекнав. Од ваг. Микорил имам уште 2 ама не сум сигурна дали да ги доставам оти мене после нивно ставање ме чеша. Викам јас "Гиле баксуз" @Magic13 За скриен шеќер и јас не знам нешто многу, ама секако иди си на контрола во Скопје за да бидеш мирна. До тогаш исфрли бел леб, благо, газирани шеќери, конзервина храна(паштети, салами). Барем така сум читала.
Ехото е во ред, бебето е со нормална големина и има оптимално количество на вода. Доколку има некој проблем би имало вишок вода, така ми објасни докторката. Ништо не укажуваше дека би можела да имам скриен шеќер. Почнав со рестрикција на храната, леб, благо, тестенини, компир, ориз, газирано, овошје се треба да исфрлам од исхраната. Тоа е небитно, се би направила за бебето.
Јас се водев со гестациски шеќер.Ама мене само вредноста на гладно ми беше 1 единица над дозволеното.Ми правеа некочку пати тест и истото секогаш.Па одев на специјалист.Се боцкав 7 пати во денот 3-4пати во неделата и одев на контрола.Јас поминав само со пешачење повеќе и внимавање на исхраната.Бебето беше точно со неделите и се роди со нормална тежина без пад на шеќерот. Не се плаши не е толку страшно само мора да испиташ.
Добро утро мешиња, јас ноќеска само2 саати дремнав. Во 1 легнав а од 3 дежурам. Како се ближи крајот некако повеќе се мислам. @Magic13 кај испитуваше шеќер? Во Плодност? Немам искуство со висок шеќер, и знам дека рестрикција на храна е прв чекор, ама оди и до Ск за секој случај. И немој да читаш многу на нет, ќе се вадиш од памет. Јас така читав за последиците од употреба на парафинско масло, се шекнав додека не прашав др дека тоа се случува кај не знам кои случаи... Нормално да имаш висок шеќер не е ок, но се средува. Многу трудници имаат тука што ги читам и раѓаат здрави и живи бебиња. Ајде уште малку имаме до крај, ќе издржиме. Јас вчера преку ден, насекирана бебе ненормално многу активно беше, за вечерта и цела ноќ буквално воопшто да не го осеќам. Само што сакав да и јавам на Др да одам, се јави госпоѓицата и еве ја лудува. Затоа се рекло мајка се за своите деца.
Добро утро мешенца убави Јас се осеќам како слончица, а воопшто не е за така работата. Работата е што сите перници во домот ми се малку за јас навечер да се наместам удобно. Проблем е додека се наместам, е после спијам-растурам. Ставам едно 7-8 пати за мокрење па толку пати и ремонт на перниците ама заспивам пак веднаш. Денски преспивам по неколку саати. Ма само тоа правам, местам перници и спијам. Една голема перница меѓу мене и мм бидејќи се плашиме да не ме удри. Прета со нозе како мало дете. Ризичен е. Секоја вечер го става увото на стомак и "ги слуша", а јас се газам на земја од неговите уникатни коментари. Си добива и по некој удар по уво Инаку, помирното бебенце е сместено на десната страна, а "побесничкото" на левата. Дека форсирав досега лежење на десна страна се плашам "мирноќата" на бебево да не се должи на гмечењето? Мм вика го угнети детето и точно дека тоа помалку мрда и пополека за разлика од другото. На ехото од пред два дена се беше ок ама јас ете некогаш и зафрканциите си ги ставам при срце. Од вчера ја имам линијата долж стомакот. Навечер спијам, денски галам мешко и стојам пред огледало. Богами тешка работа имам Убав ден сите имајте