Мене ми дозволија и 3 на ден од 400мг ако имам потреба. Нема врска јадењето,уште помалку еутироксот(и јас пијам) Среќно утре,те чекаме со извештај овде @koritsaki мислам знаеше по пулсот да одреди пол
Генерацијо, има на некој друг освен мене што му се смачи и што веќе нетрпеливо чека да се гушка со бебо? 39+, бебо е горе, више пукнав, што од киселини, што од неспиење. Цело време активна, со вежби, со урми, ананаси, гушкање со маж, и пак ништо, на куклето не му се иди. Чаре, ум, утеха? Знам не треба да ги брзаме, тие сами си одбираат кога ќе дојдат ама овај 9ти месец колку сите други го кркав.
Трета смена на рапорт! По незнам кој пат станав за во тоалет и местев и разместував 5-6 перници па еве ми се скрши сон. Сесилке едното од моите близначиња се криеше верувала или не до 20+. Штом се светеше ехо накај него тоа ни вртеше газе и грб, плус стиснати нозе. Мислев девојче е, на ваков инат. Првото маже се покажа уште во 10 недела. Инаку, двете се маженца
Мами денес се разбудив со болки како да треба да добијам, пиев магнезиум пред 1 час но сеуште ме мачи баш доле. Прв пат ми се случува, чудно ми е бидејќи имам исклучително лесна бременост. Што советувате? Не е нешто што не се издржува, но и бебе доле го осеќам. 29 недела сум..
Еве ме, завршив со ЕМГ. Како што и очекував- контракции од среден/ висок степен. Строго мирување, Бедоксин 3х1, Магнезиум 3 до 4 пати на ден, а по потреба и Дијазепам. Да продолжам со Дабростонот, да уклучам Утрогестан. Знам дека многу трудници се соочуваат со ова, ама ме дотепа ова. Контрола во Септември. Сега останува да лежам и да се молам на Господ да успееме до крај.
Здравје само, се ќе биде добро. Важно е што точно знаеш што треба да превземеш. Грижата за малото мораш да ја предадеш на друг. Ти ќе си тука за гушкање и вербална комуникација. Со дисциплина се се средува. Гали го мешко и кажи му да биде умно во меше, мора да те послуша. Знам дека е многу лесно да солиме памет од страна ама силно верувај дека твоето бебе ќе дојде на свет тогаш кога ќе биде доволно зрело за тоа. Те чувствувам како своја бидејќи сме тука некаде со неделите и затоа си земам за право да ти "паметувам" на секое Ти го посакувам она што си го посакувам на себе-успешна бременост до крај!
Фала ти мила. Знам, колку трудници имам прочитано дека успеале, ама црвот е тука да ме јаде. Добрата работа е што преземав нешто, ете мојата паника и добро донесе Добро што ме прати др. на прегледов за да знам на што сум. Сега некако мора да се организираме за да лежам цело време. Само го молам Господ да не чува, да го чува и ова бебе во стомак, да почека уште. И ако, мене ми годат вашите совети, ми годи вашата поддршка
Е да спомнам и ова што ми кажа докторкава од Клиника. Рече дека со увин чај не треба да се претерува, затоа што делувал на гастро... (заборавив точно) и предизвикувал дијареа. Така да, колју добро толку и лошо прави.
Кај мене имаше напишано лесна сензибилност на матката др што ми правеше ЕМГ. Заради тоа др од Систина ми препиша чепчиња Индометацин(ги нема кај нас,во Бугарија) и прогестерон депо. Кај мене и цервиксот беше скратен може и зараси тоа да ми ги даде овие два лека. Те советувам да си отидеш на преглед и да си прашаш. Мене пред 9 недели ми рече матичната матката нема да издржи а види чудо (да чукнам во дрво) како издржува,па и бебе од скоро кило ипол Само позитивно
Гледаа со сестрата и збореа, имало контракции и до 1800,така ги чув. Вика не се 3000,ама и ова е сериозно. Вика не е толку страшно за да лежиш на патолошка, ама мора терапија и мора строго мирување(ова ми го повтори повеќе пати). Јас терапија примам Дабростон, сега и Утрогестан ми рече матичната. На 5ти сум на преглед кај докторкава на приватно, за втор скрининг и со неа пак ќе се консултурам. Инаку во понеделникот ми мереше цервикс матичната, 3,56см и затворено грло. Леле многу ви фала за споделеното искуство и советите, верувајте толку се исплашив што не ми се ни збори со никој. Многу ми е страв, тек 20 та недела сум.
Еве мене ми напишала: Максималната аплитуда на снимените потенцијали беше 6300 микроволти. Јас во 21ва недела го правев снимањето,само опушти се и се ќе биде во ред За да видиме што ги предизвикува контракциите правев повторно брисеви (да не има инфекција-немаше) уринокултура (да не има бактерија-немаше) и крвна слика со црп (да не има воспаление-немаше) и така не откривме од што се,ниту направив конторлно емг дали се смириле,ми рекоа нема потреба.
И јас од утре влегувам во 21 недела. После баш ќе го сликнам извештајот. Инаку и они прашаа за уринокултура, брисеви. Јас ќе го пратам мм да однесе урина пак за проверка, а во понеделник ќе и спомнам на докторката да ми земе брисеви и пак да проверам. До сега се беше чисто, ама вреди да се провери Леле дај боже да биде добро. Ти сега 29та недела си?
Да, од вчера 29та недела, должината на цервиксот се нормализираше па можам малку да здивнам. Матичната ме испаничи до немај каде,со плачење со мм отидовме во Систина каде првенствено наидовме на луѓе! Прво добивме утешителен разговор,а потоа се што требаше прашавме и кажавме. Од тогаш кренав глава горе и секој преглед беше се подобра ситуацијата. Затоа ти викам само позитивно, знам дека не е лесно и јас бев во депресија првите неколку денови додека мм не ме "здрма" со разговор дека бебето е во ред и ќе се роди живо и здраво кога ќе му дојде време Пушти се во шопинг за бебчето и не мисли на тоа
Фала за грижата, мила. Бев Скопје, диета ми препишаа и таблети земам, за инсулин ми рече нема потреба. Еве една недела каде што ја држам диетата и го мерам шеќерот секој ден по 4 пати после јадење и ми е во границите на нормала. Многу зависи од храната. Чувствувам глад понекогаш, ама тоа е, ќе издржам уште еден месец за бебето. Среќна околност е што го открив навреме, а не планирав да го испитам. Затоа најдобро се да се провери навреме.
Е супер. Ајде паметно бебче имаш, знае дека треба да седи уште во меше Јас имав менструални болки деновиве и ме прашаа сабајле дали имам и болки во половина, реков да и докторката рече, ете гледаш(ја сфатив како и тоа било знак за контракциите). Јас кај матичната не отидов, ми рече докторката јави и се, сега право дома и во кревет Еве и сега, сум заспала и ме разбуди менструална болка. Мене тоа и ме плаши повеќе. Ама се надевам, ќе лежам и дека ќе биде добро, па да можам и јас да се опуштам. И мм по телефон сабајле ми го кажа истото, ама ете може ми треба време да сфатам дека ќе биде добро. Мака ми е дека сум и со мало дете и не можам ништо да правам, ама мора и тоа да се издржи. Ќе помагаат сега сите за да биде добро.
јас мислам дека "женските имаат предност" енски не можам да ве дочитам сеспремам за на работа ама ќе памтам дека сум до 4606 стр.
Џабе Повеќе искуства тука можеш во категорија бебе да си прочиташ... Јас го имав купено (и тоа тогаш 700ден беше), го разлистав и го оставив во фиока. Ништо посебно нема...