Добро вечер женски , како сте ми ? Јас цел ден во шетање и дури сега ве читам, бевме до Кочани , па во Виница , да си ги видам сите роднини Тетка ми има викендичка на патот накај Берово , тоа таму е убавина чист воздухот, ние во Скопје не знам што дишеме.. Сега пред малку се вративме. Јас добра сум, денес бебето го осеќам нормално , не толку горе- кај ребрата да ме клоца. Додека возев си спиеше изгледа штом не клоцаше од задутре ја почнувам 30тата недела. Сега за сега се ми оди како песна @Yowannty како си денес женска? @newyear2015 не се грижи срцка, моја пријателка роди бебенце 800 грама ,сега е големо дете од 5 години, живо и здраво само слушај ги докторите и се ќе биде во ред
Јас сум на безглутенска исхрана и не внесувам шеќер освен преку овошје. Тешко е ама се е навика. Мене околу 7-8 месеци пред ивф ме ставија на исхранава, а ќе треба да сум дисциплинирана додека се породам здравје Боже. Мене ми е навикнат организмот веќе. Имам дозвола да правам ретко отстапки будејќи сум бремена да не ми е мисла, ама откако ќе каснам така повеќе ми е мисла Бебињата фала му на Господ убаво си напредуваат, дури и понапредни се во грамажа за неделата. Така да не се секирај, ќе си напредува тоа. Важен е квалитетот на храната, а не квантитетот. Уживај и слушај инструкции!
Се боцка ли некој со фраксипарин?Каде да најдам објаснување како убаво да се боцнам?Некогаш од прва се боцкам.Некогаш на два пати.Течноста не истекува ама се плашам дали има ефект?
Јас се боцкам клексани, во надлактица. Иглата со отворот свртена надворешно и под агол од 45 степени. Претходно истоснат воздухот, имаат воздух внатре овие. Штом течноста не истекува, сигурно има ефект.
Мора да издржам, најбитно ми е да напредува бебето и нормално да се развива. Ти благодарам за одговорот и утехата. Кај мене е лошо што не можам ни овошје да внесам колку што сакам, се ми е до грам испланирано и не смеам ни да помислам за отстапки. Кога би можела овошје да јадам колку што сакам би била пресреќна. Обожавам овошје и одвај чекав да дојди лето да има се и сешто, ама тоа е.
@Presrekna има ли некоја новост? Те прегледаа? Ајде чекаме новости @newyear2015 мила, ти пуштија еден куп случаи со позитивен исход. Дај боже да биде се во ред, од срце посакувам да биде се добро. Пиши ни кога ќе можеш
Mila ne mrda bebeto od dijazepam znam od moe licno iskustvo se molam na bog so tebe I so bebceto da zavrse se kako sto treba
Како сте мешиња денес? Утре сме на контрола се надевам се ке биде во ред и со приски и со се пошо во мисла ми е цело време и ко ке ми текни паники ме факаат .. па и полот најверојатно ке го видиме.. Иначе многу сум нервозна во последно време се ми смета хормониве вглава ме имаат удрено мислам а и немам некој апетит баш се ке пробам две залчиња и ми се одјадува.. валјда период е и тоа.. ве
Фраксипарин конкретно не сум боцкала, но и за субкутано боцкање секогаш сме го истиснувале воздухот, барем така сме учеле во средно. Штом си сигурна тогаш се си е во ред со боцкањето. Поздрав
Има шанси како нема. Јас сум 29+4 породена, во 26та ми дадоа зреење, немаше активност неколку дена. Ако имаш примено инекции за зреење од тоа не мрда бебето, нормално е. Има бебиња по 700 грама родени, па пораснале.
Еве сум на рапорт, од дома. Др Крстинка ме прегледа, цервиксот затворен но скратен на 2 см, а 3.5 ми беше, ништо страшно за 36+4. Бебе сеуште за 34 недели одговара. ЦТГ ми направија, слаби контракции, пак ништо страшно. Др ми тврди дека нема никаква потреба од инекциите за зреењето и не ми ги стави таму, а матичната настојува, таква била праксата на ГАК, како што пиша и @Septemvri бидејќи нема штета само корист. Утре најверојатно на свој ризик ќе ги ставам бидејќи многу читав деновиве околу тоа, па сите препораки се да се стават. Ама вака и Др во Плодност ми вели не туркаш долго, ама чекаме или болки или пукање на водењакот. А мене ме загрижува што бебе не напредува, а тие тврдат дека протоците се супер. Јас во Бог верувам, веќе ми рече и термински бебе за некој ден ќе биде Дефинитивно подобро беше кога за синко немав ни Интернет ни знаев нешто. Единствено 3-4 крвни слики и 5-6 ехо прегледи. Па се опуштив после тоа денес и заминавме на концерт со мм до сега Што ќе биде нека биде. Ве гушкам и фала што ме мислите
Мешиња,34та недела сме ама веќе 2 дена слабо ја чуствувам бебка,слаби движења ми прави,пред една недела бевме на контрола се си е ок,и сега ме фаќа страв и паника незнам до што е и што да правам.Ваш совет и искуство?
@Presrekna Ти ја посакувам цела среќа на светов,и да не израдуваш тука сите. Ја ќе спремам мекици Само позитивно
Има мирни денови кога бебе не е активно исто како нас. Јас од памет се вадев пред месец дена, но после се навикнав и прифатив. Ако толку ти е страв утре оди на ехо ќе ја видиш бебушка како си ужива во мешко. Ти благодарам и на тебе со лесно. Веќе денови се во прашање кај нас. Туку друго ќе ве прашам. Дали знаете нешто за вредностите на ЦТГ. Еве го моето ништо не се разбирам.
Срцка ЦТГ то кажува дека вечерва нема да раѓаш. Во долниот графикон е активноста на матката, што кај тебе е слаба т.е. не доволна за раѓање, а горе се откуцаите на срцето на бебушот што си се ок. Наспиј се вечерва, нема журка )
Фала ти многу мила, што ќе правам без вас посебно не советуваш тука, а те читам имш огромно искуство. И на тебе со лесно. Еве легнувам, за журка од утре некој друг ден.. Добра ноќ.