И јас го пијам тој Магнезиум, 2×1, не сум размислувала да пијам повеќе магнезиум ама сакам да почнам витамини да пијам, Омега таблетите на пример..
Дали правеше некои дополнителни испитувања и дали користеше инсулин? И кај мене бебето одговара на неделите и нема други забележливи стигмати. @Presrekna во Плодност испитував и од таму ми препорачаа да одам Скопје. Проблем е што нема и термин да закажам. Никогаш сум немала проблем со шеќер, дури и низок ми бил од секогаш.
пред цтг може да се јаде ама ако имаш и други испитувања? Јас секогаш рано ко ќе одам само станувам се облакам и заминувам ни јадена ни ништо. Знам на секој преглед нешто се испитува дали мокраќа или крв. Еве јас денес прво цтг па сестрата рече и крв треба да проверам. Пред 110тина дена само мокраќа. можни компликации ако си имаш константо повисок шеќер,инаку нема простор за паника,следи совет од лекар внимавај на исхрана. Не е страшно. имаш некој проблем штом трева да исфрлиш од употреба некоја храна? Ја леб многу малку и многу ретко јадам. Додуша секако за општо здравје треба да се повнимава на исхраната. епа ти ко така на стол да си спиеш
Марчи ме изнасмеа Не, нее, јас како во филмот "Јајцеглави", во вертикала треба да спијам. Ниту сум за на лево, ниту за на десно
Така зборам со една другарка дека здравје кога ќе се породам, сакам првите 15,20 дена да бидеме сами со маж ми, да немаме помош од никој, да ги искусиме тие моменти сами. Ете така сум зацртала дека треба ние сами, за да видиме што не чека. И заради тоа шти ние сме родителите и ние сме тие што треба да се залагаме за тоа дете. И она ми вика абе даа, нема да можеш сама, како ќе го бањаш, ти едвај ќе стануваш, кој ќе ти прави јадење.. Викам па јас барем на тој дел можам на маж ми да се потпрам. Нели се зависи каков пороѓај ќе имам. Вика ти си луда, барај некој да дојде да ти помага, зошто сама да се мачиш... Демек сама сум неспособна зада да се снајдам со бебто. Вие размислувате ли на таа тема, здравје кога ќе се породите дали ќе имате помош, дали сакате било кој друг да ви се плетка?
Мене после второто мерење ми беше 8,90 и ме пратија на Ендокринологија. Таму ми испитаа тироидна си беше во граници на нормала и шеќер просек за три месеци или тромесечие како што го викаат кој испадна дека е 4,73. Неми даде ништо терапија ни диета ми рекоа во ред е нема потреба ништо дополнително да се испитува.
Може ли те молам да ми кажеш како зголеми цервикс и на колку беше намален претходно? Мене во 19 недела 4.1, па 22 беше 3.4 и сега 26 недела вчера точно 3.02 ми го измерија, а ставам утрогестан навечер и 90% сум во лежење. Се плашам да не продолжи да се намалува, а само низ дома онака што одам од соба до соба, бањање, низ кујна околу храна малку. Излегувам само за викенд по еднаш негде ако отидеме на гости, пак и таму со седење
Не можам да кажам дека бев врзана за кревет,ама пазев многу. Не работев речиси ништо,не пешачев никаде,до маркет што ми е на 200м со кола одев. Носам појас за трудници кога се движам. Од терапија пиев 2х400мг магнезиум, 2х200мг утрогестан,примив 5 инекции прогестерон депо. Односи строго забранети,кревање тешко,наведнување,клечење-забрането. Мене во 20та недела ми беше 23мм, потоа варираше нагоре надолу,пред 3 недели беше 32,сега 34. Одам кај истата докторка затоа што е важен и докторот и апаратот. Следна контрола ми е во 32 недела,па се надевам и последна.
Утре сум кај ендокринолог, ќе видам што испитувања треба да правам. Кај мене е доста повисок и на второто и на третото мерење, посебно на третото 2.5 единици е над дозволеното. Со диета веќе почнав од вчера. @marchi-cool обичниот шеќер ми е добар секогаш, проблем сум имала со скриениот. И мора диета и движење. За терапија ќе ми кажат утре.
Освен дека како топче ниско го осеќаш, истото ќе го пишев, 15+ сум не знам точно колку, болки во јајници, препони, тетиви и не знам веќе каде се. Станувам од кревет како да имам огромен стомак. Исто втора бременост, со многу повеќе маки од првата, плус некои лоши мисли... како ли ќе биде до крај
Да ве утешам, не сте сами. Иста сум. Од денес 20 недела, од старт со болки во стомак, терапии. Сега почнува да мрда повеќе и еве денес некоја тежина ко пред пораѓај. На прегледите се е ок. Исто втора бременост.
Истиот проблем го имав до пред недела време, ептен ниско беше, секое станување и првите неколку чекори - пекол. Некаде од 18-20недела ова. Матичната ми препорача многу пешачење и стварно се управи. Се крена погоре и нема веќе болки
Не користев инсулин .Од испитување ми правеа само тоа со глукоза и вода по 2 часа колкави ми се вредностите. Не сум во мк .Редовно одев на контрола и дамо со движење го регулирав.Се надевам грешка ти е тестот.
Се мислам за појас за трудници да прашам, сега не ама за понатаму, баш за таа тежина да не ја осеќам, пошто ако сега ми смета, што ќе биде понатаму
И јас сега кога ќе одам на преглед ќе прашам за појас. Јас па лежам повеќе, а еве на Сесил и рекле да се движи и и поминало. Не знам веќе што да правам. Да ве прашам риби - гирици смееме да јадеме?!
Оти мене доле ми остана? На толку многу движење бебево требаше до сега низ нос да ми излезе. Од старт ми е доле и таму си остана. Мешето ми е спуштено чиниш пред раѓање сум. Двете претходно високо ги носев и не можев да дишам. Добрата страна на ова е што сега немам такви проблеми. Ама затоа страда бешика. Неподносливо, многу непријатно чувство. Плус болките.
Јас првото исто ниско го носев, стомакот ми беше цело време доле. Во трето тромесечие ми беше пекол, болки и притисок во бешика имав ненормални, и кога ме клоцаше мислев ќе ми излезе бебе Многу незгодно и непријатно чувство, знам точно како ти е, ама не е ништо страшно. Ќе видиме сега со второво дали иста судбина ќе ме снајде
И јас коа лежев не ме болеше ама станувањето беше ужас, па и првите неколку чекори, потоа осеќав тапа болка ама се трпеше. Ептен ми помогна движењето или па случајност е Смееш риби, дури препорачливо е 2 пати неделно риба да се јаде.