@Kaetana @Ava.84 јас на 5ти Август имам закажано за втор скрининг кај докторката кај што одам на приватно. Ама сега ме фаќа страв и мм кога ќе ме види таква одма прво спомнува Систина. Таму преглед е 4300д (втор скрининг) и некако многу ми е. Од друга страна матичнава ми е посебна прича. Ама сега дојдов кај матичнава да ме ѕирне и веројатно да ми даде упат за емг. Па ќе видиме. Почесто искачам преплашена од кај неа. Да завршам па ќе пишам што ми рекла. Инаку Магнезиум пијам по 2 веќе еден месец, пијам Мг директ 300мг
Не мораш скрининг да правиш во Систина,кажи си го проблемот и кажи дека сакаш ехо преглед. За тоа се наплаќа 2500. Секое прашање што ќе го поставиш ќе ти биде одговорено,а ќе бидеш и сослушана. Ќе имаш термин за себе и доктор со трпение. Ти ја препорачувам Гордана Петровска,но во моментов е на одмор.
Не знаев, јас мислев дека сум таа недела кога се прави втор скрини г и мислев и тоа ќе треба да направам. Дојдов веќе, ќе видам тука што ќе ми каже па ако треба ќе отидам и до Систина. Фала ти
Убаво ти вика мт драга, послушај си го. Само преглед направи си, колку да си ја смириш душата. Ако ти не сакаш скрининг, никој нема да ти инсистира. Се ќе се заврши во најдобар ред, ќе видиш.
Да си тркнеш, од две мислења глава не боли. Верувај дека вреди прегледот за секој денар во Систина. Како и да е кога си веќе кај матичната закажи си емг.
Труднички, Хелоу Маж ми ги донесе резултатите од лабараторија и иако ми пиша уште на пладне од работа дека таму му рекле се е во ред, дур не прочитав и преведов сама за да бидам сигурна не бев раат. Јес да на се стои НЕ или НЕГАТИВНО.. ама за стрептокока има само стрептокока група б, па се прашувам колку други групи има и зашто тие не ми се испитани?! Знае некоја нешто повеќе околу тоа? И тука ве читав дека за стрептокока брисот не е вагинален, а јас сум сигурна дека сите брисеви што ми ги зема беа вагинални... па сега на мисла сум...
Софи се сложувам со тебе дека предледот вреди за секој денар, минатата недела бев кај др.Димчев, презадоволна сум, немам збор за докторот, пола саат ме гедаше на ехо, ми објаснуваше, после тоа исто разговаравме, слободно ми рече прашај се што те интересира, а за разлика од него, матичната да можеше ќе ме избркаше, сите прегледи кај неа мах. 5мин, никакво внимание, никаков совет....ништо, дури еднаш ми вика тебе уште малку и кафе ќе ти вариме, катастрофа....
ц ц ц какви се доктори има.. морам мојата да ја испофалам, ептен сум задоволна, по пола сааат ми трае секој преглед секое органче детално го гледа, мери, објаснува се
Женски, гледам пишувате дека ви мерат цервикс, не ми е јасно како го прават тоа. Мене до сега не ми мереле такво нешто или па ми мереле а јас не сум знаела дека е тоа.
Вагинално се зема брис за стрептокока. Уствари не баш вагинално, туку поточно од делот измеѓу вагината и анусот. Не се плаши, веројатно таа група б е онаа што се испитува кај трудници, знаат сигурно што треба да испитаат. Искрено и јас првпат слушам за група на стрептокока, ама сигурно тоа е тоа
Еве ме да ве позамарам уште малку Мојот преглед кај матичнава моја изгледаше вака : ми закажаа во 15ч, влегов во 15.45ч.Си зборев малку самапа кажав што ми е. Ми извади упат за среда во 9ч. И ми рече дека овој преглед го правеле од 24та недела, ама ете да идам па сигурно нема да ме вратат Почна да ме прегледува абдоменално. Екранот свртен накај неа, она си молчи. Викам "добро е бебето". Одговара "да бе". Единствено што дознав е дека тежи 359гр. Ми вика термин ти е на 30.12. Викам како, ми рековте последниот пат на 6.12. Вика "е де де, неколку дена е разлика". Викам скоро цел месец е. И за 1 мин. вика термин 13.12.  Ме гледаше вагинално, затворено грло ама цервикс 3,56. Викам претходниот пат толку беше, а кај другата др. беше 4.7 см. Вика толку е. Ни извештај не добив,ни сликичка. И толку. Ќе одам во среда на ЕМГ па ќе видиме. Наредниот понеделник сум на втор скрининг кај другата докторка па ќе видиме. Ме изнервира овој преглед, единствено што случајно после го сврте мониторот и гледаше па видов сликичка во 3Д од бебуш со рачињата на очи Толку за денес од моето патешествие И фала ви на сите што ми пишавте прееска, и општо секогаш кога прашам. Искрено повеќе дознавам од вас отколку од матичнава. Фала ви многу
Последно кога проверив, стрептокока имаше над 60 тина видови. Озбилно. Има стрептокока од група А, Б, Ц итн. Стрептокока од групата Б е опасна по плодот, оти за време на пораѓај може да премине од мајката на бебето, а со тоа да доведе до сериозни инфекции и компликации. Се третира со антибиотик ако има изразени симптоми или се дава само на самиот пораѓај, со цел да се спречи пренесување.
@flower30 за да не ти е мисла можеш и на Гак да отидеш после осум ќе им кажеш за стврднувањата и ке ти направат цтг. Мене таков совет ми има дадено докторка на гак нема шанса да те вратат
Битно беба е добра, тоа е најважно. Трпеливо чекај ја среда, еве ја каде е и ќе смириш душа. Има многу такви доктори, еден збор-еден алтан ама тоа ти е. Гали го мешето и уживај. Сигурна сум дека сега си поспокојна откако го виде бебчето.
Испитај си на друго место и опушти се Некогаш ја претеруваат од Плодност со брзите реакции и ствараат паника барем кај мене веднаш се за ск.. Провери на друго место и направи си разлика, па доколку е потребно тогаш ке одиш каде што треба.. со лесно
Еве ме и мене тука прва бременост, но паниките и стравот присутни нон стоп мислам, а свесна дека не чини за бебчето.. ама ајде де посилно е од нас со лесно нека ни е на сите само тоа ке кажам ) ама кога те читам како себе си да се читам хехе .. имај убав ден и опуштено
јас бев порано јуни докторот ми рече можиш слободно да се капиш ама ниту еднаш не се брцнав од пусти страв си лежев на лежалка )
Ve molam kazete mi kako mozam da go koristam krinon gelot vaginalno posto nemam upastvo a na net ne mi e mnogu jasno pa da ne utnam nesto