Како сте мешиња, како се справувате со жештиниве? Јас под клима од сабалје, не се диши некако.. иначе не знам од како сум бремена многу сум емотивна и пред тоа али сеа ептен.. некој нешто да ми рече мислам веднаш почнувам да се секирам, да се нервирам па и да плачам.. шо ке се прави вака со мене нз.. знам дека го секирам бебушот и се плашам за него сакам се да биди во ред али и ова е посилно од мене неможам да си ги исконтролирам емоциите.. @Мариаа. со лесно и набрзо да се гушкате со бебушот
Добар ден и од мене женски само да ве поздравам мене ми се спие ми се плаче , се разбудив во 5 часот сабајлето па "дежурав" до 7, дали дека вчера се прејадов кифли , саламишта и сл па хранава мислам во грло ми стоеше , мислев секој момент ќе повратам па потоа сум заспала некако до 9и15 спиев. И ај ко демек ќе прошетам само низ населба , па отидов пешки дури до Центар по тоа жешкото. Се вратив, се бањав и сега под клима седам. @dunika добредојде да ти посакам и овде кафе на почетокот не можев да смислам , ми сметаше мирисот , а мене и таква ми е работата со кафиња, па помина и негде од 5ти месец 2 пати дневно пијам @Мариаа. ајде со лесно женска , чекаме новости
со нас како за посигурно мајка ако ти викаат двајца доктори дека не е обасно, значи не би требало да грешат, јас фала богу не сум пиела антибиотик но само што забременив настинав, имав страшни болки во грло една недела, пиев постојано чај, супа, лимони, цитрони и прополис ставав капки дирекно на крајник и мед природен обавезно под јазик.....успеав со овие работи да се излекувам, но индивидуално е кај секој, секако ако има веќе загноено земиси ги антибиотиците.....со помин
Мешиња, некоја вработена во министерствата, да каже дали ги ослободија од работа? Од кај мене абер немаат...
Јас од сабајле аспирин а навечер клексан. После во 11та недела дознав дека едно од близначињата престанало да се развива и по испитување на д-димери и хемостаза ми дадоа да пијам секој втор ден аспирин и навечер клексан. И неделава бев на редовна контрола на трансфузиолог и поради зголемени времиња на хемостазата ми даде два пати клексани и на три дена аспирин. Вака треба 2 недели па на контрпла. Инаку д-димерите од 511 ми беа намалени на 279. И мене не ми се јасни мн работи но како ќе кажат така. Со лесно ❤️
Предлог убава цуцла за новороденче и шише (да имам барем едно за секоја случајност) и какво да биде стаклено или пластично? Предлог и за бебешка колекција? Совет со кој памперс да почнам?
Цуцли на Tomee Tipee земавме и една од тие зелените силиконски, заборавив како се викаше. Додека ја одвикнав од цуцла само од T. Tipee земавме. Пробавме со цуцли на Chicco не ги сакаше. Шишиња земав неколку, кај нас стаклено на Chicco ни се покажа најдобро. Пластично имав на Tommee Tipee антиколик, ама ретко го користевме, за чајче само. Пелени Памперс од почеток. Имаше период неколку пати и пропуштаа, менувавме со други, ама после пак се вративме на Памперс. Колекција користевме Логона, Мустела, Веледа, пробавме и Бекутан. Најдобра ми беше на Веледа.
Јас сакам да прашам исто за цуцлите , тие Tommee Tippee стаклените шишиња која цена се, каде можам низ Скопје да ги најдам? Јас @Larahappy ќе пробам со Алверде , ќе купам деновиве креми за тело , шампони, и некоја крема со цинк исто така.
Тоа се глупости што ти кажала матичната, баш кога и природно се намалува функцијата на постелката - најчесто тогаш треба терапија, и мене одредени полуучени луѓе ме плашеа за крварењата и слично, докторот ми рече дека крварењата при пораѓај апсолутно немаат врска со инекциите, плус што тие имаат ограничено дејство, се имам изнабоцкано ама колку саати делуваат уште не запаметив, дали 12 или 24, во секој случај ако има страв од инекцијата ќе чекаат да помине дејството па да те породат, ако е итен пораѓај или брз има решение сигурна сум. Згрутчувања ило тромбови во доцна бременост се страшна работа, боцкај си се и не се замарај, знаеш дека со нив бебето успешно се храни. За крварењата сакав да кажам дека може да се случат при секој пораѓај ама најчесто не е ништо страшно
И кај мене не се замараат, и кажав на шефицата вика додека не ми кажат од горе неможам ништо да направам. Се мислев да најдам број од министерство, да се јавам и да им кажам дека воопшто не се грижат за нас.
Абе во маркет работам. Немам врска со министерство. Мислев број да најдам и да кажам мака што имам.. Овде чекаме од директорот да каже дали ќе работиме или не. Ти каде работиш?
Сите оние кои сакаат да пријават непочитување на препораките, можат да се јават во Државниот инспекторат за труд на 02 311 6110 https://mhc.org.mk/news/rabotodavac...Pp4Bxs5Qitgcw-4WPdoJGEnoLuES6iUUR8jjUdzZ91Vwo