Прво малку се криеше и дел од постелката(мислам така беше) му го покриваше лицето. Ама докторката пробуваше повеќе пати, па ја избисти сликата и сега имам 4 слики во 4Д Ајде здравје на нареден преглед ќе се покаже. Или сака да ви направи изненадување
Ааа погрешно разбрав. Побарај и нареден пат слика, јас од ќерка ми од пред 3,5год. од вториот скрининг си ја урамив сликата
jas pritisok i bolki dolu imam od 3ti mesec pa do kraj i so prvoto i so ova.. nekoi denovi se osekam ko da se raspagjam... Doktorot mi rece deka e normalno, se sprema teloto za poragjaj
Мешки ние сега се враќаме од преглед. Машкуданчињата пораснати бааги, 570гр и 505гр. Растур прават во стомак Одлични се, беа зборовите на докторот. Може да прошетувам малку повеќе и така. Ќе ми држи влага прегледов десетина дена... Толку Гушки до вас
Помагајте ме уби од болење главава Знам дека не смее ништо од лекарства,има ли друг начин за да помине? Има ли врска со притисокот, висок/низок? До сега ми беше низок,немам дома апарат да мерам. Ме тера на спиење цел ден. Поголема болка осеќам од позади
И официјално го отвараме периодот на глупави прашања од типот на: "ало,уште си трудна?" Ќе убијам некого Пијам кафе под клима,како мисир. Ајде кој е за Има врска притисокот,би било добро да го мериш. Иначе парацетамол и б6 ,врзувај глава со марама и лежи во затемнета просторија. И мноооогу вода.
Еве ја ќе ти се придружам значи осет да се немало...бидејќи ми е трето и сум поголема за разликата од првите две цело време на истото прашање одговарам ДА УШТЕ СУМ ТРУДНА!!!!!денес 36+3 болки некои безврска од 12 па до сега на 30 мин се....ако реши синко да искочи ја ќе частам кафана ...убав ден
Ako e nizok pritisokot boli glavata i toa uzasno jas koga mi e nizok pritisokot pijam edna laz sol vo ednscasa voda
Здраво мешиња, Ние се вративме од контрола бебе не сака да се покаже да видиме каков пол е беше завртено со газето се срами иначе се беше во ред идеално за неделите ни кажа докторот 16+4 сме и 190гр тешки За приската што ме мачеше ова ми е трето мислење веке и се исконсултира и со др доктори вика прискава е само статистика и е 60% точна така што кај мене едниот параметар е понизок и вика не гледам ништо алармантно ниту за паника и самиот тест си покажува низок ризик така што амниоцинтеза дефинитивно се исклучува вели ни под разно зошто си носи и ризик, а пренаталниов вели ко ке ти влези во главата тешко да излези се е до психата после така што навистина веке нз што да правам и се надевам се ке биде во ред госпо да не чува сите ко ке ми текни паники ме факаат, но немаме ниту од кај мене ниту од кај сопругот во фамилија со некакви аномалии или сл раб..
@Sofi.ja Малку касно одговарам, ама штом болката е позади, најверојатно низок ти е притисокот. Напиј се кока кола, мене ми помага, или појако турско кафе. Парацетамол ќе те доуспие, мене барем така ми делува, ич не го сакам
13та недела, силна болка во стомакот која траеше 1мин,проследена одма со крварење, не е обилно но како менструална црвена крв. Денес работев низ дома, чистев, можно ли е да е од тоа?
Може и од тоа, но најдобро да си посетиш веднаш гинеколог.. пошо е баш онака црвена крв и да те видат на ехо..
Оди да те видат на ехо обавезно, штом било менструална црвена крв. Не било обилно, што е добро, но за да бидеш мирна оди да те видат.
Ако се повтори во теков на денов обавезно одам иако матичната ми е во друг град, овде кај шо сум преселена овде ќе барам одма некој. Досега имам прокрвавено два пати ама по една капка две, светла крв. 3 пати на ден утрогестан ми е препишан. За една недела ми е прегледот кај матичната, се надевам дека не е ништо страшно Се надевам само дека не е ништо, ако се случи до вечер пак, ќе барам одма некој гинеколог овде кај шо сум преселена, зошто матичната ми е во друг град.
се сеќавам на вториот скрининг... Моето рачињата не ги тргна од лице. Се криеше а многу сакав да го видам. Но од тоа колку толку морав да се задоволам. Ова ќе да повеќе личи н мене и мене ми се пие кафе. Ќе си сварам
На ќошот на рампа има саатчија, до неговиот дуќан е и таа продавница, ама сега не ми текнува како се вика. Не одиш во тој ред каде што се продаваат чевли, туку во другиот, накај Рамстор.Не можеш да ја утнеш.