Денес на преглед ме праша каде планирам да се пораѓам и јас и реков Чаир, па преку Мој Термин ми закажа, ваљда кај кој имало слободно.. Слушнав муабети дека е добар доктор, сеа незз колку е точно..
Ако се биде ок со бебе и со тебе одма следниот ден те пуштаат, но доколку еден од Вас дваица не е добар Ве оставаат колку што е потребно.. плус ако сте покриени со терапија со сигурност останувате најмалку една недела.. таков случај беше со мене и со мојот бебуш.. тој имаше покачено црп и примаше терапија за тоа а јас 3-4 дена бев покриена со ленгоцид терапија ради тоа што изгубив многу крв на пораѓајот... плус последната вечер примав и крв.. со лесно нека ти е ... дај Боже да биде се ок со тебе и со бебуш кога ќе се породиш...
мене ова ми беше второ цтг кај матичен на одделение уште немам појдено. До термин уште 11 дена следна контрола понеделник,тогаш ќе одам на одделение исто. Ма какво смирување јас си викам како ли уште има место да се тегне. 6ипол е моето,ми вика и јас ќе идам со тебе,си викам ајде ако има хотел до болницата каде ќе се породам таму да си седиме. колку и да се големи децата пак ќе ни е чудно ако сме без нив. за стриите зависи од кожата. Јад во првата бременост дури последните 2 недели ми испука кожата долу под стомак и чешаше не се издржуваше. Ама имам дебела кожа и после породување обелеа и ич не се познаваат. Сега горе над папук ми подиспука ама не чеша не е многу растегнато па ќе видиме тука дали ќе се повлече. а за брадавициве чудно ми е во првата бременост немав промени сега ми се некако... Не можам да објаснам,чудни пигментирани со сменета боја...
мене еве не ми е јасно,зар ова операција на колено е па да се закаже по желба? Од кај да знаме бебе кога ќе излезе? зарем не е рано само еден ден да чуваат? Пред 6 години ко се породив со првото природните породувања ги чуваа 2 до 3 дена а царски 3 до 4 дена. Јас мислев бар 2 дена дека се останува повеќе и да сакам нема да доиздржам. јас смислив. Ако се роди на 19 ти си го носи името на празникот а ако не ќе биде бојан. Нема многу избор со машкиве имиња.
Стрии на градите ми излегоа уште околу 17 недела. На стомакот уште немам (20+ сум сега), ама брадавиците ми се многу сменети, огромни и затемнети. Мислам дека и на стомак ќе испукам, само рано е уште..
@marchi-cool па не знам.. порано беше така ама сега само ден ги чуваат тие што се природно породени а 3 дена тиа што се царски... јас се породив на 20 а на 26 ме пуштиа ради тоа што напоменав а една беше се породила на 25 вечерта околу 18 часот и ја пуштиа дома со мене ... на 26 напладнето искочивме и двете... сепак нејзиното бебе си беше добро а и она беше ок... па затоа...
@Presrekna ќерка ми е 8,5 години голема е ама ете не сум била никогаш без неа ниту еден ден. @Larahappy Викторија
И кај нас е смислено пред да го направиме , ќе се вика Јана, така сака татко и, ако се роди на 19.12 Николина или Николија, ма да Николина повеќе ми фаќа око,здравје само. Нека ни се живи и здрави.
oф корс, уште ненаправено имаше имe е уште да дознаеме пол па да си го викаме со име, јер моето инат води, 23+3 уште пол не знаеме, жива се јадам шо не можам нешто да му купам нешто соодветно за полот, се нешто жолто, бело, кремово купувам, унисекс Од која недела ви почнаа тие потемнувања, стрии... кај мене се уште се си стои непроменето
Кај мене многу рано. Градиве после 10 недела ми се пореметија, за стриите на нив кажав 17, а сега во 20 нозеве бумбар ми се како да сум 9 месец. Се ми е некако подрането
Стрии немам ни на стомак ни на гради. Брадавиците ми потемнеа уште од одма а линеа негра ми се појави некаде кај 10 недела од папокпт надоле а сега ја имам низ цел стомак
Со првата бременост промени почнаа тек накај 7-ми месец, а стрии на стомак ми испукаа 4 дена пред пораѓај Среќа доле се, скоро во бикини зоната, па не се гледаат. Е сега со второво, ќе видиме, засега добро се држам Име имаме за машко, истото што ни беше опција и за првата бременост, ако беше машко. Е ако е пак девојче, ќе треба да мислиме
Коа читам тука, па и други што слушам надвор од форумов, се осеќам ,,ненормална'' никаква промена, нит гради да ме заболат, ништо, или сум ненормална или сум од среќните
Sesil мене брадавиците ми се црни. Буквално. И многу поголеми во однос на претходно. Линијата на стомакот ми се јави после 20 недела. Сега веќе е ептен изразена, 23+ сум. Брадавиците почнаа да се шират и да менуваат боја некаде од кај 14+ ми се чине. Од пред извесен период забележувам брадавиците и огрубени ми се, кожата нивна е подебела некако. Стрии досега немам ниту една. Ќе видиме натаму. Сепак, се е индивидуално...
Од среќните си, ќути таму Мене ме болат градите, ама промени нема засега, ни во боја, ни во големина. Првата бременост морав нови градници да купувам некаде после 25 недела, за 2-3 броја ми пораснаа дефинитивно.
@Larahappy Уште се мислиме за име, а еве веќе при крај. Баш и пишав вчера во друга тема, ајде и тука: Софија, Евгенија, Бисера или Илина што мислите? Многу сум неодлучна во последно време.