Јави се на доктор и покрај бубрези провери за прееклампсија. Како си со притисок? Ако ти е повисок деновиве обавезно консултирај се. Оти отоци после будење не се баш вообичаени. Преку ден, да... Ма да може не е ништо страшно, ама без консултација со доктор не би ја оставила работата.. @flower30 смени ја докторката. Секој пациент заслужува доктор кој во бременоста ќе му посвети внимание, ќе знае да го смири, и нема дополнително да му прави паника и стресови. Мислам дека ти треба нов доктор, кој ќе се потруди да ти објасни работи, особено ако гледа дека се бориш и со анксиозност. Така да, размислувај и во таа насока. --- Чисто да си споделам. Онака ми текна да изгуглам за позиција на детето што значи тоа BEL во мајчина книшка. Оти никој ништо ми нема спомнато. Кога гледам - карлично поставено бебе. 29 недела карлично. Има време. Се надевам ќе се сврти. Оти нешто сум нафурана за VBAC па се надевам дека нема да мора царски заради карлично поставено бебе. Има време, знам. Ќе биде. Јес да ќерката од 28 недела беше надолу и си остана така... Ама па тоа со царски заврши, така да... Што ќе биде нека биде, само добро да се заврши. Бебе со подмавнува, некогаш повеќе, некогаш помалку... Само знам дека имам мака со седење, особено кога мава, и си велам што не си го зедов одморот глупсон сум стварно, од понеделник веќе ќе бев дома.. ама ај. Проектот да се завршел. Синкир некој тоа многу ќе ми го цени. Како не.
Да, обавезно, само да најдам некој поасален доктор. Јас сфаќам дека не мира она мене се да ми каже од прегледот, ама она не кажува ништо. Освен негативни работи. Кога требаше, кога планирав амнио да правам 100 пати ми повторуваше дека со амнио има многу голем ризик од спонтан. Ок, знам дека е така, ама не мора на секое тоа да се кажува на трудница што планира да прави амнио. И ред други такви примери.
Ako nemas indikacii nemoras ni da praves amnio jas realno nikogas ne bi ja pravela oti e invazivna metoda taka da maticnata ti e vo pravo
Ми рекоа 2 докторки заради годините и претходен спонтан дека треба амнио или некој пренатален тест. Правев НИФТИ во 13 недела.
Трудници на одмор на море, колку често пливате? Докторката ми рече да не се ограничувам, ама јас сум без исав, ме фати малку грижа на совест сега...
Колку повеќе, толку подобро. Пливањето е број 1 активност што се препорачува за трудници, така ми рече мојата докторка Јас едвај чекам да одам на одмор, море сонувам секој ден, ама ќе си почекам до септември
И јас мислам така, ама ете денес ме фати кризата, 19 та недела, второ бебе, плацента на заден ѕид, а уште не сум го осетила бебево да мрда, па си реков да не претерав нешто. Сериозно сум исплашена со мрдањево, пред 1 недела бев на преглед, се беше океј, докторката ми рече ќе почнеш.да осеќаш од наредната недела, еве таа недела почна, бебо го нема да се јави ...
Туркам веќе едно кајче и влечкам мускули и кофи со лопатки за песок В година дома со бебе, уште ќе одмарам од овој одмор со ќерка ми душа ни ваѓа
Ќе почнеш да го осеќаш кај и да е. И плацентата што е на заден ѕид има врска со ова, баш имам читано за движењата дека покасно се осеќале. И јас сум со втора бременост, 8+5, и еве денес сефте си добив Фраксипарин, зошто заради проблем со ногата испитував димери и испаднаа 2.500 Тоа е, нека ни се родат здрави и живи, ние ќе трпиме и ќе трчаме по дечињава дома Мојава е толку живо дете, не застанува, па и на одмор забавно ќе ни биде Ама да уживаме додека сме со едно, пошто догодина ќе биде журка. Особено што моиве само две години ќе бидат разлика
Иста јас. Во 23 недела бев на одмор, и секој ден иста драма, зошто го нема бебето, претерав во вода, претерав на сонце... па треси стомак, лежи на грб... Па ќе осетам мало движење, па ајде ќе се смирам. Маж ми полуде мислам. А ко за беља, колку поише ти е таму паметот, ко за инат бебе е во мирен период и не мрда. Се вратив од одмор на контрола, бебе пораснато, мајка поправена.. Не се секирај.
Мајки вечерва почувствував како пецкање доле внатрешно кај отворот, незнам дури како да ви објаснам не беа силни болки, на неколку пати го осетив тоа но беше мн непријатно и искрени малку се изплашив
Ајде уште едно прашање(може и глупо) и завршувам со досаѓања за денеска (се надевам) За ЕМГ прегледот има врска дали си јадена или не?! И пијам Еутирокс на сабајле па веројатно смеам да се напијам?! Заборавив да ја прашам докторката. @Sofi.ja @monik55 вие правевте, па ако можете пишете ми
Треба една тема ноќна смена да отвориме. Најдосадна ќе бидам таму. Цел ден отепана уморна, си велам вечер ќе спијам, ама штом дојди ноќ абер немам од заспивање. Тек кај 4-5 може ќе заспијам. Палчица во мене ако бубаче е ме отепа од удирање вечерва. Значи буквално се виткам од болка. Само коленца, стапалчиња лакти летаат насекаде. Да не зборувам за удари долу со главчето како некое бикче по црвено што турка. Едвај чекам да ја гушнам и се ова да помине. @Magic13 како си мила што стори со шеќерот? Беше СК? @flower30 ако ЕМГ е ехокардиографија или проверка на срценцето на бебе тогаш нема врска јадена, гладна... Еве едно видео кое ме разнежни и ми направи апетит за да си го видам бебуш. https://www.facebook.com/148819191840574/posts/2271982082857597/
со еутироксот нема смееш - не смееш, него го пиеш пред се друго, пред било шо да правиш . Ај додека сум тука едно безвезе, небитно прашање - околу полот, има ли некои карактеристики шо се типични само за едниот пол, по што би се дознало какво е? Моето ептен е срамежливо, нозе стиска, се врти не дава го глеаме, кај нозе стиска па и главчето си го покрива со рацете Жени шо се 7-8 недели поназад од мене веќе си знаат пол, моето уште инат тера
Бебе се спушти доле дефинитивно. Какво олеснување,уште да искочи и да се олеснам скроз Почнав со качување скали по 3,4 пати,скокам на пилатес топка,така си стоеше цело време,маж ја надува и сега квачам на неа ако ништо друго барем стварно помага за болки во препони. Си купив урми и така не знам што друго. На крај пак останува бебе да реши кога е време Ама мене веќе ми е мачно и доста. За два дена сум на преглед и цтг,докторот што ќе ме пораѓа се врати од одмор и таман се под конец Ај ве гушкам.