Јас пред неколку дена завршив со ставањето на канестенот. Тие ги препорачуваат доколку постои некоја инфекција, кандида. Сега засега чувствувам дека инфекцијата ја нема ама искрено не знам до кога зошто и претходно во теков на бременоства сум била на терапија со вагинални таблетки но ефектот бил краткотраен. Доколку планираш да ги земаш би ти препорачала прво да се консултираш со твојот гинеколог. Девојки а дали овој чајов што е за доилки е истиот што се пие за бебето да нема грчеви во првите неколку недели откако ќе се роди?
Киселини Јуник, киселини. Ги имав чат-пат, ама сега распар ме направија. Барем оправдани се во мојов случај, дека бебе мн коса има која драгата ни др-ка ни ја покажа Маж ми остана со подзината уста Ми завршија часовите, уште еден само на клиника за недела дена, тамански непосредно пред влегување во 37ма недела. Инаку одвај се воздржував да не се насмеам кога сите групно, сопруги и сопрузи вежбавме дишење. Ќе го копирам листот со илустрации, ќе преведам и се надевам дека ќе ви се најде на сите. Ах, да, јас купив едно малецко од тие Памперс 1 за новороденче. Вие колку зедовте? Дека се од 2-5 кг, а 2ка од 3 до 6 ако не грешам па сега малку сум збунета. Поздрави од мене
Леле колку убавко одвај чекам и јас да почнам да се спремам, да си купувам и се со ред.. Мислам дека е преубаво чувството. Поздравче до сите мамичкии
мене ми се случува нешто, имам некој исцедок, воден, без мирис боја ништо нема значи како вода е, и цело време морам да носам секојдневна влошка за да не бидам како помочана, и кажав на лекарката но таа ми вика препиша едни вагинални ги ставав тие 7 дена оти беа 7 во пакувањето, и ефект нема никаков, пак и реков де брисови да направиме таа вика нема потреба во 3ти месец правевме беа чисти брисовите немаше ништо, и пак ми даде други вагинални, ама гледам дека и од овие нема фајде, не ги бива, и се мислам дека пред да бидам бремена кога осекав нешто дека не е во ред ставав кансен и се се смируваше и тоа на долги стази може година и повеке бев мирна, па сега мислам дали да земам кансен и во 2 потези да го решам чудово од вода, оти гледам лекарката не сака многу да му обрне внимание, а и од вчера ми се појави некој чешање, почнувам да се нервирам.
ах тие киселиниии... јас сум си многу по благичкото ама многу киселини си имам од него и мака мачам секој ден.. Јас земав Бекутан од 3-6 кила и 30 мислам дека има во пакувањето а и мислам дека ке бидат доста за во болница , па здравје ако треба уште ке ми донесат..
не бе мила тие децата во искинати алишта ги облекуваат а не пак пелени и такви работи, порано ми кажувале дека од социјално им давале едно како торбица внатре имало пелени, шампончиња и други работи што се потребни за почеток ама сега изгледа веке ни тоа го нема..
Е ова ќе го имаш до крај на бременоста, дури при крај се појачува. Плодова вода е тоа, нормално е на секој саат се обновува па така и потекува по малку. Инаку мешиња јас сум целата во прашалници. Едно ќе се среди ,друго ќе се расипа. Хемоглобинот ми е ок, железото оди кон долна граница, а Тромбоцитите ми се кон горна, што почнува да ме плаши. Исто така денес што ме натера измерив и притисок, да ви кажам се мрднав кога видов 150 со 100 , и при повторно мерење 140 со 100. А цела бременост си бев 120 со 75-80. Е така ме удри дамла денес. За холестерол да не зборам, не се мере на трудници , а мене ми е дупло од дозволено(дозволено 5,2, мене 10,5) , лудило . Мокрачата исто така, на бактерии имам ++ . Утре сабајле одам на лекар да видиме што ќе се прави, единствено притисокот и тромбоцитите ме загрижуваат Ај имајте убав ден , да не ве нервирам јас Мислам дека има такво нешто , во општината под која се водиш. За прво дете даваат.
Даваат само еднократна парична помош, и тоа мора да го пријавиш детето побрзо... мислам дека важи додека да наполни три месеци. Ако дотогаш не го пријавиш, мислам дека нема ни да ти дадат. И само за прво дете даваат, се поднесуваат документи во општината во која живеете. А потребно е извод од матична книга на родени (копија), потврда од гинекологот за прво дете, и венчалниот лист од родителите (копија) - мислам дека толку требаше, ама прашајте си пак за сигурно.
како бе до крај? вака ке одам уште 4 месеци ппомочана? А знаете ли дали е опасно да се има протеини во мочката? Кај мене гледам тоа е покачено
Е ќе одиш, тоа е, јас по цели денови менував улошки секојдневни , ама сега веќе ги баталив, шетам гола по дома , без гаќи, зошто ми скиснаа и секојдневни и се. Па одам до вц се бришам повремено со влажни марамици и така го минувам денот. Ќе приметиш кога седеш и се движиш тогаш потекува, на лежење најчесто нема.
меу Притисокот редовно најредовно мери го и смирено, опушти се и ич да не си ставаш ништо на памет...јас од тој притисок со првото царски бев, а кога ќе ми текне колку само се нервирав - будалче...сега со мм чекаме по 2саати на цтг во државна - јас туш ладен а тој вулкан ма ми е гајле, само смирено и ќе видиш се ќе биде во ред инаку јас 4 дена +
Да, изгледа ќе морам да го контролирам почесто, утре ќе видам што ќе кажат. Сега гледав дека овој притисок се смета за умерено покачен, се надевам нема да продолжи А да ти кажам ич неможам да се опуштам, само се нервирам , за се и сешто, се ме погодува, се ме живцира, а и реално моментално немам некоја смирена атмосфера околу мене А ти женска ајде побрзај и олеснувај се, доста му е веќе на бебушко, кажи му дека го чекаме со лесно нека ти е мила
Кога веќе спомна ме у за притисокот, мене па ми е низок постојано, јас и кога не бев бремена си имав низок притисок, а и сега нјќе да мрдне, 100,110 со 50,60,70 ми е стално
И јас цела бременоста имав нормален притисок, за разлика од пред да останам бремена, кога ми беше висок. Но, еве сега на крај пак се покачи, па немораше
и мене ми е постојано притисокот 110 со 70, 100 со 60 па мене ми велат дека ми бил тамам, а не низок како на тебе
тоа е подобро да е низок отколку да е висок и јас го имам истиот притисок како вас и мене ми рекоа дека е подобро низок отколку висок кој можел да направи доста големи компликации за време на бременоста и порагајот не се секирај се додека е низок е добро недај боже да се покачи одма да се обратеш на доктор јас сум 8 месец до сеа ми неам мрднато ниту надолу ниту нагоре од 100 со 70 позз
Ехее мешина јас цела бременост сум 80 со 60, некогаш и помалку ама тоа е што е. Не е нешто опасно само повеќе е досадно, без енергија си и ко заматена во главата. Барем јас сум така.
Интересно е тоа што на почеток од бременоста обично сите се со низок притисок, а после кон крај се покачува. Инаку и покрај се не ви се пофаив, денес сме точно 32н. официјално во 8ми месец. Среќна сум ептен