Девојки а за чај од камилица или нане што ке кажете за грлово? Ни прополис не помогна Док ми кажа само др Таис Анги септ смеам ама и тие не помагаат многу.... Ако знаете некој друг природен лек за црвено и болно грло помагајте другови
види ја ти неа... Од последна во месецов иде преку ред за прва... ајде со лесно некој нека го крши мразот. Јас сум утре на преглед па ќе видиме што како. Само со лесно нека е.
планински чај ти е најубаво за настинка, пиј повеќе течности, лимони, цитрони, супа....гаргара со солена вода и ако можеш од прополисот дирекно да капеш капки на крајник, мене овие работи ме спасиа, со помин
Да не те разочарувам дека тоа 1 прст отворена може да трае уште долго, ама јас сум 1 прст отворена од 29 недела со размекнето грло и еве 36+.... Инаку и јас сум за што побрзо да излага синко
Исто и јас како тебе, од денес 37 недела. Грло пред 10 дена 3см, размекнато и вложиво за прст. Др.мој отиде на одмор по овој наод, рече во наредните две недели на очекува ништо, ако има изненадување да му се јавам да дојде
Мојава докторка за пораѓај на 26ти август се враќа од одмор...Ми вика таман Јас се кладев дека нема да ја дочекам, па ќе видиме Мене ама баш ич не ми се чека до тогаш
Јас зедов Бекутан 2 во 1, од ДМ 180 ден. Уште немам почнато со перење, си велам уште е рано. Омекнувач не знам дали ќе земам, секако има во бекутанот. За син ми перев со обичен прашок, што го користам за нас и омекнувач од Чико.
Девојки наидов на ФБ на повиков, па да споделам... Почитувани трудници и мајки, Како дел од активностите за Светската недела на доењето 2019, Ве покануваме на едукативната работилница - Научете како да го доите Вашето бебе, која ќе се одржи на 21.08.2019 година со почеток од 18 - 20 часот. На оваа работилница ќе имате можност да добиете точни и современи информации и да стекнете практични вештини за правилно започнување и одржување на доењето. Учеството на оваа работилница е бесплатно. Локација на одржување ќе биде ресторанот Umbrella, ГТЦ - Скопје. Со Вашата нарачка на пијалок по желба, истовремено ќе го поддржите концептот кој го промовира Ресторанот Umbrella. За да се пријавите, испратете ни Ваше име и презиме и валидна меил адреса на contact@lulka.org или во инбокс. Со наша поддршка, подгответе се за новите моменти и предизвици кои ги носат породувањето и родителството.
Лелеее колку би сакала да кажат трудниците да не одат на работа, нека седат дома, нека одмараат,спијат, јадат Па стварно е многу топло, не се издржува. Имам жолт течен секрет веќе две недели, дали е можно да сум закачила некоја бактерија? Утре ќе правам уринокултура.
Дали некоја во бременост користела вакви вагинални? Ми ги препишал за кандидат на цервикс. Станав полигиникс 6 но пак имам кандидат на микробиолошките тестови.
Не сум ги користела, но знам дека ги даваат за мешани инфекции, или колпити кога не се знае точно што го предизвикува воспалението. Штом гинеколог ги препишал, веројатно се користат во бременост.
Здраво мајки и идни мајки. Пишав и во др гр но не добив одговор. На 6ти бев на преглед дека имав некој кафеав исцедок со што докторот ми кажа дека е стара крв. Но не е тоа што ме загрижи. Ми кажа дека сум 6 недела но се уште нема ембрион и за 10 дена да одам на преглед. Дали сте имале вакво или слично искуство?
Здраво труднички,јас ги добив резултатите Prisca, ми рекоја дека се е во ред, а дали знаете што значи ова.
Здраво труднички Од денес 39та трошам. Бев на цтг, и веројатно до крај само уште едно ќе имам, нареден вторник. Бебе е ситно, докторот рече ќе биде околу 3 кг, ама не се грижам оти и јас сум се родила ситничка. Цтг мирно, контракции се регистрираа само со надрвувањата кога бебе преткаше, ама не доволни за пораѓај. Од денеска почнав и јас со “гнездење”, не сум знаела дека има и таков феномен, вчера ме подучија. Се изначистив за сите пари денеска, папсана од умор сум, па може ќе се накани бебка да излегува поскоро. Докторот ми го даде 17ти, наредна сабота како краен термин, ако до тогаш малово не реши да излезе само, ќе мора со провокации. Е сега веќе и навистина се броени денови. Ако се е мирно, викендов ќе одам пак на пливање и конечно да затворам сезона за оваа година.
Не се секирај, можеби подоцна си забременила. И мене во синко истото ми го рекоа, а еве го здрав жив до мене. Затоа пак за оваа бременост на 9 недели прв пат отидов да не се стресирам. Ајде ти посакувам се најубаво.
Кога сме кај спремањето јас дури и за после за доење си зедов чај и влошки за гради . Сега сакам и постнатални витамини за доилки да земам само не знам кои. Ќе прашам и кај мајките но и овде може имате искуство со први дечиња, а и породени мамички читате. Се мислам кои од овие две се подобри. ,@Yowannty и јас утре сум на ЦТГ. Прво не ќе издржеше бебе до деветти месец да стигнам сега пак не и се излегува. Ајде уште малку ќе биде.
И jас во шеста недела имав светло кафеав исцедок.Исто како што ти рекле и тебе,се работело за стара крв и матката сама се прочистувала.Наредниот ден исцедокот ja смени боjaта и беше жолтеникав.Jас сепак мислам дека можеби се работело за инфекциjа,но се среди за неколку дена.Примав Дабростон за исцедокот и ги прекинав со препорака на матичниот. Во врска со тоа што немало ембрион,немаше ни каj мене во 6+4,затоа што било покасно зачнато.А повек'ето од трудниците во оваа недела слушнале и срценце. Се гледаше само сакус и жолто кесе.Кога бев 7+2 се слушна срценце. Не се грижи,слушаj совети од докторот и имаj лесна бременост.