Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    183.803
    Пол:
    Женски
    Труднички што праите? Почнаа пак страшни жештини... :sweat:

    Значи ги рачунам последни брисеви чисти. :dance:
    Сабајле завршив и со кардиолог. И на двете срцата се во ред. Докторка ми рече ич да не се секирам со прво дете ништо не се знае со сигурност, па ако реши малата може да излезе и вечерва. :lol: Па ова поише ми одговара од она што ми го рече гинекологот. :D

    Јес да преку недела се молам на сите богови да излага, преку викенд се молам да почека за можам да пливам... и така. :wasntme:
    И има датуми кои стварно би сакала да ги скокне, на 6ти Август е роденден на свеки, на 13ти Август на свекор, а на 10 или 11ти е роден еден од внуците на маж... Ја би да се роди на Илинден и да ги заебе сите, и јер себична сум малце. :wasntme: :D
     
    На Presrekna, marchi-cool, Girl-Rabbit и 18 други им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    @flower30 Јас одев неколку пати на ЕМГ и секој пат ми покажуваше контракции а јас ништо не осеќав.
    Докторката е многу фина,ми годеа со нејзе разговорите,психијатар е па убаво влијаеше на мене.
    Јас би ти дала совет да си земеш упат од кај матичната за на ГАК за скринингот ем ќе си имаш и уште едно мислење.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    И ја би на Илинден да раѓам :D:D
     
    На Presrekna, Sofi.ja и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    183.803
    Пол:
    Женски
    Ајде Марија ти прво па машко, па потегни некоја врска кај боговите. :D
     
    На Presrekna, Septemvri и Мариаа. им се допаѓа ова.
  5. Nora.A

    Nora.A Популарен член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    1.018
    Пол:
    Женски
    Здраво труднички!
    Да се јавам тука со резултати од вториот скрининг
    По циклус сме 20+3,биометриски понапредни, 21+2
    Должина на цервикс 3,14 см
    Бебче не сака многу да се слика, цел на мм, му се направи мерак:inlove:
    Едвај го слика др, да добиеме барем една саглам сликичка, ама затоа пак и се изнафали со свирчето:P
    До сега се е ок, се надевам дека ќе биде така до крај
    Поздрав девојки!
     
    На Lorins, Septemvri, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.909
    Допаѓања:
    142.477
    Фала ти Моник. Едвај чекам да одам на прегледот да видам што ќе кажат. Штом на вас без болки ви покажувало контракции, кој знае на мене што ќе покаже:(
    Јас за скрининг имам веќе закажано кај докторка на приватно, на 5ти Август.
    Вчера тој преглед беше онака блиц преглед:)
    . Кај што треба да одам сега на 5ти и верувам на докторката и одам подолго време таму, ама секако ќе имам на ум и за ГАК.
     
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.909
    Допаѓања:
    142.477
    Каде го правеше скринингот(ако не е тајна:)?! И мене вчера цервикс ми рекоа 3,56см и јас мислам малку е, а сум 20+4. Ама др. Рече ок е. Па ме интересира што ти кажале и тебе
     
  8. Floresita7

    Floresita7 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Уф тешко се борам со жештините, мешко тежи, а киселин се повеќе. Која недела си? Јас не направив преглед кај кардиолог не ме упатија до сега во која недела се прави?
     
  9. Mecence <3

    Mecence <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Мешиња 35недела сум веке 2/3дена имам каслица се плашам сега на крај да не му наштетам на бебенчето.
     
  10. Nora.A

    Nora.A Популарен член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    1.018
    Пол:
    Женски
    Здраво @flower30
    Скринингот го правев кај др Елена Петрова во Ремедика. И првиот и вториот кај неа. Др рече се е ок, терапија фолна и магнезиум. Јас сум со ивф, па имам и дополнителна терапија, а со резултатите треба дополнително да се јавам кај др од ивф и кај матичниот па дополнително ќе ти пишам, ама не се секирај се ќе биде ок
    Инаку те читам редовно, друшки ќе бидеме со бебињава, термин ми е 13.12:inlove:
    Доста сум активна и освен киселини и болки во грб немам некои поголеми проблеми
    Биди ми добра, се читкаме
     
    На Septemvri, tina2018 и flower30 им се допаѓа ова.
  11. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.909
    Допаѓања:
    142.477
    Е фала ти, знам дека е ценета докторка па ако имало нешто за цервиксот ќе кажела. Е да, мене вчера ми рекоа термин 13.12. И јас носам машко:inlove:
    Јас киселини дали 2-3пати имав и фала богу што барем со тоа сега за сега немам многу мака.
     
    На Nora.A му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    183.803
    Пол:
    Женски
    37+6 денеска :)
    На кардиолог ме упатија од поликлиниката каде што ќе се пораѓам, а претходно во нивната лабараторија ми земаа и крв за проверка. Иначе гинекологот што ми ја води бременоста не ми побара такво нешто.
    А и не сум во МК, па не знам дали и кај нас е пракса исто.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Не се прави овој преглед рутински кај нас во Мк. Ако треба, ќе ти каже гинекологот. Мене во првата бременост само ми спомна др. дека ако сакам, може да направам, но и не мора. Не направив тогаш, туку откако се породив и направија на бебка, уште додека бев во болница (во Систина кај Драшко Димески). Прашај си го докторот дали е потребно да правиш, некои трудници прават заради свој мир :)
     
    На Floresita7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.909
    Допаѓања:
    142.477
    Од сабајле ме боли стомакот, менструални болки. И вчера ме болеше еднаш и завчера. Вчера ја прашав матичната, не ми одговори ништо, ја прашав лошо ли е тоа. Само ми рече, па ако се по цел ден лошо е.
    И денес ме боли стомакот. И долу кај вагината имам притисок некој. И се јавив на матичната, вика пиј спазмекс. Ама од спазмекс ме боли желудникот па ја прашав дали може Бедоксин и увин чај. Рече може.

    Се напив таблета, сега чајот ќе го пијам. Ќе се надевам дека ќе ми помине.
    Стравот што го имам не сакам да го опишувам. Вчера бев на преглед, утре сум пак. Изгледа би требало секој ден да одам. Не знам веќе зошто вака ми се случува. Са кажам полудев, малку е
     
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Цветче мило, вака не смееш веќе. Мора да се смириш и да престанеш да паничиш за сенешто. Знаеш како викаат, лошите мисли привлекуваат лошо, и обратно. Ништо нема да ти се случи, врзи си го тоа во глава, стисни заби и гледај напред. Замисли си ја иднината, ти со здраво и живо синче во раце, ќерка ти и мт покрај тебе, едно големо среќно семејство. Зар има поголема среќа?
    Најди некоја занимација и оттргни ги мислите од бременоста. Не знам што ти претставува задоволство, дали готвење на пример, читање книги, филмови, прошетки... Можеби некоја група за вежби за трудници добро би ти дошла... Само размислувам на глас, опции имаш безброј. Вака премногу време минуваш во анализирање на симптомите. Кажи си дека се’ е божја волја, се’ е во негови раце и ќе биде како што треба да биде. А ќе биде добро, друга опција не постои.
    Извини што си земам за право да ти пишам и делам совети, ама имам само добра намера, го знаеш тоа.
    Те гушкам и опушти се. Речи си нека биде како треба да биде, божја волја, и свиркај си. Се’ си е во ред, и така и ќе остане до крај :hug:
     
    Последна измена: 30 јули 2019
    На Kaetana, koritsaki, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Мешковци, јас денес бев на трансфузиологија за д-димери и ф-ри на хемостаза, последни за оваа бременост, од утре 36 недела. После кој матичен гинеколог, за последниот брис за спб, на ехо бебушот го измерија 2800гр. Ме почасти и еден вагинален преглед:) грло зрело размекнато скратено и вложиво за прст. До 37 недела ке си истерам а за понатаму нема прогноза :). Само живо и здраво да се роди па кога ке реши тогаш, љуби га мајка :)) ве прочитав и вас, денес имаше многу за читање, генерацијо август го раситнивме нек ни е со лесно на сите :) ве гушкам
     
    На Kaetana, koritsaki, Autumn_ и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    @maja1511 исто од контрола се враќам. 1 ден сме разлика во термин.
    35+5 денес бебе 2500, постелката презреана од 3 степен, со калцификати. Сега следиме доколку не расте бебе провоцираат пораѓај. Исто зедовме брисеви денес.
    Четврток сум во Плодност на ЦТГ и контрола. Ништо матичниот не ми рече за цервиксот или дали сум отворена.
    Сега чекаме.
    Некако паника ме има фатено. Мала е палчица моја ама ако решила мама да ја види тоа е.
    Важно бубрезите и плуќата и биле развиени.
    Со лесно сега на сите.
    @Yowannty мила ти реков дека прва идам да раѓам. Постарите имаат предност.
    И инаку ова баба ми е само шала. Како 25 се осеќам искрено. А ако овие дена се породам ни 10 кг не стигнав да ставам. Ни 70 кг не видов на вага.
    Поздрав
     
    На Kaetana, koritsaki, Magic13 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Леле мила добредојде во клубот. Како си со постелката? И кога ти беше термин? Ден два сме разлика мислам. Машала бебуш супер си е. Ајде ситниме август
     
  19. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.909
    Допаѓања:
    142.477
    Од сабајле на секој пола саат си велам, ќе биде добро, ете вчера бев на преглед утре пак ќе одам. И ќе биде ок, си велам. После почнува да ме боли стомакот и почнува страв да ми се јавува и паѓа во вода се она што сум си го мислела претходно. Верувај, срам ми е веќе од себе, од мм, од домашните и од феминките овде оти на секоја тема исто пишувам. Ама стравот ме совладува.
    Па и докторкава ниту ми објаснува ни ништо. И уште толку се плашам.
    Сакам да излезам, ама искрено цела бременост ми е со болки и не ни можам многу да излегувам. Дома 1-2 саати што ќе поработам, ме заболува стомак и го лежам остатокот од денот.
    Фала ти за советите:hug:
    И извинете сите што ве замарам со моите лудила, знам досадна сум, ама освен на мм и овде нема на кој да кажам.
     
    На Miss.N, Kaetana, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    7.639
    Пол:
    Женски
    Здраво труднички. Нова сум на форумов. Веќе некое време ве следам, особено во темава, па решив да ви се приклучам. Бремена сум 19 недела, до сега се е во ред фала му на Бога. Имам прашање и ќе го поставам тука, бидејќи оваа тема е најактивна. Д-димери дали испитуваат сите трудници и ако да, кога вообичаено се прави тоа испитување?
    Поздрав до сите
     
    На Kaetana, koritsaki, Nora.A и 3 други им се допаѓа ова.