Поздрав драги мешиња, за многу години денот! Ние сме на именден кај најголемиот ми внук од брат ми, навечер јас дека со ритуали и организираа ручек да биде. Ја изедов пола маса и сега малку во хоризонтала сум. Детски џагор низ цела куќа ечи, три дечиња се машала, сите се мали црвци. Именденецот има скоро 5, па проценете колку се помалите две Не ни преостанува ништо друго освен само да галиме мешиња на жешково... Туку... Имам скали за симнување од тука и после дома за качување... Миле Паника не сака многу така..
Леле можно е значи и јас да сум крива за ова?! За првата бременост знаев и не пиев, сега скроз заборавив. Малецка, мислам дека смееш сега да пиеш и парацетамол. Супа од петел, лимон, течности колку што можеш повеќе. И со лесно да поминува. @bela.m вечно име на внучето. Ајде догодина и вие ќе појачате со детскиот џагор
Одма паничиш,смири се Сигурно не си предизвикала ништо,не си пиела кој знае колкави дози. Се напив парацетамол и вит.ц. Ќе мине...
@marchi-cool фала на подршката. Кај мене е проблемот што заостанува плодот во 34 недела и не напредува. А 36+1 сум. Порано беше 1 , а сега 2 недели назад. Затоа превентивно се ставаат инекциите. Да сме сигурни дека до 38 ќе издржи, не мора, но вака синко ме изненади. И тој 1 недела назад беше што значи 35+6 е роден. Инаку и јас на вага само верувам, здравје ќе видиме. А инаку со железото сум катастрофа. 8 железо, 85 хемоглобинот. А 2 пати денот пијам хемовит плус. Насабајле јадам смути со аронија обавезно, мед со коприви и сок од цвекло и морков и лимон преку ден. Џабе. Еве денес главоболки а знам од тоа е. Ако треба ќе пробам тотхема, гледам на @Septemvri и помогнале. Денес по дома, надвор е пекол, вечерва ќе излегуваме па реков да одморам малку, и така празник е. @Мариаа. И јас дијареа 2 дена. Ајде ќе биде само со лесно.
витамини земај повеќе одмор помалку стресови следи совети од лекар и се ќе си биде. Досега фала богу добро се развивало па за малку и тоа ќе напредне и ти ќе издржиш. Само без паника.
Аман бе мајки ме зачудивте со чајов, па јас онака си земав и секој ден си пијам од тој со брусница, хибискус и шипка, кој знаел за тоа ама затоа форумов ги има сите потребни совети и информации
Исто хемоглобин од 104 повеќе не ми бил а железо супер 14 15 ама тоа се солжи на бета таласенијата. Прв пат кога проверив имав хемоглобин 90 железо 9 ми дадоа исто Хемовит испив 30 таблети железо се покачи на 15 хемоглобин на 77 па дури разберат кај нас доктороте шо е бета таласемија мене ми падна на 60 и завршив на Хематологија и си испримав 2 кесиња крв.
Ананасот може да се јаде во било кое време? Читав на една страна дека може да се јаде кога ќе се добијат болки за полесно отварање
Јас имам читано дека предизвикува контракции, и не јадам сега во бременост. Има трудници што сум ги читала дека јаделе цела бременост. Ама ако си во 9ти, мислам може да јадеш колку сакаш
Добро вечер женски, како сте ми? за многу години празникот јас добра , денес пола ден во шетање го поминав. Мм си отиде , дали хормониве ме тераат на плачење не знам.. ама многу убаво си поминавме, и тој беше загрижен што си оди. Сакал да го научам македонски Вчера бевме на слава кај комшија, а денес го однесов во Солун и се вратив назад во Ск. Здравје да се роди бебето , па пак заедно ќе дојдеме зимата. На граница , гужва беше што да ви кажам. Сме чекале 40 мин , па во колата покажуваше 48 степена згора на тоа јадев една кифла со растителен кашкавал купена од пекара па повраќав пред сите таму. Па ми се јави мајка ми , ќерка ми имаше температура ( имаше доста секрет деновиве) па на крај отидов и купив сируп за температурата и и дадов антибиотик , доста се измачи детето.. Сега седиме во двор , играме карти таман седнав и бебе се раздвижи Цел ден ја немаше дека бев во движење Имајте убава ноќ
ако допамтам до утре ќе ти пишам информации,имаше во едно аптекарско списание дека чај од хибискус не се препорачува во бременост. ауу... како, со хемовит се намалува хемоглобинот? Или само влијае на железото?
Здраво мешковци, имам мал проблем. Сабајлево кога миев заби и исфрлав шлајм, шлајмот беше со крв и некоја темнокафеава боја. Моментално сум на море, повраќам скоро секој ден, 8ма недела сум. Можно ли е од повраќањето да ми е или од јодта во морето можеби?
Познавам луѓе на кој многу им помогнал и доста ја поправија крвната слика. Кај мене не успеа со хемоглобинот само со железото па мене ми рекоа јас ке си попримам уште 3 4пати крв
Мене ми се случи минатата недела, претпоставив дека е од напрегање, а само киселини повраќам насабајле. Не ми се повтори, не се ни потресов, ваљда некој капилар беше
Само пантенол даваат во бременост, зимав ид време на време и од забранетите пастили, кога не се трпеше
Да, истото го претпоставив пошо многу повраќам деновиве, еднаш до двапати дневно, ваљда од напор е. Фала ти ❤️
Мешиња имате ли сув нос и сув секрет во носот? Го имам подолго време, дури и некогаш се будам наутро и неможам да дишам од сув секрет..