Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    немој да ставаш име според празникот кога ќе се роди. Овде на форумов само ќе те изругаат ако прочитаат. @Cka ќе ти разјасни убаво. Како мене што ми појасни.
     
  2. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Да беше кај мене женско ќе се викаше Софија. А машко е и искрено немам идеа никаква
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Се само се премислувам. ММ и син ми се повеќе за Софија, мене некако поубаво ми е Бисера или Евгенија, ама и Софија ми е убаво. :)
    За син ми откако се роди по 2 дена се одлучувме :) Се надевам сега побрзо ќе одбериме.
     
  4. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.913
    Допаѓања:
    142.622

    Софија и Бисера ми се многу убави имиња. Ако беше женско, кај нас ќе беше едно од овие имиња.
    @marchi-cool а зошто не се става име по празникот кога ќе се роди бебе?!

    Ние уште не знаеме, мене Петар ми е убаво име.
     
    На koritsaki, Autumn_, Larahappy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    оти јас пишав во темата имиња за вашето дете и лом ме направија. Спомнав за ситуации каде едно дете се роди здраво право и одеднаш почна свест да губи нешто као народов што ја вика падаќа болест. Едноставно од ништо си паѓаше детето во несвест. Па лекари па испитувања и секогаш резутатите излагаа супер дека на детето ништо не му е. Крајно немаа каде па прашаа свештено лице. Детето се родило на св никола и по нивно објаснување штом се роди на празник се раѓа со име. И дека требало да се вика никола. Е сега на членовиве глуп им е мојот исказ ама секакви има. Не коментирам. Само овде да не те прочитаат,одма ќе најдат причина да те критикуваат и ругаат.
     
    На Larahappy и flower30 им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.157
    Допаѓања:
    137.252
    Пол:
    Женски
    Не дека не се става ама не значи дека мора.
    Мене ми е глупо ко порано шо ставале имиња според тоа кој празник е па се едни исти имиња се вртеле. Ниту па сум нешто побожна да сакам име на светец да ми има детето. Ниту па ми е битно какво е православно, муслиманско, еврејско... сеедно, битно да ми се бендисува мене. Закон на кој какво име треба да му се стави - нема.
     
    На Lianna Anna, Sofi.ja, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.913
    Допаѓања:
    142.622
    @Sesil не ја разбрав на почетокот @marchi-cool т. е. не знаев за што бил муабетот и затоа ми падна чудно.
    Само ќе кажам Господ да не чува и нас и бебињата, никогаш не викај никогаш. И јас според дативе и периодот кога ќе влезам во 9ти имам 2 или 3 празника. И од сега почнаа некои коментари од луѓе дека зависно нели кога ќе се родело да се викало Ѓорги (16.11), Ангел или Михаил (21.11), или Климент (8.12)....
    Мене многу ми се свиѓа Петар, маж нешто не баш. Ама ми влијаат такви коментари, морало на празникот и ме фаќа сафра од тоа:) Ама здравје боже, да сме живи и здрави, само да е се добро
     
    На marchi-cool, Girl-Rabbit и Sesil им се допаѓа ова.
  8. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Каква врска има тоа. Се е желба на родителите. Нема мене некој да ми кажува како да го крстам детето. Убаво е ако се роди на празник име да му се даде според тоа. Сепак е желба на родителите.
     
    На flower30 и Sesil им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.502
    Допаѓања:
    183.990
    Пол:
    Женски
    Име само ако на родителите се допаѓа. Па и да се роди на празник, ако им се свиѓа името според светецот зош да не? Ама не по секоја цена да се стаи име на светец оти баш на празник се родило. Не верувам во болештини настанати од верски причини.

    Иначе, не памтам кога ми стана латина, ама ич не изглеа убаво. :doh: Брадавиците ми потемнеа исто ама што знам, тие не ми сметаат. :D Линеа негра немам.. пазуви ми останаа исти, и стрии на стомак немам ниедна. Ама затоа на бутки добив. :tmi: Може на пораѓај да ми излезат на стомак... :?:
    На стомак само влакненца ми пораснаа и тоа многу ми смета. Се пресрамував на почеток кога одев на ехо, после више гајле ми беше.
    Се се надевам дека ќе паднат откако ќе се породам, да не морам да почнам да депилирам и стомак оти после ќе треба цел живот да праам тоа. (facepalm)
     
    На koritsaki, Starlič, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    Стриите остануваат за век и веков. :worried: Може само да избелат со тек на време. Јас немам на гради и стомак, ама затоа на колковите од страна. Сега, скоро и да не се познаваат. Бели се, а ги добив после втората бременост. По која логика, не знам. Веројатно оти како топка бев, па нагло симнав. :D Засега добро терам и се надевам дека нема да испукам со нови до крај на бременост.

    Сега ми се спуштија многу градите и ми се поголеми од кога и да е. :o Не дека претходно ми беа совршени, ипак, две деца на доење. Ама вакви не ми биле. И мислам дека и тоа останува за стално. :worried:

    Имам линеа негра, негде од 17-та недела се појави и со тек на време стануваше се појака. Црна сум на брадавиците, али тоа не е страшно, поминува.

    Иначе, лицето ми беше катастрофа првите месеци. Ништо не ме оправаше. Сега се вратив у нормала.

    За име, уште не сме одлучиле. Многу тешко ми паѓа изборот.
     
    На koritsaki, Мариаа. и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  11. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште немам никакви реакции на моето тело, уште малку 21 недела фаќаме, ама нема ништо сега за сега. Пеги така по некоја на лице ми се појавија, ништо страшно.. А таа линија на цел стомак не би сакала воопшто да ми се појави хахах
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.294
    Допаѓања:
    28.060
    И ние исто. Машко е, за 2 месеца ќе се роди и немаме име. Ниедно машко име не ми е посебно убаво..
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов у мислењево. И мене ниту едно не ме бендисува. За женско имав смислено.
     
    На mal.ecka и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.294
    Допаѓања:
    28.060
    А за промени на кожа, брадивициве многу ме нервираат што ми потемнеа и ми се зголемија...:doh: Други промени немам, ни линија на стомак, ни стрии (сега за сега).
     
  15. *Dariceto*

    *Dariceto* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2019
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Слушнавте сега на алфа на вести кажаа ослободување на трудниците од работа изјава од министерство, ај може ке одмориме некој ден домче под клима инаку ова не се издржува
     
    На Larahappy, Sexybaby86, Girl-Rabbit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
  17. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Имам линеа негра и темни брадавици, друго засега немам - 28+ сум. Лицето го кријам од сонце зашто обично многу брзо ме фаќа боја, а на моја братучетка и се појавија многу лоши флеки од сунчање во бременост на лице и никогаш не и се повлекоа, па од пусти страв не сум седнала цело лето боја да ме фати. Имам фобија од стрии па само се мачкам, а во кревет сум цела бременост и веќе имам качено околу 7.5 кила и многу ми е страв да не ми излезат стрии. Ќе продолжам да се мачкам и со Господ напред, да се надеваме на најдоброто.

    Меѓу другото, приметувам дека имам доста топчиња, грутчиња на градите :| Читав по интернет дека било нормално во бременост поради сите збеснати хормони ама сепак ми е шубе. А правам ехо на гради редовно, особено дур траеше оваа битка со вештачки хормони и стимулации и се беше во ред на последното ехо. Сепак ми се језиви кога ќе ги напипам, се на најлошо ми одат мислите :?:
     
    Последна измена: 8 август 2019
    На Lianna Anna, Girl-Rabbit, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    истото. Само едно ми е така ок ама не можеме со маж ми да се спогодиме.
    Инаку кога сме кај промените на телото @Yowannty досега штом немаш стрии на стомак не верувам дека ќе ти излезат. Користи маслиново масло најдобро е. Јас од сето ваше наброено само тоа линеата ја немам,ни со првото ја имав ни па сега.
    Инаку имам едно прашање околу царскиот,кој може потазе породена да ми каже,хоризонтално или вертикално го прават резот сега? Мајка ми двете не роди со вертикален рез јас сум породена со хоризонтален рез,ме интересира доколку не можам природно да знам како ќе ме сечат.
    мене супервизорката ме ослободи уште од 01.08 нели дека 2ри неработен па од 5ти до 9ти имаме колелтивен таа ми продолжи до 15ти со тоа што на 16ти треба да и однесам отворено боледување.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Бисера ми е убаво. Ние сакаме Јана уште дечко и девојка кога бевме. Но ми се допаѓа и Ника
     
    На Magic13 и flower30 им се допаѓа ова.
  20. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Јас изгледа ќе си ги одам тие денови на работа, овие тука наудрени се прават... ;(:sweat::@:@