Јас сум на клексан и аспирин уште од пред трансфер и еве 28 недела терам уште со двете. На последниот извештај од трансфузиолог (др Јани) ми пишува да прекинам аспирин после 30 недела, а клексан да терам.
Ја еве у болница. 3 прста отворена,ми вика бирај сакаш тука да те задржиме ,викам не дома идам ќе си чекам у кревет Прегледот и не беше толку страшен,ама прокрварев иако др ми кажа дека е можно да има крв. Се испаничив малце И сега така....ќе си чекам
Да ве прашам, може нагон за повраќање да имам од ниско железо? Пред 1,5 месец испитував и беше добро. Сега дека лежам, овие 3-4 дена имам нагон за повраќање, тахикардија и малку и ми се врти
Не, не пијам ништо за железо. Примам друга терапија(Еутирокс, Верапамил, Дабростон, Утрогестан, Магнезиум, Бедоксин и Премама Дуо). Тогаш ми рекоа добар ми е хемоглобинот и дека не треба ништо да пијам
Jas gi primav kleksan 9 meseci i mi gi prekina den pred carski i potoa pak prodolziv uste dve nedeli sosema se bezbedni uzivaj
А од овие Премама? Тазе ги пиеш или од поодамна? Јас во првата бременост ги пиев, многу ми се повраќаше од нив. Види...може и да е до горештиниве, ништо чудно. Не излегувај, лади се дома. Сметам дека вртоглавиците и нагонот не се ради ниското железо, но тахикардиите се. Цел живот сум слабокрвна, веќе свашта сум прошла
Второ пакување пијам од нив, до сега немав мака. Не одам никаде, само дома сум. Ама може и од жешко што е, не знам. Ќе видам од понеделник една крвна слика да направам, да проверам како е железото. Фала ти @Мариаа. Ајде со лесно, почнува процесот. Мене со 4 прсти ме оставија во болница. После брцни рака еден брцни друг и провокација и се породив попладнето.
Ти благодарам за споделеното искуство уште ова, дали царскиот ти беше однапред закажан, стравувам дека можам да се породам со се примен клексани, а читам дека ги прекинува ке еден два дена пред пораѓај. Дали може да толку да се испланира пораѓајот.@Мариаа. Ситно броиш, со лесно и со среќа, да помине се како што треба.
ајде со лесно,јас понеделник на цтг и на одделение. Ќе се дружиме. и јас минатава ноќ така ја поминав. Ни спиев ни будна бев ни дремев. затоа сега сум ко гром да ме удрил. Мавнав кафето се надевам ќе профункционирам. Да ја издржам жештинава и депресииве кои деновиве ме зафатија. а и домашни обврски.... Сила - нула. е и јас така,ама видов дека не било така ко што сум мислела. Еднаш па маж ми ме праша ( тогаш бев бремена со првото) не ти е незгодно долу ко ќе те чепкаат? Јас сирота.... што да му одговорам кога се знае дека се мора така. Ама што да правам. Инаки без разлика каков пораѓај ќе се има потребен е тој преглед.
ќе јадеме мекици со лесно. да не чекаме да почне школскава година. Да го фатиме крајов од летово со мекици. Јас знаев дека таа ќе ни биде прва
Јас почнав со клексан ,а со аспиринот ми рекоа да го прекинам. Да се придружам во клубот на Миле Паника синоќа како и сите вас само 2ч спиење,се будам во 2часот жешко испотена станувам на пижама се гледам кај градата мокра се преплашив , си реков нормално ли е ова течност да имам во градите,300 прашања во глава читам на нет за 22 недела пишува дека се создават млечните канали. Уште рано сабајле и пишам на докторката да се пожалам добив одговор дека е нормално се спрема за доење,јас пак се запнав а нели е раноо
а јас не само што дојдов на работа, туку си бев и на гинеколог, па брисеви ми зема докторката мн.беше језиво, па ајде по тоа топло до клиника јас да ги носам брисевите ама се ќе се издржи, само Господ да не чува сите и да ни даде здрави и живи бебчиња а на мајка @Мариаа. со лес, чекаме мекици
Да,јас ги примав цела бременост и уште еден месец после породување.Немаш потреба од паника,ти имаш димери високи а јас имам генска мутација.Кај мене беше поголема шанса за обилно крварење него во твој случај.Слушај трансфузиолог и не се плаши,примај ги слободно .Кога ќе отидеш на пороѓај ќе си однесеш извештај и ќе кажеш,а у случај да добиеш болки а време ти е за инекција скокни ја.Со лесно
Девојки дали некоја од вас пиела или пие антибиотик??? Јас сум 16та недела и поради болно грло и опасност да дојде до гноење докторката ми препиша антибиотик (кој не ја поминувал плацентарната мембрана) Се чув и со гинекологот и он ми рече дека смеам ама пак и со вас да се советувам за искуство???