Јас имам, веќе скоро 2 месеци. Ама не ставам ништо дека не ми смета многу. Да си прашаш гинеколог и мислам дека можеш да ставаш од спрејчињата со морска вода. Инаку читав дека ова е нормално кај трудници, а од 6ти месец натаму нормално било и мало крварење од носот
Да, понеделник сум на контрола па баш ке прашам, инаку да некогаш ми се јавува и како сува крв претпоставувам од некоја капилара..
Прополис без алкохол е дозволен,а од пастили за џвакање само Пантенол-за обнова на усна шуплина. Мене не ми помогнаа. Цеди си лимон,цитрон,портокал и пиј без шеќер ,тоа ми помогна.
мене железото ми е проблем секогаш,хемоглобинот од 100 до 115 ми се движи секогаш дало бремена или небремена таков е. И секогаш промени само кај железото имам. Тоа е нема што да се прави,ќе следиме совети од доктори ќе земаме терапии по нивно и ќе ќутиме за пиење мислам не ама спреј од прополис локално може. Баш сестра ми имаше земено спреј од прополис од галафарм и читав упатство. Итака сум во темава да ја прашам @Leo-nora природно или со царски се породи? Не се сеќавам дали ја читав во темата се породив.
да и ставам повремено физиолошки раствор. Најобичен една другарка од болница ми го даде да не купувам. Некогаш сувиов воздух ми прави и дополнителни мачнини при дишење.
Само пастели пантенол, за прополис мене ми рекоа да се воздржам. Не знам искрено што е борум? Друго име или што е? @koritsaki одмарај сега малку. Како е ќеркичката? И мене хемовит плус ми е најдобар за железо. Пробав и сидерал фолик ама тешки ми се многу, плус запек ми даваат и од 8,5 пред нив железото ми падна на 8 после нив. Секој различно прифаќа. Како сте викендов? Се држите по топлото?
@Presrekna да богами денес ќе одмарам добра е , и се намали кашлицата колку толку, а среќа нема температура веќе Во врска со топлово цел ден осеќам слабост, ме тера на спиење времево , а и тешко дишам. За ова со дишењево дури страв ме фаќа , се чувствувам ко воздух да не можам да земам. И бебето горе високо го чувствувам ,ме клоца баш во ребра
Не знам искрено што е борум? Друго име или што е? Напиток од вид на боровинки што го има во пределот на Малешевијата. Бил добар за подобрување на крвната слика и ми го препорачаа, но незнам дали е дозволен во бременост?
Претпоставував дека е нешто околу боровница. Не знам искрено прашај др.макар што подобро природно него лекови.
@marchi-cool srce prirodno bev vo posleden voz so bi rekle. Sreda imav zakazani pregled za da se dogovorime dalu cetvrtok ili petok ke.me.praat carski. Mene vo vtornik vecerta mi pukna vodenjakot. Direktiva za Bitola... so maki, macenje do smrt mislam, posle 11 casa macenje se porodiv. A kolku samo placev zas ne sakav carski. Sepak super ispadna se. I sega duri mozam da ja vidam situacijata zas me prinuduvaa za carski. Sepak bea vo pravo. No koga neznaes ke places i ke si praes filmovi deka nes ne e okej. Mislam deka ne pisav vo drugata tema, samo ovde vo ovaa dadov info.
Девојки, ја добив грчеви... или контракции кој да знае... Можно е да траат подолго? Ја имам сфатено дека контракција трае минута две... а мене ме држи неколку минути... и цело време имам чуство дека ме притиска за вц... Почна со слаба болка, па се зголемуваше, сепак не толку да не можам да издржам. Иначе ептен сум релаксирана, се изнапливав за сите пари денеска. Дојдов дома, јадев... сега има пола саат ништо посебно не ми се дешава... Се испружив пред вентилатор, а маж и свеки паничат, почнаа да стерилизираат шишиња. Кажете некој типс што треба да осетам за да ѕвонам кај докторот.. за сеа водењак не е пукнат иначе...
Ако се на неправилни временски интервали,лажни се Мери и ќе видиш што ќе покаже Може да траат само неколку секунди може и минута. Ај бе нека искачаат веќе
Мери интервали меѓу контракции. Мора да се правилни. Околу времетраењето на контракциите, не знам дали има правило и колку треба да траат. Кај мене беа неколку минути. Ако стануваат појаки со правилни интервали, тоа е тоа. Притисокот е нормален и е дел од контракциите. Водењакот не мора да пукне. Ќе ти го пукнат таму. Не знам колку ти е далеку клиниката. Јас отидов у болница со интервали од 10 минути меѓу контракции, 4/5 прсти отворена. Ако се лажни, интензитетот на болката се намалува, менува или попушта кога менуваш положба која ти одговара. Со лесно.
Кај мене почетните беа неправилни временски, а сепак тоа беше тоа. Водењак ми пукна докторката на бокс, не мора да значи дека ќе пукне сам дома. Ако ти продолжуваат, заминувај на болница па и да не се вистинските ќе си се вратиш барем мирна . Со лесно и дај боже да куцнал часот, јас иако 5ти месец, едвај го чекам!
Сепак оди до клиника. Ако се лажни, ќе те пратат дома. Дури и да се вистински, а не си многу отворена, пак ќе те пратат дома. Како и да е, со права информација ќе имаш мирна глава.
Почнаа уште утрото во кола кога одевме накај плажа. Ама траеше кратко па не обрнав поголемо внимание. Е ама, на враќање пак во кола 40тина минути цело време се повторуваа, и плус дома кога стигнавме додека ручавме 15тина минути ги имав. Се на се цел саат ме држеше. Јас не знам што се менструални болки, сум немала, ама очигледно беше дека интензитетот на болката се зголемуваше, тоа највеќе ме замисли.... Сега освен лајт притисок долу ниско и во цел стомак не осеќам ништо друго... Бебе мрда... и стомак ми се дрви често. И да, уште имам чувство дека ми се оди во вц.. 100 пати бев.. ништо од тоа... Се избањав набрзина, и еве лежам... Клиниката ми е на 2 минути па тоа не ми е проблем... Веројатно се лажни...
Мила повеќето феминки баш нагласуваа дека една од знаците за пороѓај е баш чувството на одење како за голема нужда,а оно уствари бебуш се спрема за доаѓање.Со лесно
Прашање - не ја знам ситуацијата. Зошто подобро било царски? Ако си успеала спонтано - секако без некои хорори и последици, нели е подобра варијанта? Извини, се распрашувам за ситуации затоа што имав царски а сега сакам спонтано да се породам, па "собирам" искуства... Добар ден. Гледам повеќето се жалите на времето. Ние обратни сме. Конечно се дише и е убаво кај нас, иако многу спарно и влажно. Мев се зголемува, станување и седнување од кревет т.е. од лежечка положба ми се сѐ потешки. И кога пешачам осеќам веќе болка во препони и во вагината некако. Како да ми тежи бебево таму долу. Знам дека има време и допрва ќе биде потешко, ама тоа е. Туку некогаш си мислам - колку човек сака да е пофер, толку повеќе се зафркнува. Не го зедов одморот демек од грижа на совест дека ќе одам на породилно и секако ќе ме нема.. до последно демек да сум фер, и наместо да ми се врати некако со убаво, имам чувство дека буквално сѐ ми товарат - не само мојата работа, туку и на тие што се на одмор периодов, и сѐ плус што мислат дека можам да завршам - да ме искористат де. Додека сум тука. Ич не е фер. Уште па стресови, рокови, прекувремени. Ама ако. Така ми е. Пак да сум глупава. Не можам бре со наш менталитет тука. Не се тера така. Мора малку посебично. А да не зборувам грбот колку ме боли и колку не можам да издржам. Од нервози и од трудноќа а и од железо таблетите желудникот ми е изгорен. По цел ден кркам таблети. Ај најдов едни компатибилни за бремени, па имам помала грижа на совест кога ги кркам по 3-4. Тоа е. Си велам, две недели се, ќе ги истерам вака или така. Иако ќе бидам под огромен стрес - го знам тоа, колку и да си викам дека не треба и дека не вреди. Не ми иди мене памет така лесно. Туку, освен некое боденце и лигавче, ништо немаме. Треба да се подкупи малце нешто... Оти ништо посебно немаме купено. Само да најдам време и енергија да излезам по шетање. После хаотична работна недела викенд не ми се мрда од дома. И некако ме нервира маж ми. Цела сум укочена, да не му текнело да ме измасира. Сега и да сака не му давам да ме измасира. Ама секој ден си вријам и со барам начин да му вратам некако безобразно. Никаков обзир да се немало. Уморен бил. Ич не ми е гајле. Јас не сум уморна што мочам по 3 пати навечер и се тркалам ко партал на креветот дури и паѓам само да да можам да станам од лежечка положба. И место не ме фаќа. И сѐ ме боли оти не можам позиција да си најдам комотна. Знам дека извољевам ама гајле ми е. Ќе се лупни како сака во кревет и ужива. Јас со бункер од перници сум затрупана само за малце раат да најдам. И бебево почна да ме лупа на незгодни места внатре. Боли. Не е веќе само слатко клоцкање. Има енергија и сила а место веќе нема. Нормално е. 33 недела почнувам од денес....