Добредојде, д-димери се испитува ако гинекологот види дека има потреба од тоа. Јас испитував последните три месеци од бременоста, од причина што со сопругот сме некомпатибилна крвна група и на постелката беа видени неколку мали лакуни кои после ги снема. Ако треба др.ке те пушти да испиташ.
Воопшто не си досадна и не не’ замараш. Те сфаќам дека ти е страв, ама па болки до одреден степен и нормални се во бременоста. Сакам да кажам, не секоја болка е за аларм, а ти сама си правиш да ти биде, непотребно. Долго сме на форумот и јас и ти, те знам одамна и знам дека не ти е сеедно, ама опушти се и се’ ќе биде подобро А матичната, ако е од оние со клешти зборови да им вадиш, смени ја. Јас искрено уште не сум нашла добра матична, па затоа одам на приватно. Кај мат. само за упати за крвна слика и боледувања ако треба, не дај боже.
Душоооо, денес сум 35+6, краен термин 28.08 ако се издржи до тогаш за постелката рече само добра е, не ми објасни нешто посебно и плодова вода има доволно. И јас не поставував нешто многу прашања бидејќи тој вагиналниот преглед не го очекував па бев малку како збунета) не ме болеше до душа, ама не очекував матичната да ме прегледа така. Со претходната бременост имав друга матична која и покрај сите проблеми ниту еднаш не ме прегледа вагинално туку секогаш ме праќаше н ГАК. Ама оваа поопасна др.изгледа ))
Да, да сфаќам дека со паника само полошо си правам. Матичнава искрено сакам да ја сненам ама не знам кај кој друг да се пишам. И јас одам на приватно, ама ете за брисеви, упати сум кај неа или ете докторкава на приватно кај што одам е на одмор па отидов кај неа. Имам другарки што оделе кај други 2-3 ца доктори и не се задоволни и изборот е многу мал. Ама ќе се консултирам и ќе побарам замена
Добредојде мајка! Јас д-димери и триста др работи испитував во 10та недела, но јас сум со близначиња најдобро е да го прашаш докторот, индивидуално е
и јас не сум отворена ама грлото е размекнато...и чекам....не можам со ова жешково....на гак немаше термин за цтг до 14,08 па матичната ми рече ако ме фатат болки да и се јавам одма...нема паника...знаеме како идепоздрав
Немој мила да се извинуваш, и да се окривуваш. Тоа е состојба над нас која не може да ја контролираме. Кој не се соочил со анксиозност не знае. Слободно мила пишувај тука, затоа е форумот. Инаку и јас оваа бременост премногу лесна, ја износив со голем страв. Од 26 недела бебе беше долу, па со болки. Па не напредуваше, воопшто не јадев и не се поправував... Се беше на психичка база и нервози бидејќи дома не бевме средени со реновирање и мачкање. Но не се предадов. Јас сум вечен оптимист и секогаш во криза се замислував со бебето во раце како си цица. Си ветив дека ќе го родам здраво и живо. Во еден момент не легнав. Дури имав препорака од Др за ограничено движење и станување, а јас буквално не сум седната. Болки имав, но ги занемарува. И навистина еве сум 9 месец и секој ден очекувам да се роди палчица моја. Знам колку и да зборуваме, тоа е посилно од тебе. Само речи си дека ќе биде како сака Бог. Јас бев со дијагноза дека никогаш нема да можам да останам бремена после киретажа. И еве ме. Во медицината 2+2 не е секогаш 4. Гали го мешко и сети се не си сама. Не има еден куп тука.
Ме расплака Јас па спротивно од тебе, тежок песимист сум. Знам дека тоа ми е најголемата кочница за се во животот. Ама па имав и јас еден спонтан претходно и од тогаш почна се (не дека претходно не бев таква, ама после киретажата се дуплираше се негативно). Ми викаат ок е, движи се колју можеш, ама јас повеќе лежам. Анксиозноста, болките, стравот и се се собра на куп. До сега не чуваше Господ, сакам да се надевам дека ќе биде се добро до крај. Фала ти. И дај боже да си имаш брз и уште полесен пораѓај. И фала ви уште еднаш на сите овде на советите. Ме опуштате повеќе отколку докториве. Фала ви
@flower30 Инаку и јас сум многу анксиозна, ама се обидувам да ги тргам негативните мисли. Малку ми фали некој нешто да ми спомне (некоја лоша случка), се си земам при срце и му досаѓам на маж ми. Исто и стресови по дома што ми се случуваат многу ми влијаат, па после чувствувам уште поголема грижа на совест што дозволувам да бидам вознемирена. Ама ќе си се тешиме
Иста, иста сум. Мм не знам како уште ме трпи Му викам уште малку истрпи ме, дека и хормоните ми влијаат. После кога ќе се породам можеш слободно да ми се лутиш и караш
Здраво идни мамички, сакам да ве прашам нешто. Сега сум 30та недела и веке 2 месеци сум со големи отоци на нозете. Денес кога се разбудив нозете ми беа многу отечени но плус отокот ми е црвен и многу ме пече исто како изгореница од сонце. Дали ова е нормално во бременоста, ви благодарам
За отоци знам дека даваат да се проверат Д димери. Ако се повисоки се прима терапија. Докторката не ти спомна ништо?! Консултирај се со докторката, а мислам дека можеш да ставаш и Ациди борици.
Д димери испитав пред една недела и се во ред, па затоа прашувам дали можеби е нормално ова. Иначе прва бременост ми е и секоја нова појава ме паничи
Ете може други трудници знаат повеќе, мој совет ти е една консултација со др. Во меѓувреме сол избегавај и кревај ги нозете на повисоко.
Консултирај матичен за проверка на бубрези и урина. Он ќе ти каже што точно да испитате. @flower30 ја читам и мисламдека плаче за стап! Ќе биде се во ред утре. Ќе видиш. Ептен е нормално да имаш болки , замисли расте човече, се шириш, почнувајќи од матка, коски , се. Бракстон и кај мене почнаа околу 20та недела. И тоа на интервали знае да бидат како контракции. Пиј многу вода и раздвижувај се умерено. Секако со малата не можеш да седиш. Уживај во бременоста!
@flower30 која недела си? Јас 17та и цело време со болки, докторот вика не е од матка болката, ако беше до сега ќе немаше бременост. Мојата историја да не ти ја кажувам, ама те разбирам дека немаш мир кога нон стоп осеќаш болка ама немој стравови и да си замислуваш лоши сценарија. Јас кога ме боли пијам магнезиум одма, варам некој чај од тие што знам дека се безбедни (шипка и камилица) бедоксин и легнувам со перница меѓу нозе, пуштам серија и до сега еве ок сум, за до крај Господ знае, ама очекувам најдобро да поминам
Дафи, за некој поголем стап плачами тоа да ме тресне некој така посилно. Мене ме исплаши докторката кога ја прашав за вакви болки, а денес скоро цел ден ги имав и 100 пати ми повтори да одам обавезно на прегледот и да и кажам што ми кажале. И си реков може претпоставува нешто, оти на прегледот 2 збора кажа само. Чудно ми е дека вакви маки немав во првата бременост и затоа сега паничам. Се надевам утре ќе биде добар резултатот. Е вода порано пиев многу, сега некако потешко ми е, ама морам и на сила ако треба.
Колкава доза магнезиум смеете максимум да испиете, мене ми рекоа 2x250 да пијам ама не знам дали тоа е максимумот, најдобар другар ми е магнезиумот периодов. Следен пат ќе си препрашам ама до тогаш да сум мирна
20та недела сум, за 2 дена во 21ва влегувам. До сега сите други прегледи беа ок - скрининг, брисеви, 2 пати уринокултура, копрокултура, и плус ехо прегледи во меѓувреме. Се е ок, а болки имам. И тоа секој ден, од прв ден на бременост. Пропратно и тахикардии имам и замор и се на куп. Пијам магнезиум 2 х 300мг.веќе цел месец. И сето тоа ме прави нервозна и исплашена. И резултат - лудило