Обично од 11-14 недела и кон крајот 35-36 недела, но и по потреба ако треба. Со претходната бременост ми земаа повеќе пати, со оваа три пати.
Ова ми е втор пат да ми земат зошто виде дека имам кандида,и ми правеше некој премовки со една плава течност.Иначе првипт пат мо зема во 13 недела.
Мајки мешко го мачкам со масло на еуцерин, ок е ја омекнува кожата но што да ставам на градиве??? Огромни ми се, ме чешаат и вечерва приметив црвени линии... најава за стрии
Женски денес бев на прв скрининг, 12+5 сум. Се во ред е со бебето. Тоа што ме загрижува е што при бришење денес на два пати имав ко многу блед кафен исцедок. Од пред два дена ставам утрогестан, па незнам дали е од тоа. А бремена бев со близнаци и едниот плод престана да се развива во 8ма недела. Дали да паничам или штом бебуш е добар да одмарам?
Друшки вчера испитав д димери излезе резултатот 2163,трансфузиологот кажа дека се покачени ама не било за терапија,во консултација со матичната и докторот од Систина кажаа терапија Клексан и сега кој да го слушаш а транфузиологот е тој што треба терапија да даде. Кажувајте од искуство што да правам?
Нема штета од клексани драга. Поарно да ги примаш отколку не. Знам дека си во дилема. Сепак јас сум за да го послушаш Ивановски. Јас на секое се молам да не ми ги прекинат. Се чувствувам безбедна со нив некако...
Јас се боцкам со нешто слично, баш пред некој ден после испитување докторката ми рече стабилизирана е ситуацијата, можам да бирам да ги продолжам или не. Сепак ќе се боцкам и понатаму, и до крај ако треба, зијан нема.
@bela.m , @rainbowmama штом нема штета нема што да се мислам,подобро да ставам одколку да мислам со страв да сум кога се веќе покачени. Фала многуу што би без вас
https://press24.mk/visoki-temperatu...te-apeliraat-da-se-pochituvaat-ovie-preporaki Има изгледи да бидеме ослободени од работа м? Убав ден мешковци
Добро утро труднички Како сте генерацијо? Ќе го гураме ли цел месец како сме тргнале? Попладне сум на цтг, да видиме дал ќе покаже нешто ново. Ма да веќе се си мислам место да чекав да изненадувања, требаше од старт да му верувам на докторот кога рече дека минатава недела да не очекувам бадабум. Вчера конечно се сретнавме со педијатарот, и женичката вака ептен ми е по кеиф. Претходно ме исплашија дека во клиниката не се умарале многу со доење и оделе директно на формула, ама педијатаркава инсистира на доење и вели не смеат да дадат формула ако јас не им дозволам потпишано на хартија. Формула само во случај уште да не е дојдено млекото, а бебе мора да јаде. Па ми олесна што ќе ја имам неа таму. Ја прашав со што поприродно да го сменам дезодорансот, ми рече нема потреба, што исто така ми е во прилог. Ми рече ќе ми даде специјална диета, за да имам млеко и што ќе биде исто добра за бебето, дека нема да дозволи посети додека сум во болница освен од маж, добив препораки да не го мешам малото со други деца на почеток, и дека после 10 дена да почнеме со шетање надвор, на воздух, и покрај напорното секојдневие и двете мора да се уживаме една со друга. Во принцип задоволна сум од пристапот, па ќе видиме како ќе биде натака. Туку, ми текна на @ocicka2014 како си ти? На почеток, со нејзин атер се пријавив во термини, се си мислев рано е, ама таа ми рече не можеме да мислиме што би било кога би било, треба да сме позитивни, па си пишав датум таму. Бевме 4 пријавени за август, а за јули сеуште се немаше ниедна пријавено. Не ми текнува кои беа другите две, се надевам истерале до крај и сите ќе се радуваме наскоро.
Девојки!Не знам каде да го сврстам прашањево,но оваа тема е најчитана и сакам да се консултирам и добијам совети и искиства за да не се избрукам.Што да дадам за поклон,внимание на докторите кои ќе ме пораѓаат?Што мислите:новчаник,часовник,колекција или........Што дадовте Вие?@stevemila,@Melek2018. @kukla21 @Meckicja @Mimmi39....Ви бчагодарам мили мои.Баш сум во двоумица нејкам да се избрукам.Мекиците ми се повеќе за домашна атмосфера.Разрешете ми ја дилемата.Се најубаво и се лесно на сите
Кај реши за пораѓај? Освен благо ништо друго не би дала а и не дадов. Тоа носев и на некој од прегледите. Докторката која ме породи не ја видов а кумата ми донесе линдит за нејзе.
Душо несакам дополнително да те загрижувам, јас во 9та недела имав како бледо крварење, капка две. Сестрата од гинекологот, ми рече нема потреба да идиш, не е страшно. И чекав, зошто нели нема потреба. И чекав. И го загубив вчера На 12+2 ми кажаа дека од 8ма недела веќе не е жив. Да појдев тогаш кога сестрата ми рече нема потреба, немаше 5 недели да се радувам на нешто шо го нема. Следната бременост, дај боже, ќе им дремам на врата секоја недела за преглед, а не на 6 недели преглед закажуваат во рана бременост. Не прашувај никој, и тркни одма нека те види. Да ти е мирна душата, зошто ако не појдиш само ќе мислиш на тоа. Ти посакувам лесна и мирна бременост, без секирации Бев на второ мислење, за жал се потврди. Во 12+2 недела, ми кажуваат дека бебето од 8ма недела воопшто не пораснало, застанало тука. Го загубив Првиот пат кога имав малку крварење, во 9та недела, сестрата од гинекологот ми рече нема потреба да одам да ме види докторката. Со кое право сестрата тоа ми го рече незнам. Камо да појдев.Затоа сега следна бременост ќе им висам на врата! Барем уште тогаш ќе дознаев, немаше 5 недели да се радувам залудно
леле бе зошто така, многу ми е жал, биди храбра, за неколку месеци ќе можеш повторно да забремениш, како викаат, штом имало еднаш бременост ќе има повторно.....ти ја посакувам цела среќа и секако пред да започнеш повторно со обиди за забременување направисиги сите тестови и испитувања.....само храбро !!!