Јас еве влегов пред некој ден во 20 недела, и на првиот ден почнав да ја чувствувам мојата малечка.. Леле неможам да дочекам да ја донесам на свет.. Си замислувам цело време како ја држам во раце.. Не ми се чека веќе Па мислам дека така беше.. Јас деновиве ќе одам повторно, да се подновам со некој обичен, почнаа да ме стегаат овие старите
Јас бев денес во Стружанка ама не ми се допаднаа нешто многу и некако скапички им беа (420 денари еден) а јас сакам минимум 2 да си земам
165 го купив јас. Каде каде е поевтино. И квалитетни се. Купи пробај, ќе видиш.. Јас па реклама им направив како да е моја хаххахах
Феминки, пишав пред малку, со необилно крварење, 13та недела, ме фати паника и бев на гинеколог. За жал плодот престанал да се развива уште од 8ма недела, и немаше срцева акција. Несакам да зборувам колку е тешко, и соочувство до сите кои поминале низ тоа. Сакам да прашам 5недели се носи мртов плод, зар не е многу? Зар не би требало на мртов плод телото да го препознае како туѓо тело порано? И ќе барам второ и петто мислење, зошто знам има случаеви каде се случуваат грешки, и втор доктор потврдува здрав прав плод, иако првиот доктор констатирал сигурно missed abortion. Искуство некоја? Надеж да ми даде некоја?
Е женички јас не можам веќе почна да ме стега меов да стега буквално,налет се тоа бебе се размрдало сега ми прави дополнителни маки плус ме стега нешто во дијафрагма не можам да дишам. Сабајле станата бев од 7 сатот не можев да заспијам легнувам со надеж да одспијам чоечки ама што ми се случува не знам. па долу нешто ми крцка,како бебево со глава да мава во карлицава,па башка притиска... Штом зврши тоа осеќам како јајници да болат и како да имам менструална болка. Башка паники што ме фаќаат.
Без паника. Телото се спрема за пораѓај а бебе за средба со мама. Ако нешто имаш болки на исти интервали, тркни на Др. @Lady..M многу ми е жал. Оди и на 2 мислење, но брзо бидејќи и јас пред години исто имав мртов плод подолго време и киретажата ми траеше подолго. Не се плаши мила, знам многу боли душата ама ќе биде пак. Биди силна и остани на нозе. @Yowannty и јас си зедов прслучиња од Џамбо за доење и гаќи. Многу се меки и удобни и не се скапи. Бели и сиви . @maja1511 и @Мариаа. Мене мешко ми е помал и немам директно прашање од типот" ајде што чекаш" ама затоа домашните, мајка свекрва ги мрднаа оние што знаат дека сум на крај. По тел знобат да прашаат да не има нешто ново. Па ако има бе луѓе ќе разберат?!? @Sofi.ja тоа е низок притисок јади маслинки и сирење и пиј течности. И мене ми е многу низок 85/45 редовно. @bela.m браво за твојте бебуши убаво им е кај мама во меше и си растат. Дали на некоја и тече носот крв. Еве 37 недела ближам и секој ден обилно мм и тече по неколку пати. И тоа железо што го пијам го фрлам преку носот. Инаку притисок низок имам, друго не знам што би можело да биде. @Софија 88 како сте мила. До кај си со близначките? Те нема да пишиш? @Septemvri како си ти мила. До кога ќе чекаме? Ние вчера после консултациите со 2-3 лекари и прогноза дека овие денови е рано за пораѓај решивме инекциите да не ги ставам бидејќи после 36 недела немале никаков ефект во овој случај како мојот, кога доплерот е супер и бебе е активно и расте во мешето. Па убав ден девојки
Женски, некој предлог за Прирачник за бебе или некоја друга книга? Да читам, да ми поминува време лежејќи дома
Баш ми е мило што сте добро, јас веќе цела недела имам некои лажни контракции и тие досадни менструални болки, и навистина почнав да се чувствувам измачено. Ми почнаа и стравови што ако мојот др.не стигне на време(на одмор е,ама рече ако има нешто ке дојде во Македонија е), како да не постојат други Др. Секрет имам многу, како што немав до сега, ова навистина ми се гледа многу. Се ближи времето осеќам, ама пак се надевам да издржиме уште десетина дена, ем бебе да качи малку на килажа, ем др.мој да се врати од одмор. Исто како тебе @Presrekna немам нешто голем стомак, ама навечер несоници, клима цел ден, и само дома. Овие жештините ме дотепаа. Ама ајде ситно броиме, ке биде се...
@flower30 вчера бевме на преглед др. кажа дека нема да има простор да го видиме фацичето но ќе се обиде. Сепак неуспешно бебе со двете раце во тупаница си ги држеше очињата.... душа моја... 1400 е тешко, битно е дека се е во ред. Дури намалена терапија за железо!
Добро утро, @Lady..M иди уште денес на второ мислење. И не дај боже да нема срцева реакција, ќе помине киретажата, ќе поминат 3-4месеци и ќе пробате пак. Штом еднаш имало бременост, ќе има пак. Жал ми е, ако мораш да поминуваш низ тоа, некогаш и не е до нас. Биди силна. Сакав да ве прашам, ми рекоа пробиотик да користам бар 2 месеци цело време. И вчера купи мм Провен за трудници, ама прочитав содржи фолна и други витамини и не знам дали може да го пијам и него, дека пијам Премама дуо(нели со сите витамини е) и Еутирокс. Па мислев да не е многу. Сте го користеле ли вие? @Larahappy мангупче твоево. Ајде нареден пат ќе се видите
Најдобро збори со ендокринолог (докторот затироидна Мене и за витамини ми рекоаррр декадддд не смеам било кои
Јас ги пијам истите од 13 недела сеуште. Составот на мултивитамините е сличен со премама, па или едните или другите, само пробиотикот е плус.
Не знам дали ме разбравте,или јас не ве разбрав јас морам да пијам Премама Дуо, ама дека и Провенот е со многу витамини. И дали може и тој Провен за трудници и Премама Дуо?!? Да не е многу?
Јас пијам Лактогин уште од 12 недела и еве сега баш резултати од брисеви и уринокултура, чисто е сѐ петка. Ќе ги терам до крај ако не ми речат да престанам.
Нормално е да се појави крварење од носот заради зголеменото количество крв. Од 20та недела натаму количината на крв се зголемува доста па затоа се јавуваат поизразени вени, крварење од нос ...