Јас пијам Фембион 2 што содржи фолна и други витамни но покрај тоа пиев Фоловит феро за железо кој исто така содржи и фолна и други витамини. Докторката кажа дека е во ред.
Ми зачестија менструални болки оваа недела. Зголемен вагинален секрет, притисок во долниот дел од стомакот и се почесто стврднување. За некој ден влагам у 36-та гн. Безбедна зона за раѓање. Што знам. Јас би да истерам уште 2, 3 недели. Знам, од ретките сум што сака уште да е трудна, али не и вечно. Имам уште некои работи за средување, па заради тоа. Али, ако решило бебе да искочи, само живо и здраво да е. Друго е скроз небитно. Уште се плашам од раѓање иначе. Трет пат, а никако да го надминам стравот. Првото што ќе го направам кога ќе се породам е спиење на стомак. Се надевам ќе можам, јер градиве на "градска млекара" ми личат. И ми се потспуштија некако. Се разочарав малку, морам да признаам. Ама и не знам што очекував со трета бременост. Веројатно е нормално. Со лесно на сите кои сте пред најубавиот чин. @Yowannty како си девојче? Ти посакувам да го изгураш денов. Те читав во другата тема.
Внатре во провен прегненси имате по две капсули за секој ден, една мултивитамини, една пробиотик. Можете посебно пробиотикот со премама да го комбинирате, или како ке ви каже гинекологот. Само ако така се користат, излегува многу скапо. Има да се купи посебно пробиотик од други фирми.
@Lianna Anna и мене градиве ми се спуштени и спласнати... а прва бременост ми е... Очекував пред крај бар поцврсти да се... Иначе ноќеска не можев да спијам, лаеја кучињата од комшијата и ми одѕвонуваше лаежот во глава со саати. Имав мали болки во кичма и јајници.. ама не траеја долго. За сеа... освен стврднувања на стомакот и потреба за уринирање на 10 минути не осеќам ништо друго... Само денов да се изгура. Бебе не е многу активно денеска. Чат пат ќе промрда и толку... Друг пат мрда со саати.. ама оти си мрда одвреме навреме уште не паничам.
Здраво и од мене, Се вратив од преглед. Втор скрининг возбуда до небо додека докторот не почна да кажува ,мозок добро,бубрези добро и почнав да се стабилизирам 21+2сме и сме 396гр. Убаво напредува, и по менструација и си одговараат мерките според ехо. Пол си дознавме моме ,што би рекол докторот дунде .Зборовите на докторот ме опуштија рече се е идеално ,чувај се е дозволено само да не се претерува. За хемоглобинот не ми даде ништо рече да пробаме со исхрана и зеленчук сокови домашни па ако паѓа тогаш терапија.
поназад и јас прашував нешто добив одговор дека безбедна зона за раѓање е од 37ма недела. Како и да е битно да е здра и живо па кога ќе е спремно ќе си излезе и јас би барем уште една недела поради таа причина. Не сакам да го надносам сакам малку пред термнин да биде
И јас така имам слушнато. Со полна 36-та се влегува во термин за раѓање. Односно, од 37-ма недела. Идеално би било 38-ма. Така барем мајка ми ми има кажувано, уште кога бев бремена со првото. Ама сега стално ми вика, влагаш у 36-та и немаш гајле. Може само ме теши, не знам. Иначе, доктор не сум прашала. А она е акушерка. А наводно, пред 37-ма ги сметаат за предвремено родени. Јас првото го родив у 39+3, второто у 39+2. Сега, останува да чекаме. Да беше барем по желба. Небитно, живи и здрави да се.
со ова ќе идеш до 39+1 според статистиката не мора да значи,секое наредно порано од претходното се раѓало. Битно е да се здрави и живи а наше е да издржиме колку што се може. Кога ти е термин?
Мами планирате да користите перниче за бебе ? Од каде и какво доколку е добро да се користи? Исто ме интересира и околу ноктарица дали е посебна некоја?
Болкиве почнаа неподносливи да се. Тврд стомак и неможам воздух да земам. Утре на докторот ќе му речам дека не се враќам дома,нека ме пораѓа како знае и умее
Нас ортопедот не советуваше да не користиме перница и некаде до 2 години спиеше без. Сега спие на обична перница, пониска, од Стружанка. Нас ортопедот вака ни рече : перница нема да му купите на детето, се додека само не ве праша зошто вие спиете на перница, а јас не? За ноктарица од аптека купивме една со пластика, како граничник да не можеш да го штипнеш бебето. Ама не знам ништо околу тоа, оти мм и ги сечеше ноктите на малата, јас се плашев
Супер ми е статистиката и ми одговара така да биде. Озбилно и мене памет на 39+1 ме натера. Иначе, 6.09 ми е термин. Јас на моите до 2 години не им ставив. Дури и денес некогаш ги наоѓам наутро со главчињата на душек, а перниците фрлени на страна. Ни за ова не планирам перниче. Мислам дека за бебиња не се ни препорачува. Ноктарици има специјални.
Бебе не треба и не смее да спие на перница. Мојава е година ипол и уште е без перница. Баш што вика @flower30 додека сама не побара, не ни планирам да и’ ставам Ноктарица користам од бебешки сет, секаде има такви сетови со ноктарка, ножички, чешелче и сл.
Се’ и сешто се продава за бебиња во денешно време, ама голем дел е само маркетинг и тотално непотребни работи. Не си фрлај пари за џабе
На детска клиника ниедно бебешко креветче нема перница, само душегот е од едната страна кај што е главата е покренат, така беше наместено и кај мене дома, така ке правам и сега. Под душегот ставав едно мало перниче за да го држи во косина.
ааа ти готова си, кај да е ќе јадеме мекици ауу јас вчеравечер мислев ќе цркнам ќе умрам. Не знам што ми се случи. Болки мачнини стега бебе тегне реков готово побудалев ни заспана ни наспана. Тек во 7 сабајлево заспав. Утрово гледам стомак се спуштил. Шта је ту је. Имам уште 12 дена па ќе видиме до каде ќе туркаме