Добро утро мешки-тешки! Јас вечерва се наспав, ама вистински. Вчера попладне со мајка ми правевме дислокација на моето "легло". После ивф функционирав во дневна, дека зима и најтопло таму. Гарнитурата пуштена како спална и таму си лежев цело време. Се до вчера. И климата ни е таму. А јас не ја поднесувам, се плашам да не се укочам. Мм жива вода сторен секој ден. Ослабе човекот од потење. Само на 27 степени дозволував, а што е тоа на горештиниве.. Ајде вчера свеки од сабајле чистеше, не и пуштив клима пукна жената, па ајде попладнето со мајка ми преуредивме. Собра гарнитура, заличи куќата Во спална ми го адаптира просторот со сите мои дрангулии... Убава ми е температурата овде, мм фрижидер си прави сега во дневна, а јас мака немам. Сите среќни и задоволни. Ама пак не може без мене бре, се залепил синоќа пак до мене во пожешката соба Спалнава за спиење е мххх... Многу згодно нешто, само два пати сношти станав за до тоалет, не можев да се свестам. Инаку, сношти пред спиење на бебите им пуштив Ravel-Bolero (original version), многу им се допадна, имаше лупање ехеее Се изнприкажав... Ајде убав и лесен ден на сите
Девојки, Корнелија Трајковска од систина? Што мислите за неа, за втор скрининг и општо за преглед Ме боли стомакот пак и имам некојантежина позади ко за во вц и ќе одам сега до Систина. Докторкава била дежурна
Супер е Корнелија, и на Гак додека беше важеше за една од најдобрите. Млада, амбициозна, ке бидеш задоволна
Јас кај неа планирам да се пораѓам. Стручна, мила, смирена.. Оди слободно сега. За втор скрининг, Димчев е најдобар.
Фала ви девојки. Завршив. Не направив скрининг кај неа, стварно првпат слушнав за докторката, а покасно ги видов вашите одговори. Ете, да прочитав ќе направев и скрининг. Ама како и цел мој живот, уште една погрешна одлука. Скрининг ќе правам утре кај докторката кај која одам. Докторкава ме прегледа вагинално и абдоменално. Се е ок, цервикс 3,5см, затворено грло. Ми направи проверка на пх, ми направи некоја проверка за бактерии, и тоалета со хидроген. Не сум сигурна, оти ме болеше од спекулумот, ама мислам и проверка со рака направи. Рече се е ок. Да ги почекам рез. Од уринокултура и ако има бактерија да примам терапија. Ако има бактерија, голема е веројатноста од тоа да ми се контракциите. Спомнав за Дијазепамот, рече ок пиј (дека имав нели болки) , ама не претерувај со него, не го пиј многу време. Ми рече пробиотик обавезно и 2 месеци по ред, нема штета од него. Ми даде и гел, вагинално да го ставам, Лактоџин(5-7дена). И на крај излегов од Систина и почнав да плачам. Уште плачам. Очигледно, сфатив, дека треба да ги намалам прегледите кај гинеколозите, а да уклучам прегледи кај психијатри. Оти (не ги измислувам болките, иако имам чувство понекогаш дека домашниве мислат дека лажам), таа паника што ја имам ќе ме доведе до лудница. Стравот ми е преголем и тогаш се губам, не можам ни најмалку да мислам позитивно.... Извинете на замарањето, јас стандард морам да се искажам на некој оти ќе пукнам. Имајте убав ден
Многу ми е мило што сте добри, до крај да е добра беба во меше. Навистина смири се малку. Заради бебето. Те чувствува. Гледаш дека болките досега не ти направиле проблем, недај Боже... Добри сте и стави си го тоа во глава. Знам дека звучи клише, ама навистина е така. Ехх.. Само роди го црвецов, па ќе му следува шлапкање по газе од тетките од Фемина што мама ја направи Миле Паника број 1 Да се насмееме срцка, јас многу пати се поистоветувам со тебе. И јас паничам ако нешто не ми е како што треба. Али, ме теши тоа што потсвесно знам дека сум ок. Сите сме паничарки не само ти, само што различно паничиме, некој помалку, а некој повеќе... Те гушкам!
Срцке сите ние бевме такви цела бременост. Мене сега кога ќе ми текне за што се потресував и само трчав на гинеколог,сама си направив филм дека треба да лежам,дека нешто лошо ќе се деси. Фобија од предвремено породување имав,само плачев,кошмари имав. Ама ништо од тоа не се случи. И кај тебе нема ништо да биде Јас сега можам само да ти кажам да уживаш (иако јас многу се нервирав кога некој ќе ми речеше "уживај во бременоста") ама стварно е така. Оди си на редовни прегледи и само позитивно. Нашата психа и моментално хормони ни прават да измислуваме и чувствуваме ствари кои уствари не се такви. Знај дека се ќе биде во ред и на крај и ти ќе се "нервираш"што бебе уште не искача а ближи 40та недела Мило ми е што се е добро. Биди силна и позитивна. Те гушкам.
Фала ти Мене уште овде не ме знаеја која паничарка сум. Ете и тука се претставив во "најдобро" светло. Не знам, уствари знам дека сите стресови и проблеми наназад ме направија ваква, ама сега ептен попуштив. И секојдневните болки, мали крварења, претходното лошо искуство и стравовите си го направија своето. Кога читам овде, какви случки поминале повеќето жени за да останат трудни и со какви проблеми се соочуваат во бременоста, верувајте се срамам. Ама ете, слабиот карактер пука од сите страни. Ако има некој натпревар овде, јас ќе земам прво место за најдепресивна трудница Дај боже да е добро се до крај. После, се надевам дека ќе си речам која будала сум била што се плашев вака. @Мариаа. И мене ме нервира понекогаш кога ќе ми речат, ајде ништо не ти е, уживај сега. Знам дека сите мислат добро, ама кога ме боли нешто и во глава ми е каша попара е тогаш ме нервираат. Ама и хормоните ми лудуваат Се надевам, се надевам дека ќе биде се добро
@Larahappy ние за ќерката, пред 3,5г купивме количка на Cangoroo од Локо Кроко. Идеше комплет со торбица, прегривка за дожд, транспортер. Ја земавме со попуст околу 12.000. Ама задоволни сме многу. Уште е ко нова. А транспортеров максимално го искористивме, количката исто. Се вртеше количката (рачката) и спрема мајката и на надвор(не знам дали ме разбра Ете, имај ја на ум, разгледај ја.
Одлично, само вие бидете добро, за останатото не се замарај. Др.направила комплетен преглед, и верувај и дека е ок. Обиди се да не паничиш, иако сите имаме такви минути. Со Господ напред се ке биде во ред.