Се уклучив да видам @Мариаа. До каде е ама од неа абер нема. Ваљда веќе се пораѓа јас штотуку се вратив од продавница купував комплетче за бебко за од болница,ама 8 сатот а надвор 30 степени... прецркав. Чекам да подзалади не можам да издржам веќе,вистина дома сум ама жешкото е жешко секаде
И @Yowannty ја нема Ајде само со лесно да ви е, на сите што сте на редда помине пораѓајот брзо и лесно.
Е фино одбраа @Мариаа. и @Yowannty да се пораѓаат на 42 степени. Да не биде досадно, да имаат интересна приказна за внуците . Женски со лесно!
Ма и ја ѕиркам цело време да видам нешто ново од Мариа дали има. Ќешки и ја да се пораѓав, ама мојава тешко дека ќе излезе до последно. Осеќам ќе ме држи до крај и на 17ти како што ми кажа докторот ќе одам со провокации.
I jas primav fraksiparin do samiot kraj na bremenost I tri nedeli po poragajot oti ddimerite mi se kacija po poragajot
Тука сум и јас, ситно броиме, намалено грло на матка, водичка помалку, али бебе е во топ форма, да не го пререкнам. Притиска по бешика, боли ли боли, се врти, се тегне. Незнам,koga ke почне vodата да се намалува, колку време тоа истекува, 2,3, 10 дена? Inaku sum cela zatnata so caevi, terapija, vitamini, ama ke pomine. Sinko si bira datum za rodenden
Вие што пиете хемовит плус за железо, дали пиете плус витамин ц со нив? Гледам во нив има витамин ц @Septemvri мислам имаше пишано дека пие плус ?
Да да пиев плус витамин ц, така препорача др.само што немаше кај мене многу ефект од нив, повеќе ефект имав од тотхема амп. Ама секој организам е различен, ти посакувам со хемовит да ти се среди железото. @Meckicja се плашам дали навреме ке си ги препознаам предпородилните симптоми, ми е страв да не се боцнам а да почне процесот на пораѓање. Со претходниот пораѓај процесот ми бил веќе почнат ама јас тоа многу доцна го забележа, за моја среќа тогаш.
@marchi-cool @Yowannty Срцки се дотерав и бев на шетња Ме фатија сега некои болки,ама не се нешто јаки. Само што се истуширав,па ќе пробам да поспијам малце.
јас пиев антибиотик и плус инекции на околу 3та-4та недела од бременоста. Најризичен период за ембрионот. Па фала богу ништо не се случи и како пто кажа една членка подобро да се третира одколку да седиш со нарушено здравје.
шишина и цуцли со првото користев на бејби нова а и сега сакам такви да си земам. Имав и стаклено и пластично ама стакленото е подобро хигиенски и полесно се чисти. И јас барам совет со кој памперс да почнам.
17ти е сабота или на 16ти или на 19 ти ќе се породиш не работат за викенд освен ако на бебето веќе не му се здосадило па само да си излезе јас пијам хемовит ама не пијам и вит ц.имало во составот. па можеше така дотерана да им појдеш си го запазува бебето терминот изгледа ќешки да поспиеш,јас синоќа 5пати по пола сат спиев останатото време се вртев и офкав. Денес малку бев загрижена бебко слабо активно и таман помислив да тркнам на одделение нели преку улица ми е во секое време можам дури и кога нема што да правам и баш ко кинисав ете го реков низ папук излезе. Се вратив си легнав и пола саат тегне ли тегне .
Ова закажувањето е уствари преглед цтг? Ваљда може кај било кој гинеколог да се закаже од болницата? (Прашувам за на ГАК) Ние имавме име за женско,имавме желба за прво па женско,ама не се погоди Па така до скоро немавме име,од што се вртеа неколку во комбинација а ни едно не ни беше баш нај. Случајно ѕирнав православен календар за октомври,празници и налетав на Св.Јаков 23 октомври. Мене термин до 15ти. Па му спомнав на мм и он готово тоа ќе биде. Се мислевме меѓу Јаков и Матеј,ама првото победи Да се надоврзам на темите од вчера. Стрии сеуште немам, се надевам нема да се појават, на почетокот повеќе ми се сушеше кожата на стомак , па почесто се мачкав со масло. Сега помалце,па само после туширање знам да ставам. Градите ми пораснаа уште во втор месец,а како одминува бременоста така стануваат се потемни и поголеми аеролите. И не е толку тоа проблем ,колку што се плашам дали ми се доволно големи брадавиците,дали ќе може да фати бебко... Линеа нигра од скоро почна да ми се појавува,некаде после 25та недела, читав дека има врска со тенот, јас сум бела,кај мене е бледа и ја има од папок надоле и малку над папок. За "другарка" немам што да кажам,ја ѕиркам на огледало кога се средувам,потемнета е малце Сега да ве прашам за отоци. Од прес некој ден ги приметив прстите на нозете како здебелени и непријатно чувство кога газам. Спомнав пред свекорот,вика кога се отечени нозе се гледа кај глужд,не ти се. Вчера цел ден бев на нозе,денес мислам прстиве ќе ми пукнат,а веќе и накај глуждот гледам малку оток. Кога газам веќе 2-3 недели ме боли долу стапалото како на сликава: Ако има некое чаре пишете...може влијае топлово,може треба да внесувам повеќе течности,да не треба некоја терапија? 30+ сум @Мариаа. стискаме палци
И моите нозе почнаа да отекуваат и во прстите и во глуждот и кога газиш ма истото место како сликата како да ти трпнат такво некое чувство денес не правев ништо посебно ама најверојатно од жештината.
@Sofi.ja Ист проблем имам со перничињава на стопалата неможам да газам, исто од внатрешна страна на дланките и тие како перничиња под прстите ме убиваат неможам врата да затворам Мене од скоро од 36 недела ми се симптомиве...Сигурно се некои отоци од топлово
Јас со работа сега седнувам. Трета смена да запазам, да не ми пишите - минус. @Мариаа. Јас мекици сакав да спремам,а ти се шеткаш дотерана. Сега те мислев, ама ајде кога треба ќе биде само со лесно. Другиве сеуште ништо, мислам и рано ни е, некако истрчавме. Мене синко во оваа 37+2 роден ми беше и мислев ова порано ќе биде. @marchi-cool и јас така ја осеќам бебка. Некогаш со денови растура, а некогаш како синоќа толку беше мирна дури не можев ниту да ја напипам, како да ја снема. Од кожа се извадив, кога кај 5-6 часот се јави со турболенции. Душа си спиела, а мама нерви кинеше. @The Unicorn , и јас земам хемовит плус и тоа 2 пати, ама еднаш ц витамин од 1000 обавезно ми рекоа. Таа доза во нив била мала. Па девојки, да се обидам да заспијам, зошто утре пак турбо.