кај кумата бараката им е поделена на два дела едниот дел се тие а другиот свекорот свекрвата и другиот син. Има едно пресобје ( како ли го викаат) влезната врата за кај нив е од десна а за кај свекрвата од лева,и само тоа ги дели. Абе од ко се породи сирота ја реков женава на психијатар ко не заврши. Станува свекрвата наутро рано и одма кај женава секој божји ден по цел ден. Еднаш и го испрати мажот на работа и ја заклучи вратата не се издржуваше сака и таа да одмори да поспие додека спие бебето. Оди свекрвата гледа заклучено и одма кај синот на телефон плаче рика невестата и ја заклучила вратата не ја пушт да влезе. Се јави мажот кај кумва да праша може има нешто. Женва му објасни дека не и отклучува дека сака да одмори дека може да спреми се што и треба и не сака гости секој ден нека се јави и нека и каже да не прават проблем. Од тогаш рано наутро не им оди во денот еднаш два пати по неколку сати ако треба нешто женава сама ќе и го однесе детето кај неа. за бремени жени строго е забрането изложување на сонце дури и излегување од дома во период од 11 до 17 часот. Како наместо да си го заштитите здравјето вие се сончате. Јас во двете бремености кога и да одев на плажа бев нс лежалка со по еден чадор од двете страни. не ми е високо ама тегне над папук и во слабиниве во бубрег,не знам веќе ни кај мава кога ме жежи кога не,некогаш имам киселини некогаш не. Секогаш кога ќе имам пијам вода,малку од малку се разредува киселината ама тоа е. Јас па пустата се зарадував сите на почеток на 3то тромесечие фаќаат киселини јас сва сречна мене ме одминало. Ама затоа сега ме откинува ко за 3 месеци што не ме фатило. за да ти е мирна главата тркни до кај матичниот,нема "зијан" од контола.
кој одмор по оваа жештина? Па и трудна??? Пази да ме влезеш во вода случајно. Ние бевме еднаш ама само еден ден на плажа,ради детето да се прошлапа,јас од лежалка не се помрднав.
Зашто мор не пливаше и ти? Кај што ти е тебе блиску Охридон блазе си ти.. Пливање е супер активност во бременост, баш се препорачува. Мене докторот ми вика пливај секој ден. Ама јас одам само за викенди.
ти дале терапија и ти ги кажале шансите, знам дека е многу тешко ама само нека поминува време, тоа ќе покаже дали ќе продолжи бременоста, знам колку е тешка неизвесноста верувај многу тука сме биле во слична ситуација. Киретажа мислам не би имало потреба зашто е многу рана бременост, ама ова е моја претпоставка само, во болница ли си?
Во која недела се проверува скриен шеќер ? И во дилема сум на приватно кај што одам на преглед докторот ми прекина утрогестан а матичната ми вели ставај го не го прекинувај и кој да го слушам а 19+4 сум,што би ме советувале?
@Sofi.ja јас од самиот почеток сум сама.. без свекрва без јатрва.. иако сме тука во ист двор имаме 3 куќи во дворот... на деверот една, на свекрвата друга и нашата.. дојдов од болница и одма бебенце во гнездо го ставив.. во раце го земав само за да цица или да го пренесам од дневна у спална и назад а и за пресоблекување и бањање... цело време си лежи де во гнезденцето де во реласатор.. јас си вршам работа низ дома.. за бањање како шо напоменав ја молев свеки да дојде па дур се накани да дојде јас 10 пати ќе го избањав.. тоа беше некаде 2-3 недели.. после се превземав во свои раце.. сама си го бањам бебушот.. плус тоа и додека тој спие јас завршувам милион обвраки а плус имам и време да седнам да прочепкам тука по форумов ... само треба да знаеш како да си го организираш времето.. тешко е на почеток, паника ова она.. дал ќе успееш во се и ред др работи но на крај успеваш.. и на крајот од денот сфаќаш дека ти можеш се и не ти е потребен никој да ти се плетка и да ти кажува закони, што смееш а што не смееш, како да го гледаш бебето.. мајчинскиот инстинкт проработува баш во моментот кога си сама ...
Скриен шеќер се проверува околу 26та недела. А за утрогестанот послушај го тој доктор на кој му веруваш повеќе. Мене матичната ми викаше да го ставам уште,докторот што ме следи приватно ми рече да го прекинам после 14та недела и него го послушав.Фала богу се беше ок
влегов само во вода до колена. Да не бидам ко децана мали после не ќе можеа да ме извадат од вода а шубе ми беше да не паднам да не се лизнам да не се удавам да не фатам сончаница...
Скриен шеќер се проверува од 26та до 28ма недела. Не знам од која причина ставаш утрогестан,мене ми е кажано до крај да не го прекинувам, зависи од проблемот кој го имаш. Штета не може да направи,освен штета во новчаник
@Sofi.ja фала на Бога до сега се е во ред нема причина ,но матичната мие паничар не виден и ми рече намали го и ставај само по 1 навечер нема штета ,да нема штета ама оти вагинално ги ставам и знам да се гребнам со ноктите ненамерно неосетно и послето да имам на бришење точка крв па ете ти паники дополнителни леле од каде излезе сега ова,кога ќе ме провере мм имам гребнатинка.
Штом нема некоја причина не знам зошто во 19та недела да го ставаш. Нели обично на почеток служи за поддршка, а после ако се појави некој проблем,па да треба.
Здраво на сите. Вчера бев на преглед. Докторката ми рече дека болките се нормални. Нешто објаснуваше дека ова ти е втора бременост па не е се стабилно внатре како во првата...нз колку добро разбрав. Рече цервикс е во ред и да почнам со магнезиум, малку порано од вообичаено. Мн рано некако ми е за вакви болки. Се движам како пајка, долу ме боли стомак, ме притиска, грб ме боли...кој спомна претходно...ако сега е вака како ќе биди понатаму... Во секој случај ми рече слободно да се движам како и досега. И лесна јога исто ми дозволи. @lejlla јас во план сум да одам на одмор, крај на август. Ја прашав докторката, рече тоа не е проблем. Па се надевам ќе биди се ок. Како рутина ми стана секој ден откако ќе однесам дете во градинка, едно филмче да си изгледам, па после работа. Е сега филмот ми заврши, па да станам да зачистам и ручек да правам. Имајте убав ден
Искрено незнам дури испаничи матичната вака звучењеше Леле како ти го прекинал , да почниш да го ставаш уште одма и кардиопирин да пиеш. и јас целата прашалници незнам што да правам. Фала на советите да го дотрошам утрогестанот и нема да ставам повеќе
Јас сум седуж дена во длабока сенка.Гинекологот ми рече во сенка под дрво смеам.Под чадор не можам.И во вода не сум влегла.
Девојки, денес бев на контрола, 11 +1 сум. Едно од бебињата престанало да се развива после 8та недела но другото добро се развива. Малку сум тажна но нека биде живо и здраво другото.
istoto mi se sluci so prvoto. Posle 2 dena mi padna cepot i pocnaa vistinskite bolki ne mora da znaci deka ke e isto, ne znam koja nedela si, jas bev so pominat termin.. so lesno
Леле ќути Знам. И ја не дека се убив од пливање, туку лебдам над вода и маж ми да ме држи и тоа, за да не ми влезе вода во уши. И се си мислам ако сум на стомак го стискам бебето, а и природно лубеницава ме врти нагоре.