И кај мене сите си ќутат, ама се мислам утре сабајле маил да им пратам дека не одам ради препораките. Кај ден боловање не сум земала, сите прегледи ми се попладне, стварно може дома да останам на плус 50.
Мир да се немало, животот ми се скрати денес. Генерално имам лесна бременост и покрај тоа што е близначка. Очекував потешко да е, ама фала му на Господ досега како по книга оди. Незнам од каде денес излезе една мала, минијатурна капка, не беше ни капка тоа, на гаќи, розеникава крв. Се бришам, многу малку, сосема оскудно црвено. Се заледив. Болка никаква. Му ѕвонам на мм, за 1 минута стигна дома и правец кај матичната. Моиве палавковци толку мрдаат што најверојатно е некој прснат крвен сад. Едното бебе буквално како бикче со главата удараше во плацентата. Плацентите не се одлепени, бебињата добри ама јас жени умрев и оживеав. Ме боцна и со депо. Исто така рече дека може и од аспиринот да е. Од тогаш нема ништо, ама нели јас го окркав стравот до бескрај... Прв пат ми се случува, во рана бременост немав вака, сега во 6 месец незнам од кај испадна. Многу, многу се исплашив. Тешко чувство. Планирам некој ден да одам до кај мајка, ем таму ќе ме буцка и нема да ги симнувам моиве скали, ем ќе се разгалам малку
@bela.m и моево е така залепено до плацентата и доле ниско го осеќам. Јас сакав да речам ако ставаш Утрогестан да не си се гребнала, од тоа да не е, ама ти кажала докторката. Ајде сега лежи малку, одмори и опушти се. Со бременостите какви сме, само стравови и нервозо. Ама ајде, само да е се добро со бебенцата, ќе заборавиме после(ако можеме де)
Мене до сега неколку пати така ми се случи, и на секое одење на дежурен(као за беља се навечер или попладне беше) немаше ништо страшно, се си беше ок. Ама пусто стрес, не можеш а да не отидеш.Така истерав, сега сум 37+2.
Флауерке не ми е од Утрогестанот бидејќи го ставам навечер пред спиење, а ова ми се случи околу 15 часот. Моиве се горе, во ребра удараат, ама едново буквално со глава во плацентата мава. Ма нека мава каде сака, само да е добро... Ме измори стресот.. Како ваљак да ме прегазил. Само се молам да ми се добри бебињата, само тоа...
Нормално друшке, не држи кожа. Какво седење дома? Јас од вц одма кај матичната. А среќа пред тоа се миев и менував веш, па не губев време за тоа. Фала ти за споделеното искуство, позитивно делува бидејќи веќе сте стигнале до безбедна зона
Добро, битно се е добро. Јас многу добро те разбирам за стресот(ве отеков овие месеци со тоа). Ама и на сите им викам- се ќе издржам, ама тој страв и стрес заради болки, крварења, контракции и др. Тоа ми паѓа најтешко. И едвај ги чекам прегледите да слушнам дека се е добро, па бар ден - два да се олабавам
^Абе јас во понеделникот бев во Ремедика на контрола. Се океј. Си реков да издишам малку... Докторот ми рече да прошетувам повеќе оти знае дека дома сум затворена. Планирав да си се дотерам и да мрднам барем еднаш После овој стрес... Аааа не. Ќе си квачам дома по хеланки и маица и реп на глава.
Женички како сте ? Дали носите секојдневни влошки, денеска случајно дознав дека биле и тие штетни, па сакав да ве прашам дали носите вие ?
Девојчиња,дајте столче и за мене Мислам дека ми е време да ви се придружам.Ептен сум тазе трудница,терам 6 та недела,а следната здравје сум на прв преглед и се надевам дека се ќе е во ред. Не сум уште ни сама свесна,а и психава не ми баш наклонета откако ми потврдија бременост.Си правам параноични сценарија во глава,од немање срцева акција па до спонтан.Жими се не бев ваква. @crazylady јас носам секојдневни постојано,морам бидејќи ставам Утрогестан три пати дневно,не можам да шетам така со мокар веш. Сакам да ве прашам колку кафе пиете? Јас од две,преминав на едно дневно,сегде прочитав дека кофеинот е штетен,навлага преку плацентата и знае да предизвика контракции... Име за машко имаме,иако потајно сакам да е женско,не знам зошто
Welcome драга, и тука ќе си се дружиме И јас вака како тазе трудница немам баш друштво Кафиња пијам максимум 2 дневно, а неретко и само по едно, кога како До 2 можеш слободно да пиеш, така ми рече докторката
Добредојде мила многу се израдував за тебе ,без такви мисли ќе истуркаме сите до крај ќе си се гушкаме со нашите бебушки.Ти посакувам лесна бременост
Чао друштво Жешкооооо,не се трпи Ве изначитав. Сте збореле за стрии и пигментација на кожа. Епа јас стрии по цел стомак имам на цело мачкање со свашта,на други места не. И брадавиците заедно со вагина ми се црни ако останат вака ќе си плачам Имам и линеа негра што се појави уште пред неколку месеци ,само што сега е и она многу потемна. Иначе само што се вратив од долга прошетка,се препотив Утре сабајле сум на преглед ,за прв пат ќе бидне и прегледот со рака и договарање за пораѓај. Терминот е понеделник ,па да видиме што ќе каже докторот.Вчера кога бев на цтг беше мирно. Се заборави синко Секој ден се поголеми болки имам,цело тело ме боли. Многу ми е тешко,одвај чекам да се олеснам.
Мариче кога прочитав чао друштво, реков отиде да раѓаш )) не се плаши од прегледот со рака, гледај само да бидеш што поопуштена, јас минатата недела јадев една рака, и да ти кажам не беше толку страшно само што не очекував па се збунив малку. Иначе на сам пораѓај, за тие што се природно од искуство ви кажувам таков преглед на 10 мин. Важно е да сме мнооогу опуштени, да не се стегаме и да сме што поспуштени со задникот надолу на боксот. Така малку ке си олесниме себе си. Ај нека ни е со среќа на сите, и лесно и брзо да завршиме работа.
Не бе срц,ја ќе раѓам со тие од нареден месец како тргнав Јас повеќе се плашам од што сум читала за преглед со рака,ама ако не е толку страшно ќе издржам
Добредојде и со лесно . Не се секирај за паранојата, мислам дека сите сме исти. Јас од прва забременив, се е во ред цела бременост и пак пред секој преглед имам тахикардија зошто се плашам што ќе ми кажат. Прашај ме за која недела колкав е ризикот од спонтан, се знам од што читав свашта. На главен скрининг Димчев ми рече, абе бебето е супер, ама ти кај и да е ќе ми се изгубиш Така да совет нема, мислам дека е нормално да мислиш свашта, ама пробај и да уживаш. Јас сум 28ма и некако сега се опуштив дека ако треба нешто да се случи, ќе се случи и дека некогаш не е до нас. Ама се ќе биде супер, ќе видиш .
Абе така ако гледаш се е штетно. Што вика другарка, напи се витамин ц, ќе се најде некој да каже дека создава камчиња во бубрези, не треба да се пие Јас носам цело време дневни влошки.
Штетни се ако не ги мењаш често инаку немаш мака, па зар на работа ќе носеш куп гаќи за да мењаш постојано. Јас дека со преобилен исцедок сум цело време нема шанси без влошка да поминам, еднаш забораив и останав без панталони, плус што не приметив на време па прошетав со подбелени панталони @dunika Welcome ДунаФче! Сите сме параноични, кој помалце кој повеќе, ме срам да кажам шо се ми има низ глава поминато ама ќе биде се добро
@Мариаа. Јас исто многу му се плашев на прегледот со рака и си го добив уште кога бев 7ми месец Инаку мене спекулумот за брисеви повеќе ме боли од фамозниов преглед со рака
Ете на вести кажаа дека сме ослободени од работа, и сега да се правам мутава да не идам на работа?? Или да бидам проста и да одам?? Вие што ќе правите???