јас па сирота ни знам кај ќе се пораѓам ни па кој ќе ме пораѓа абе докторов мој не беше ваков,абер нема да ме прати на одделение. Како што кинисало јас дома ќе се породам. До термин уште 18 дена имам. Дали гледа нешто а не ми кажува што мисли дека е рано... А нели жени во прв ден од 9ти месец се породуваат а јас... јас сум околу недела - недела ипол поназад од тебе. Си викам не ми се брза нека си чека. Освен притисок движење и такве ствари ништо друго не ми смета. јас сакам вакви книги брошури и сл а што цена е?
ауу.... Едвај чекам да дувне ај преку ден се тешам лето е мора да е топло ама навечер бе??? Некогаш дури до 10 навечер е топло. Ако не отворам прозор ноќе мислам ќе цркнам. Ми се дешавало да се испотам навечер што никогаш претходно во мојов живот не се десило па надвор седам со саати.
Ни на лева ни на десна. Па уште кога ќе се размрда бебе пред спиење,леле си викам спие ли ова дете некогаш. Се будам во сред ноќ испотена,нервозна. Прееска ме фати дремка накај 18ч. Од топло не можев да заспијам,воздух не можев да земам.. Пази со климата И јас пуштав пред спиење или во сред спиење,не дуваше директно ама се осеќаше во спална. Еве два дена сум со затнат нос,повремено тече, а грлото ме чеша Сега разотворив прозори промаја да мавне да се разлади,а уште сега се потам Јас сум со 4ка железо,па од вчера почнав да пијам мед со семе од коприва. Денес му додадов и лимон,прочитав така дека било поефикасно,па баш да видиме ефект за 1м. Купивме денес количка и подлога за пресоблекување. Од големи работи уште шкафче со фиоки и корито со сталажа. Па ќе остане уште нешто од облека и така. Стерилизатор ни е ветен,пумпата кај и да е ќе стигне Релаксатор ќе позајмиме,па ако седи ќе му купиме. Постелнината од понеделник ќе стигне. За 2-3 недели да докупам што фали од облека,па да отидам до аптека на шопинг Ајде веќе нека летнат овие два месеци, I can't wait
Се случува да станам со малце затнат нос ама се одзатнува одма. Шо знам поризично ми изгледа испотена и на промаја да спијам. Додека сум будна ми е се отворено послето затварам. Друга работа ми е стравот од се што мрда, вчера на тараса мачка ми рипна додека седев со отворена врата. Има мрежа ама од памет ме извади. Можам да замислам колку би вриснала ако се разбудам и ја видам пред врата А бе терсене човек, тоа е...
Хахаха не збори за мачки и отворени прозори. Ние сме на високо приземје,можда 2-3 метра има од доле до прозор,пред да ставиме мрежа на прозорот,мм отворил прозор,се будам во сред ноќ испаничена,леле затварај мачка ќе влезе. Другиот ден ме уби од зезање,високо било немало шанси да влезе,ми вика да не има мачки што летаат Се тешам дека сум на боледување, па и да се разбудам ќе можам преку ден да надоместам..
kaj нас рипаат од оградата на комшиите, па на дрво и директ на тараса, а не е баш ниско. Трауми имам од нив а бе ја не знам зошто по доктори коа сами се си знаеме
Ќе побарам утре да видам кај мене како пишуваше ама мислам исто беше. Мене во скоро 36 недела ми пукна водењакот,два месеци имав цело време болки де во карлица па во кичмата и стврднување.
Трета смена, трета смена! Дневница одработена Како спијам? Не спијам! Жешково ме мрдна. Клима не можам да поднесам никако. Мм го издехидрирав веќе Чат-пат му дозволувам на 27 степени да уклучи и тогаш сум цела омотана со фротирка од глава до пети и прикриен стомакот во едни негови пижами кои единствено нив можам да си ги качам до гради. Незнам, уплав имам од клима... Многу сум осетлива станата и морам да се чувам. Не е убаво и да ми жеже ама поарно така отколку да се укочам цела... Има ли друга неспанка?
Отспав една тура, сега дежурам стандард. И овде пекол, ама мене ми е прочитано негде дека вентилатор е подобра опција од клима (којзнае дали и колку е точно), па ние сме со вентилатор нон стоп, и тоа директно да дува во нас. Клима сме пуштиле неколку пати само во најкритичните моменти. Еве сум и ја со затнат нос веќе неколку денови и грло ме гребе по малце. Вчера на кивање ми се откорна и малку шлајм од грло.. плуќа кој знае... се испозачудив, сум немала тоа од дете, зар сеа најде... Па се молам на тоа да остане... Цтг мирно. Доктор рече оваа недела ќе ја изгурам гарант, наредно на 7ми.
Добро утро, Мене др. Кај што ми правеа ЕМГ ми рече Дијазепам да пијам од 2мг. И јас си викам може ќе ги смири повеќе болките и ќе ги намали контракциите. И нормално, ништо не пијам без совет од доктор, дури и чаеви. @monik55 извини, која недела го правеше ти емг прегледот? Супер, ако го најдеш извештајот баш да видам и кај тебе како било. Извинете што уште ве гњавам со тоа За спиење инаку, сега за сега спијам без проблем. Жешко ми е, ама спијам. До кога така, ќе видиме
Здраво девојки, како сте? Од кога почнавте со перење на алиштата за бебињата? Јас еве скоро 33та. Прибрав нешто алишта од син ми, нешто купив, ама уште нема така есенски по продавници за да комплетирам се. Немам ништо испрано. А и други реквизити треба да земам, шишиња, цуцли. И со кој прашок ги перите алиштата и дали да земам омекнувач? @Kaetana и јас користам аспирин, до 34-35та ми кажа да земам приватниот доктор, а матичниот до 32ра недела. Многу да не е до 37ма? Прашај си и кај друг доктор.
Некогаш е подобро да се пие одколку не. Со претходната бременост имав мнооогу проблеми и незнам колку инекции диазепам ме боцнаа на Гак, и колку пати ја дома се напив. Болките и контракциите се смируваа со нив, тогаш ни магнезиум не помагаше па од двете зла го одбраа помалото. Слушајте си ги докторите сепак знаат што прават.
Здраво девојки, Гледам спомнувате некои книги, и јас исто ја гледав оваа Прирачник за бебе. Доколку не ја бива неа, која е добра книга и вреди да си ја купам да почнам нешто да учам ? И некои часови за мајчинство сте посетувале?
јас Прирачник за бебе го добив на поклон и приметив дека повеќе како на шала е пишувано, како механичар за кола што пишува прирачник само во случајов пишува за бебето. Интересна е, ама дека е од корист не баш. Не ти треба книга да учиш нема да полагаш испит. Мајчински инстикт ќе си слушаш и педијатар. Џабе се сите книги у пракса е се поинаку..