Со малата работев,приватно,цело пеколно лето,во никакви услови,со расипана клима. Ослободување немаше. Или иди или не иди. Под неиди се подразбираше одиси дома. Сега сум дома со бебка и баш ми е фино..
Нема да знаат анонимно е, плус не смее да те отпушти од работа за време на трудничко. Ако не сакаш да се јавиш во министерство, јави се во Хелсишнки кажи им каде работиш, тие ќе се јават во Министерство.
Абе тоа што го трубат на тв е за државните институции. Кој од приватњациве ќе превземе таков чекор? Никој! Затоа инсистирајте да си ги добиете правата, никој не смее да го загрозува животот на мајката и бебето. Штом има број јавете си се, ако чекаме совеста да им проработи ехее.. Греота е на жешково ама 100 стапа по туѓ грб ништо не се.
@Autumn_, @srekice ви благодарам за искуствата, мојата матична не е баш неписмена, долги години на Гак има работено, само незнам зошто вака има спротиставено мислење со др.што ке ме пораѓа и трансфузиологот. Штом и вие сте ги користеле, значи се даваат во 9месец, се надевам гинекологот и трансфузиологот знаат што прават.
Ѕвонел маж ми, никој не се јавил. Толку од мојата среќа. Дали е нормално во 21 недела толку многу да го чувствувам бебето? Претежно кога седам или лежам најмногу го осеќам.
Не е точно, јас сум во министерство, ниеднаш досега не сме биле ослободени, ни загаден воздух, ни пеколни температури ги тангираат. Во приватно барем може да зборниш со шеф, јас кај министерот не можам да влезам фала богу. Има и лоши услови на приватно не велам не, ама мои познати вработени во осигурување, финансиски линизг, па дури и фабрика се веќе ослободени, на секоја препорака .
Зависи од институцијата, кај нас при екстремни температури ги ослободуваат трудниците и тие што се пред пензија. И зима и лето. Јас сум на боледување ама има и други трудници кои не се, а се ослободени од работни ангажмани. Зависи каде, ова така ќе му дојде.
Не мислев да ја навредам твојата матична, многу добри доктори не ги знаат бенефитите од инекцииве зашто не работат конкретно со стерилитет и ризични бремености, заради вакви доктори, крајно искусни но не токму за тоа што мене ми требаше ја имав мојата прва загуба, инекциите за нив немаа врска, во твојов случај било касно за инекции... затоа емотивно настапив на твојот пост
Добар ден драги трудници, јас цел ден сум некако омалаксана, како без енергија се чувствувам, на работа, едвај функционирам по цел ден само ми се спие, а денес приметив и нозете почна да ми отекуват. Вие како сте ми? Јас сум 15 та недела, некни ми потврдија машко ќе биди, ние сакавме женско ама нема врска да е здраво и живо е најбитно...... Пиете ли доволно течности? Како се справувате со жешково?
Иста сум и јас, омалаксана, многу ми се спие.. само гледам да легнам.. Течности пијам, поточно повеќе вода.. Нозете не ми отекуваат, само ме болат од многу стоење. Јас сакав машко, ама ќе си имаме девојче. Нека ни се живи и здрави.
Бев на контрола, генерално е океј сѐ, ама грлото и на сето лежење 3см во 28 недела, па Ивановски сака да бидеме спремни на сѐ и ми рече да примам инекции за зреење во 30та недела за да бидеме покриени ако реши малото да искача пред време. Немало штета од нив никаква и ако сепак тераме до 36 недела. Ама ова ме натера да се замислам малку и да убрзаме со другите работи... до сега ми беше шубе ама очигледно морам да почнам да гледам бебешка опрема зашто ако реши да излезе пред време, апсолутно сме неспремни. Па, кажете ми што ми треба основно за старт: количка знам, транспортер, креветче, душече. Мислам на крупниве работи што треба да се купат. Комода за пресоблекување, кадичка за бањање... Што друго?
По мене количка и креветче, најпотребно, се друго е од корист но не е неопходно. Наместо кадичка може коритце, па ке го користите подолго време. Оваа недела 28-29 е ни ваму ни таму, штом ке примиш флостерон, одмарај ги колку што можеш. После 30 недела веќе се е полесно. Можеш овие обврски со купување тогаш да ги направиш. Поздрав и секое добро.
А дали Флостерон беа тие инекции што се збореше овде дека откако ќе се примат следните 48 часа бебето не мрда многу или тоа беше за некои други? Не знам како ќе издржам да не ја осеќам 48 часа да не мрда, ќе ми препукне срцето од страв.
И мене ми се спие цело време, ама не спијам повеќе од порано, со свеки коа живееш ... Со жешково секогаш тешко сум се справувала, гледам да не поминувам време надвор. Исто и нашето е машко, а сакавме повеќе девојче. Нозете отекуваат од седење многу забележав, ако прилегнеш ќе спласнат. Ќе издржиме уште неделава ајде после ваљда ќе пушти времето
Јас сум скоро 14 недела, забава имам во мешево баш во моментов, прв пат вака ги осеќам, неописливо чувство, дај боже секој вака да се радува....
Тие се, само што не значи дека кај сите е така, јас немав такво нешто, и по флостеронот се си беше исто со бебушот.