Да, претпоставувам дека е различно во пракса. А и секое бебе е различно. Барам нешто да читнам за да се чувствувам јас малце посамоуверено како млада мајка што поима нема што ја чека .
Здраво . Јас не пишувам редовно ама ве читам . Терам 17 недела. И секој ден се чудам како вака брзо поминува времето. Во вторник сум на преглед. Едвај чекам, конечно да ми потврдат дали бебчево е женско , или маже ке искочи . Периодов мнг мнгг ми се спие.Со син ми во 9 заспивам.Мислам дека летово навечер немам прошетано Во саботата требаше да излеземе со мм, и му викам:само да го успијам детево и искачаме. Следно што се секавам е дека во 3 станав за во вц . @Magic13 јас перам со бекутан течен прашак и бекутан омекшивач. Од почеток така почнав со син ми и еве 2 ипол години уште со истото .Планирам и за ова бебе истото. Најбебешки мирис ми има. И алиштата се мнг меки после тоа. Имајте убав ден
Јас имам читано дека часовите за трудници во Систина биле многу добри, многу поучни. Или еве на интернет или овде на форумот низ темите за бебе. @Septemvri секогаш имаме сомнеж(поготово ако не сме многу задоволни од докторите). Ама во право си, еве јас нема да бидам првата трудница што пиела дијазепам. А штом велат докторите, 2 докторки ми кажаа и плус овде прочитав трудници што пиеле, така да не е страшно
Dobro tvojata situacija e bila druga jas imav postporodilna depresija uste vo bremenosta i zatoa mi dadea dijazepam i ne piev izdrzav dodeka ne se porodiv bez lekovi
@flower30 Еве најдов само еден извештај а бев 3 пати. Ова е мислам вториот пат после терапијата со појачан магнезиум и два пати диазепам.
Здраво друштво Јас само што се вратив од цтг. По жешково се вратив дома шлогирана,башка што таму со саати чекав редови Од 8 искочив дома,сега се вратив.Хаос Иначе цтг не е веќе мирно,покажа контракции,а јас само болка во половина осеќам. Ама плодова вода супер има уште. Па да се надеваме дека деновиве ќе бидне нешто,зошто претешко ми е веќе,не можам
Јас имам најмалку јачина во микроволти(зборам за твојот и @Sofi.ja извештајот), а ми пишува среден/висок степен. Ама кај мене тоа горе е 15АП па може и тоа има врска. И јас пијам појачано магнезиум, а бидејќи денес пиев Бедоксин, од утре ќе почнам и јас со Дијазепам. Фала ти, се надевам ќе изгурам и јас ко тебе
Девојки денес проверив крвна слика хемоглобинот мие паднат не е којзнае колку 120 е нормално а кај мене е 115 но како препорака од лабараторијата добив да реагирам додека не паднал повеќе . Во понеделник имам закажано кај докторот во Систина да видам дали ке даде нешто како терапија. Дали има некоја искуство со низок хемоглобин и со природни намирници да се покаче?
Мене од 130 за 2 месеци ми падна на 115 и јас се исплашив и барав терапија, докторот ми рече тоа и не е толку ниска вредност во бременост бидејќи референтните вредности не биле за трудници, ама ми препорачаа да обрнам внимание на исхрана и ако сакам да си земам додаток со железо. Сакам да пробам семе од коприва со мед да конзумирам насабајле, читав и ми кажаа било корисно.
Ќе изгураш како нема ехее за час ќе летне времето. Јас на две недели во еден ден одев на три клиники,маста ми се извади дури и хотлер за шеќерот носев.
и мене толку ми беше 130 ама постепено паѓаше и сега кога падна под нормала ми рекоа да обрнам внимание да земам нешто за зголемување . Имам слушнато за тоа со семето од коприва нема штета од тоа може да го земам во предвит . Ти благодарам мила
Оо си се измачила и ти. Ќе се издржи се, само да биде добро на крај. Само нека се живи и здрави бебушите
@flower30 Силна си ти,ќе издржите со бебуш до крај Вчера си го видов бебуш 10+4сум. Мислев нема да се радувам како за малава,ама исто било Скрининг за 3 недели.
@Andonia @Cherry333 мене железото ми е доста паднато,хемоглобинот малце под долна граница. Пијам реферум таблети за железо (тие ги пиев и во 4ти месец) и еве 3 дена мед,семе од коприва и лимон. Мислев дека ќе биде гадно ама не е страшно,преовладува медот. За месец дена ќе правам крвна слика па ќе видиме колку ќе биде од помош
И јас денес правев крвна слика, железото ми е супер, 15 ми е, ама хемоглобинот ми е 104. Понеделник здравје сум во Ремедика на контрола па ќе видам што ќе ми каже докторот.
Во врска со крвната слика да се надополнам и јас Правев завчера и железото ми е одлично односно 16,8, додека хгб ми е 106. Очекував терапија меѓутоа докторот ми кажа дека имам доволно резерви и дека морам да ја појачам исхраната со продукти од животинско потекло, односно црвено месо, јајца, исто така да пијам какао и да јадам темно чоколадо. Е сега мене навистина ми е проблем бидејќи никогаш не сум јадела говедско и сл, но сега ако морам ќе јадам со сила... Исто така на своја рака земам мед со семе од коприва и искрено не е толку гадно, изгледот му е лош ќе пробам најпрво овака па за 3 недела ќе видиме каков ќе биде резултатот.
мене железото ми е 14,7 а хгб 126 е сега месо јадам мн ретко во месецот 2 пати порано јадев повеќе сега некако не ми е убаво ,ама затоа пак секој ден јадам аронија со смки од тиква сончоглед сусам чија семе и суво гозје сето ова помешано во јогурт,а планирам да земам и семе од коприва со мед,и јас ќе треба да се потрудам со месото да го јадам почесто,сега сум 18 недела ама како одминува времето и потребите од железо се зголемуват и ќе трба можеби и некои таблети.
@Magic13 мене сите алишта ми ги испра свекрва ми уште минатата недела , 28+3 бев. Сега се средени , испеглани си стојат во фиока Прашак купив еден био течен што не знам во Мк дали го има а омекшивач не ставив на алиштата.
На тема железо, серумското ми е 8, а хемоглобин 108. Ми даде терапија, и ми кажа да јадам белки од јајца, цвекло, портокали, семе од коприва... Се надевам ќе се покачи.