Ти пиеш сигурно магнезиум цитрат, затоа се 1900мг. Друго е дозирањето. Од магнезиум што е апче 250мг, поголема количина може да предизвика и повраќање и диареа. Затоа треба внимателно и со препорака на доктор.
Златна свекрва Ако секоја помош е добредојдена. Посебно последните месеци кога енергијата се намалува. Треба и јас да почнам. За омекнувач не знам дали да земам, можеби е подобро само со течен детергент, и доволно се миризливи.
Јас користев Персил течен (белиот) без омекнувач. Убаво и мирисаа алиштенцата на малата - да си кажам и јас де Бебето од преска ме клоца долу ниско, мислам фудбал игра во стомак. Денес многу малку ми се намалија болките, дали од утрогестанот, не знам. Иако една аптекарка ми рече од утрогестанот се намалувале контракциите. Стравот уште ми е тука, уствари имам моменти дека ќе се среди, ама после пак ме обзема чувство на страв и паника. Едвај чекам да идам на преглед во понеделник.
Утрогестанот многу помага. Цела бременост го користам, еве веќе 33та недела. И до 36та планирам да ставам. До 24та недела по 2 ставав, сега по едно. Кога му спомнав на матичниот да го прекинам, ми рече никако, само корист може да има од него.
И јас го користев од старт, ама ми се јави надворешно печење и чешање и докторката ми го прекина, рече ќе си покриена со Дабростон. Сега пак се вратив на него ана рекоа само по една навечер. Дај боже да помогне, ќе го ставам ако треба до крај.
Здраво мешиња како сте? Пишав во трето тромесечие ама и тука да се жалам. Денес во Плодност на контрола бебе заостанува 10-11 дена. Треба да сум 36, а тоа е 34+2. Тежина 2500, ама Др ми рече ќе следиме по 1 недела на контрола. Протоците на доплерот супер а плацентата презреана. Кога и кажав на матичната, ми вика мораш инекции за зреење на плуќата да примиш, бидејќи ако по 1 недела не расте плодот ќе мора пораѓај, а плуќата не ќе е развиена Јас во дилема, ја барав Др од Плодност не ми крева, па директ ајде Таше се јавив( блиски пријатели сме) плус со него ќе се пораѓам,ми вика обавезно 2х12 мг флостерон да примам. Понеделник и вторник ќе ги ставам ради празникот утре и викендов. Е сега ве молам искуства, дали некоја примала и какви нус појави има? Читам дека можело да се намалат феталните движења кај бебе или да се јави тахикардија. уште тоа и да се преселам покрај ехо јас. И ако е вистина ова колку време треба да помине за да помине дејството односно да се вратат движењата во нормала. Фала ви
Имав такво искуство со флостерон, само што не ме предупредија да очекувам дека може да се намалат движењата, ме боцнаа попладнето и утредента значително ср намалија движењата, следниот ден веќе беше подобро. Паниката да не ја опишувам, супер штом ти си знаеш. За втората инекција мислам дека не се намалија или не се сеќавам. Само храбро, си стигнала до тука и тоа е најважно! И леукоцитите ми де зголемија ама докторот рече не е од инекцијата, од искуствата што јас ги прочитав и таква нус појава имале и други трудници.
Фала ти @Autumn_ на утехата. Јас ќе морам почесто на контрола од понеделник, па мислам дека мирна ќе сум кога ќе ја видам бебушка на ехо. @Septemvri читам за првото детенце си примила флостерон, па се надевам се сеќаваш на последиците. Леле што би правела без вас???
За првото примив две дози флостерон, последици немав никакви, единствено д-димерите покачени но очекувано заради флостеронот. Немаше терапија за нив. Не се секирај и не читај се на интернет, флостеронот може само да помогне, веќе пишав во 34 го даваат само од претпазливост. Процесот на созревање е скоро завршен. Немој да се секираш ке биде се во ред. Тетовиранта ако чита може да сподели искуство мислам дека се породи во 34 недела со даден флостерон.
Мешиња, пак јас со прашања да досадувам Ама не можам да се сетам, дали имавте пишувано. Дали при давање примерок за уринарен статус/уринокултура и земање микробиолошки брисеви смета да се стават вагинално утрогестанот??? Претходно кога требаше да правам микрибиолошки брисеви или уринокултура ги пиев вечерта претходно. Ама сега пак почнав да ги ставам, па дали влијаат на резултатот?!
Да се надоврзам и јас за крвната слика Мене пред месец дена ми беше супер 26ка железо со 129 хемоглобин и холестерол шекер се супер, сеа некни направив 8ка железо со 123 хемоглобин холестерол покачен сето увис ) Па сеа за сеа гледам повеќе зеленчук и овошје (а и претходно си го терав тоа) месо и онака не јадам нз зашо така.. семе од коприва со мед е многу добро помага за железото.. земам и цвекло овие денови па си викам ке биде подобро..
Холестерол не се испитува во бременост, не се секирај не ти е покачен, ако претходно ти бил добар значи ти е добар, тоа е од бременоста, како седиментација што е нормално да се зголемува
Мешиња... 29+ Дали некои удари на бебињата ви прават непријатно чувство? Не можам да кажам дека е болка,ама така језиво е и едвај чекам да престане?? Во пределот кај ребрата го чувствувам тоа Вечерва си реков ќе биде мирен,само што легнав на спална почна некои нови потези да ми покажува
Да мојата е уште со ноџињата надоле и кога ќе ме акне ниско, чувствувам како бешиката да ми вибрира неколку секунди Малку е непријатно на моменти кога ударите се посилни ама па после ако ја нема неколку саати, се молам да ме акне Јас сум 27+.
Добро утро !за многу години празникот!дај кажувајте чаре како да се забрза процесот на породувањене можам веќе со ова жешковосе се спремно за синко само да се реши да излезе....јас ќе частам кафанаимајте убав ден
Добро утро, За многу години празникот. @maja1511 да јадеш урми, ананас, да се качуваш по скали, да се бањаш со потопла вода.... И да молиш бебе да биде послушно и да искочи порано Јас кафе во кревет. Сите што ги знаеме шетат денес, ние ќе си седиме дома. Ако, само да е се добро, ќе се издржи се. Бебе од сабајле клоца, сака кога пијам кафе изгледа Имајте убав ден денес и ајде која е на ред, да се олесни па да јадеме мекици денес Мислам @Yowannty и @Мариаа. сакаа денес да се породат, таман и името да стават ко празникот Поздрав мешиња