Хахаха да беше така на дугме јас веќе ќе имав завршено. Не од жешкото туку од мисла и желба да си ја гушнам бебушка. Но ќе морам да почекам бар 1 недела, во понеделник и вторник ќе примам инекции за зреење на плуќата и најверојатно после 7 дена ќе ме породат бидејќи палчица моја решила да не се храни повеќе во меше. Е сега си го враќам филмот пред 14 год, синко е роден во 36+5 без никаква терапија како предвремено родено бебе но во супер кондиција со Апгар 9/10, но од 3 месеци имаме проблем со алергии и ларингити. Вчера читав дека можно е да не му биле развиени б дробови, па затоа најдобро кога има индиции за предвремено породување или ситен плод како мојот најдобро е да се прими терапија, еве јас флостерон ќе примам. Ова чисто за оние кои се во ??? И дилема како мене. Инаку од рано станати со мм, а беба само шутира. За многу години празникот да сме здрави и живи сите и нашите бебуши.
За многу години Илинден, живи здрави, и полни раце бебушки. Кај мене мирно цтг. Така што ќе се надеваме на поише после среда. Може Марија ќе потегне. Кој прашуваше за ударите... веќе неколку недели не се “слатки”, туку незгодни... снемуваат место и веќе не е интересно ни за нив ни за нас. Сега кога се тегне знам и ѕвезди дење да видам. Ај да не се жалам, ситно бројам... бар се надевам.
Термин крај на октомври, ама докторот не очекува толку да тераме, ми рече само влези еден ден во 36-та и на коњ сме така да се надевам почеток на октомври да гушкам едно дооолго чекано бебе Само Господ со нас нека е.
Денес решив сама (оти матичната не ми рече) да проверам урина и уринокултура. Резултатите од уринарен статус стигнаа и ко што гледам се крш. Дури во понеделник ќе ги види докторката, а тогаш ќе бидат готови и резултатите од уринокултура. Сигурно ќе има некоја бактерија. Се надевам дека нема да е страшно што ќе почекам до понеделник. До тогаш ќе варам сува брусница како чај и ќе пијам течности. Ваши искуства за вакви резултати?!
Добро утро За многу години Илинден! Се разбудив со болка пак,и имам дијареа. А магнезиум деновиве прекинав да пијам. И зголемен исцедок. Ќе шетаме со мм деновиве ич не ми се седи дома,само мислам нешто. Може ако сум опуштена подобро Јованти твојата лепотица сака да си поседи кај мама Иако не се знае кој ќе изненади
Аххххх дијареа е еден од знаците И ја чекам на дијареа, ама уште со запек се мачам, а магнезиум по 1200 на ден голтам. Ја би мојава попрво во раце да ја имам, него во стомак, ама не се дава и не се дава уште. Си пукнав више. Да постоеше начин сама да си пукнам водењак и тоа до сеа ќе го напраев ама нема, па мора да чекам. Знаете што ме нервира? Ми ја пукнаа сите главава со тоа пешачење. Како да им објаснам на луѓево дека воља за живот немам на +40, а не па да пешачам со километри. Сериозно ќе си носам посебен чекан во ташна со мене за следниот што ќе ми спомне пешачење.
Присуството на леукоцити укажува на бактерија, но ке покаже сигурно уринокултура. Останатото е резултат на секрет веројатно. Додека да дојдат и другите резултати пиј по 1,5л-2л течности. Овие совети ги добивав јас од мојот гинеколог. Мора да се почека за уринокултура, друг избор нема, мора да има инкубација од 24 часа, во меѓувреме само течности.
Ја добив сега матичнава и ко по обичај сама си давав одговори. Ми спомна дека можело да се пијат и некои апчиња(нифуран мислам рече), ама рече и дека може да пијам сега чај од брусница и да видиме за уринокултура. Имам од таа сувата брусница од Кам па од неа варам чај и ќе пијам вода повеќе. Мене највеќе ми беше страв да не смета што ќе чекам 3 дена. А веројатно и ова е една од причините за контракциите Фала ти на советот
Душо нифуран твл.се дефектура во моментот, ги има во Грција и се многу ефтини. Но тие обично ги даваат при резистентни бактерии каде е скратен изборот на антибиотици. Јас не сум лекар, но работам со лекови, и би те советувала да консултираш и некој друг лекар или да почекаш резултати.
Дифуран се слични на нифуранот, може и нив. Но мора да се чека уринокултурата прво па потоа да пие, ако има потреба.
Па искрено и затоа и реков дали може да почекаме да стигнат и другите резултати од уринокултура. А дека си имам болки во стомак, да пијам повеќе течности и чај од брусница во меѓувреме. Сето тоа јас го зборев, она викаше "да, да" а другава докторка е на одмор и почнува од понеделник, тогаш сум на преглед и таман ќе стигнат тогаш рез. од уринокултура. @Alishan30 и јас го спомнав тоа, па рече ок. Иако ми рече можела уринокултурата да биде и без бактерии. Па ќе видиме во понеделник.
Да, дифуран е дериват на фурантион, и е многу сличен, но и од него тешко залихи. Видете во некои мали аптеки останати количини ако најдете. Ама пак ке кажам уште една консултација не е на одмет.
ајде дај боже побрзо да си се олесниш,вистина сега периодов не знаеш дал е жешко ил е тешко. мене хемоглобинот од 115 повеќе никогаш не ми бил. Не апчиња не храна не чуда.... Џабе ми е. Железото ми се движише од 7 до 9 сега со хемовитов до 12 ми се качи ќе видиме следната недела пак ама за хемоглобинот не знам зошто.
За многу години празникот, мешиња. Премногу жештина денес. Од пред клима не сум мрдната, ќе се укочам готово. И лошо спиев, цела вечер здрвена сум, не можам положба да најдам. Досега неколку пати имав грчеви во долниот дел на ногата, сношти над колено кога ме штрекна, ужасна болка. @Presrekna не се плаши, инексиите ќе помогнат. Уште малку остана, се ќе биде во ред.
да тие ги пијам,а има разлика меѓу магнезиум цитрат и обично апче од 250мг? јас ако не ставам омекнувач исто ко да не сум испрала. Во моментов коростам веколино и со нив ги перам бебешкиве а почнав некаде после 35та недела. Уште не ми е се испрано ама сега сум на годишен одмор и веќе од денес ќе почнам да ги доперам ионака веќе се треба да средам по дома за да сум спремна ко ќе дојде "големиот чин" од детергент користам дуел прашок. Видов во кипер маркет донеселе едно на него пишува ЛЕНОР ДЕТСКИ. Вањда е омекнувач па ќе го земам него како следен. А за прашок ехо савекс е следно. Ионака често менувам никогаш едно исто не сум користела. јас пред 2 дена кога бев на контрола докторот ми рече според мерењата е горе доле добро. Некои параметри се малку понапред некои поназад ама во глобала нема никакво значење и ме праша првото со која родилна тежина го родив демек ова било во килажа малку помалечко. Мада мене не ме загрижува бидејќи додека не се стави нештото на вага да ми даде точна бројка не верувам на апаратче кое преку стомак дава податоци. почекај да влезеш во 36та недела па да видиш што е језиво. Тогаш ќе викаш аман престани и ќе се каеш штп сега си рекла дека едвај чекаш да престане
зошто превремено кога си била веќе во 9ти месец шта више скоро и една недела си изгурала од 9тиот. ни марија ни јас ни ти додуша таа може од понеделник,така понеделнечки да завлече,јас и ти летнава сезона да ја дотуркаме па после. ти прогнозирам дека понеделнечки ти ќе завлечеш
Покрај брусница и пролом вода купи си, и глеј брусница без хибискус да е тој правел контракции, можно е и на уринокултура да ти покаже бактерија ама ќе ти дадат антибиотик не е страшно, добро што си испитала
@marchi-cool според СЗО после 37 недела се рачунаат навреме родени, до тогаш се прематурчиња. Но не значи дека нешто им фали на тие бепчиња. И во 36 се спремни за надвор, па дури и порано со минимална поддршка.
Јас пред 1 недела пиев брусница(филтер ќеси), не многу, може сум испила 6-7 пати. И откако една трудница тука спомна за брусница со хибискус, проверив и видов дека и мојот дома е таков и престанав да пијам. Сега варам од сувата брусница од Кам. Мене највеќе страв ми е што ќе почекам до понеделник, ама тогаш ми рекоа ќе стигне уринокултурата. Среќа шо испитав, некогаш ете сам свој доктор, најдобро е. Нека не чува Господ само. Фала ти за советот
Тој со хибискус не смееш во бременоста,јас пиев 60%брусница,го има чајот во аптеките и подбро снабдени маркети,по една шоља во ден. Јас сум со растечен нос и главоболка.